Илуминати

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас друго прашав. Како е тајна ако се збори за тоа? Исто ко да ми кажеш дека вредноста на едно евро е тајна.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Тоа е твое размислување за кое нема да речам дека е точно... не знам што документи и дела имаш прочитано и кои автори, па тврдиш вакви работи.

Сепак тие постојат и СЕ тајни, реков некои немаат ни име и те како влијаат на животот на Земјата.
Може слободно да се тврди дека не постојат, дека се замислени и нивното знаење нема врска - но тоа е субјективно размислување на еден поединец, од некакви си негови побуди за тоа. Ти сметаат луѓе кои се иницирани и кои припаѓаат на тајни езотериски Редови? Ти смета хиерархија? Ти смета тоа што немаш храброст или пак немаш потреба од иницијација?
Не треба да ти смета (shake)

П.С. И јас велам дека не постојат илуминатите за кои се зборува тука. :)

Значи тие постојат и се тајни,а тие што не припаѓаат може да плетат разноразни приказни за нив и пак да останат со прстот во уста,додека оној што припаѓа стои во тајност и молчи зо што не учествува во дебати за истите,а ако го прашаш ќе ти каже дека не постојат.Така? :zelen

Прво,не ми сметаат луѓе кој се иницирани ниту имам против нив ништо,тоа е нивни избор.
Второ,мене не можеш да ме уловиш со некаква мистичност,тоа можеш да им го продаваш на други и истите да ги ловиш по принцип на иницирање.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

За второто: не те ловам со никаква мистичност (мистицизмот е опасна патека и не многу потребна, неа ја раскажуваат неиницираните, за кои се е мистика) - јас само кажувам како иде со овие тајни Редови, илуминирани, илуминати и слично по мое видување. Не сум јас Артемида а ти некоја шумска животиња па да те ловам! Иницирањето е врската со тајните учења! Не секој е спремен за тоа! Многу се повикани, малкумина избрани од тие уште помалку ќе издржат!

За првото: Оној што е инициран молчи за тајните и практичното знаење, но слободно може да учествува во дебати и да зборува како сака и што сака :) Се додека не забега со премногу инфо кое не е потребно во дискусијата :D Така да, тука сме :) Да си правиме секакви муабети за илуминатите, кој како сака :D

И да, се сложувам дека никој не може да забрани никому што сказни да раскажува за езотериските тајни пракси, дури е и полезно ако ме мене прашува некој, да се плетат сказни за тајните Редови! (inlove)
 
Месечино моја,па ти навистина мислиш дека просветленост постои штом си се иницирал во некоја тајна организација.ццццц.

Тајна,сокриена организација која е далеку од очите на обичните смртници да спрема поедици кој се ослободени од ревно верување,со проширен видик на животот во кој составен дел е духовноста,да бидат духовни двигатели со што од сенка би ја креирале судбината на лугето,потвесно нудејќи им избор по патот и верувањето кој тие би го одбрале.

"Просветлени" егоисти,ништо друго.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Lena

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Ама тоа е твое мислење бре човек. Што ме мене цитираш :)
Ти реков ти не си цел на муаебтот ниту јас...
Илуминатите се... тие што покренаа лавина во XVIII век :)

Не знам зошто ме заморуваш мене со твојот став за иницираните. Ниту ќе станат тие неиницирани, ниту ќе спречиш нешто... Додека не станеш инициран не знаеш како е. Ниту познаваш иницирани ниту ништо. Све ти е од по нет собрано (ако е собрано). Зборуваш на памет, и испаѓа дека ти си егоист и имаш проблеми со луѓе кои се иницирани! Иако велиш дека немаш... како може за некој да велиш дека е егоист а не го познаваш ниту делата ниту намерите? :)

Што ме заморуваш со твоето незнаење, не знам навистина :)

Муабетот јас што го започнав е да се тргнеме од таа постојана приказна илуминатите сатанисти и зло, и постојано едно та исто - прераскажувана сказна од некои ревносни христијански секташи кои зборуваат сешто во своето бунило, а другите во своето незнаење и мрза повторуваат ко папагали по нив! :)
Да не знае човек што е полошо: секташи или мрзливи и дрдорливи луѓе кои повторуваат она што од прва ќе им изгледа ок во умот!

Тоа ми беше целта... иако пак за некое време ќе се врати муабетот на тоа... бидејќи, кој има време да истражува? :D
Гладен стомак и отсутво на секс и љубов не дозволува човекот да истражува - нормално!
 
Месечино моја,зошто ја искрши тастатурата објаснувајќи го мојот пост во кој дадов општо мислење за тајни друштва.
Не ми беше поента да те навредам со моето незнаење или може те навреди што предходно кажав дека немам ништо против иницирани во такви друштва,а подоцна кажав дека се "просветлини " егоисти.
Па нели знаеш дека егото не исто што и оној кој го љубиме,да беше така сонцето во истиот момент ќе згасне ако се возгордее поради тоа што дава светлина .Месечино моја!:D

Што се однесува до илуминати,па и други тајни друштва,се тесно поврзани со моќ од материјална природа,така што духовноста им стана алатка со која се манипулира рајата,се со цел да ги прикријат своите намери за зголемување на богатството.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Што се однесува до илуминати,па и други тајни друштва,се тесно поврзани со моќ од материјална природа,така што духовноста им стана алатка со која се манипулира рајата,се со цел да ги прикријат своите намери за зголемување на богатството.

