Јас го доживувам како Феникс.
Воскреснува од сопствената пепел...
Не може секој да се справи на таков начин, со такви перипетија.
Да падне на дното и пак да се извие до врвот.
Вистината е дека за сите лоши работи кои му се случувале виновен е сам, но кој не прави грешки.
Можеби и во тоа е неговата големина, кој знае.
Ја имам читано Гол човек, ја прочитав во една вечер. Око не склопив до сабајлето....
Многу работи во таа книга те тераат да се замислиш и да се преиспиташ, уствари туѓите грешки и судбини се најголем мотиватор или демотиватор.
Како и да е, мислам дека повеќе од јасно е дека неговото место во Македонскиот шоубизнис, нема лесно а ни брзо да го завземе некој друг, сигурно.
Секоја чест!