Избор за најубаво милениче (пријавување) #1

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Имавме веќе една една тема за избор на милениче но не ми се допаѓа организацијата затоа сега ќе биде вака.
Правила за пријавување:
- Сликата мора да биде нова и до миленичето да има лист хартија на која ќе го пишува вашиот ник и тоа да биде се видливо на една слика.
-Право на учество имаат сите членови.
-Дозволено е учество на само една фотографија.
-Пријавувањето трае една недела ( до другиот вторник), а гласањето ќе трае исто така една недела во другата тема и ќе може слободно да се дискутира. :)
Кога ќе заврши пријавувањето јас сликите ќе ги префрлам во другата тема, потоа ваше ќе биде да гласате и да дискутирате.
=====>Изборот ќе се врши во друга тема која ќе ја отворам јас преку дадена анкета. Темата ќе биде: Избор за најубаво милениче (гласање и дискусија) #1
Ставајте слики!!!! =)
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Шо бе нема заинтересирани, нема да може да ставате слики од Чика Гоогле штета. =)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LadyInPink

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
па многу комплицираш :D ...имам слики од миленичето...ама од пред некој месец...тоа не се изменило многу исто си е :)
нити има нова фризура нити нов маникир :D
сеа треба да барам апарат па да го полнам пошо не ми е користен долг период...па да го сликам миленичето па да ја акнам сликата :D патешествие...:)

ама од друга страна и те рaзбирам...може секој да акне слика било од интернет или нз шо и наместо ја да победам со моето вистинско милениче..ќе победи некој друг шо ја грабнал сликата од нет :D

здравје ако не забораам...ќе го сликам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Воопшто не е комплицирано. Баш е добар концептот и е фер. Вака барем сме сигурни дека миленикот припаѓа на членот.
Јас ќе ставам слика, само да направам нова и со ливче до него...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Caci

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
4026626_700b.jpg

еве го моето, со слика од 9гаг... со моите нови ленонки ...