Сосема неточно.
Уште едно твое тврдење без да имаш искуство во врска со овие работи.
Исти сказни постојано.

Духовноста е алатка на Црните! Оние кои ве убедуваат дека нема потреба од просветлување, искуство, туку само слепа вера, кои ве плашат со сказни откако ќе исчезнете од Земјата :) Не е тоа дело на Илуминатите и тајните Редови! Тие се тајни заради Црните и нивните подмолни игри, да не заборавиме историскиод кога започна повлекувањето во тајност. Денес што и ти знаеш, е бидејќи го сменија времето... ослабна моќта на Црните и нивните манипулации со вас... Доста бевте бедни и доста чекавте царство кое што не доаѓа!
Прочитај ги документите кои се и што се Илуминатите и нивната илуминираност, не збори на памет или собрано од нет инфо, глупо ми е да те поправам.

Парите доаѓаат и си одат. Ако имаш моќ да управуваш и да одлучуваш за иднината, материјалното не е проблем. Непотребно е сето тоа...

Но секој суди според своето искуство нели...
Ако мислиш дека се е врзано со парите и богатсвото тука, ок :)
Нека ти биде така...
 
Бидејќи се изјаснив дека просветлени не постојат,значи дека јас сум од Црните?:gjavol
Еден од трите мудреци опишани во некој книги.
Морам да признам дека сум се прелажал,вие во тајните друштва навистина станувате просветлени.(facepalm)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

Што мислиш со „ослабна моќта на црните и нивните манипулации со вас„?
И што подразбираш под ВАС? Обичните луѓе?
Зарем треба црните да се моќни?
Каква е таа класификација која овде ја правиш Хептаграм?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Што мислиш со „ослабна моќта на црните и нивните манипулации со вас„?
И што подразбираш под ВАС? Обичните луѓе?
Зарем треба црните да се моќни?
Каква е таа класификација која овде ја правиш Хептаграм?

Таа класификација која се води зад завесите и која е помоќна од секоја партија, систем и уредување познат на човекот.
Му доаѓа како сказните за дуалноста во светот, но сепак доаѓаат од еден извор и една точка но се делат малку повисоко во хиерархијата во зависност од ... од сржта на иницијантот, неговата волја.
Се е небитно во однос на оваа класификација! (тука не зборувам за Црната Школа која е извртена од страна на оние Црни што ги спомнав погоре за нивните цели, иако денес се враќа полека во нормала сето тоа , незнањето и неискуството се победуваат со малку поотворено играње, бидејќи има една нова теорија дека и селанецот може да биде добар магичар, не само аристократијата).
Ме разбираш нели...
Бидејќи се изјаснив дека просветлени не постојат,значи дека јас сум од Црните?:gjavol
Еден од трите мудреци опишани во некој книги.
Морам да признам дека сум се прелажал,вие во тајните друштва навистина станувате просветлени.(facepalm)

Не си ме разбрал!
Погоре види, не зборувам за Црната Школа, ами за Црните Браќа! Има разлика и ќе ја најдеш, пребарај.

Кога веќе спомна Црниот Адепт (ова нема врска со Илумианти и темава по се изгледа, нека одлучи модераторот), еве нешто од моите списи и писма :D

И гласот воскликна: проклет да е оној што ќе ја разоткрие голотијата на Севишниот, зашто тој е пијан од виното, кое е крв на адептите. И БАБАЛОН го успала на своите гради, побегнала, оставајќи го гол и ги повикала да се соберат нејзините деца, велејќи: Дојдете со мене да се исмејуваме на голотијата на Севишниот;

Првиот адепт ја покрил Неговата срамота со покривач, одејќи наназад и беше бел. Вториот адепт ја покри Неговата срамота со покривач, одејќи настрана и беше жолт. А третиот адепт се исмеа на Неговата голотија, одејќи напред и беше црн. И тоа се трите големи школи на Маговите, кои се исто така тројцата Магичари, кои патувале во Витлеем; а бидејќи не поседуваш мудрост, нема да знаеш која школа преовладува, ниту дали се тие три школи една.

И моите зборови се за Црните Браќа, нема врска со ова погоре ( го поставив како реакција на „црниот адепт“ ;) )! Треба цела книга да изнапишеме за да се чепне тој замрсен дел за кој нема потреба да се муабети тука...

И да, не барајте од другите да ја исмеваат својата иницијација и да го исмеваат Највисокото и најтајното! Во своето незнање и неискуство, исмевајте го вие сето тоа, правете го тоа сами и носете си ги последиците... (nod) Какви и да се...
Непостоењето на нештото за вас, негирањето на нештото, не го трга од сликата на реалното постоење, ниту пак дека не дејствува - сето тоа е независно од вашата свесност за истото и како го разбирате истото. Што писмо бидна ова... бреј, книгиште :D