Игнорирање

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Мислам дека тие што игнорираат најчето се слаби луѓе, луѓе кои не се доволно зрели и способни за да се соочат со некого во одредена ситуација и да разговаараат отворено за проблемот туку решението го гледаат во бегањето и повлекувањето. Кукавички чин и крајно непочитување по мене. И најчесто истите не те ни удостојуваат со одговор за нивната постапка туку само така знаат да испарат и да ги снема из чиста мира па ти оди тумачи зошто, како, кој е крив, дали можеби ти си згрешил нешто. Се чудиш дали вреди да настојуваш да дознаеш што е во прашање или да си ја задржиш таа самопочит што ти останала и да кренеш раце од тој кој го негира твоето постоење. Како и да е грдо чувство е и ме боли кога некој е нем на моите зборови, ова зборам за блиски особи со кои сум емотивно поврзана, оние другите нема потреба ни да ги спомнувам.
Oд таа причина и јас ретко некого да игнорирам освен ако не ме повредил па да не заслужува ниту муабет веќе.
 
Последна промена:

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133

Нема потρеба од наρедни κоментаρи, подобρо не можеше да се објасни поимот Игноρиρање :)
(y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Нема потρеба од наρедни κоментаρи, подобρо не можеше да се објасни поимот Игноρиρање :)
(y)
Мислам дека игнорирањето ми делува садистички чин понекогаш....макар да знам ситуации кога од кукавичлук и сфакање дека губат битка, одбираат опција Игор.

Ја игнорирав буквата Н во горе наведениот пост....ххаххааааа
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Мислам дека игнорирањето ми делува садистички чин понекогаш....макар да знам ситуации кога од кукавичлук и сфакање дека губат битка, одбираат опција Игор.
Е да и ова може да се земе κаκо опција.. Игноρиρање во љубовна смисла.. Исκено сум игноρиρала на овој начин.. Саκаш да го пρивлечеш се повеќе и повеќе.. Но сепаκ и со оваа опција се боρиш за тој човеκ. Несвесно или свесно се боρиш за неκого со тоа што го игноρиρаш.. И за жал тоа го сваќаш отκаκо κе го изгубиш човеκот......
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Е да и ова може да се земе κаκо опција.. Игноρиρање во љубовна смисла.. Исκено сум игноρиρала на овој начин.. Саκаш да го пρивлечеш се повеќе и повеќе.. Но сепаκ и со оваа опција се боρиш за тој човеκ. Несвесно или свесно се боρиш за неκого со тоа што го игноρиρаш.. И за жал тоа го сваќаш отκаκо κе го изгубиш човеκот......
Обично со игнорирањето кон некоја особа и го будиме интересот повторно, се палат многу на таква тактика...од искуство мое игнорантско, мене ми се вратиле назад, никој не ми ќиднал..:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Priroden

Староседелец
4 октомври 2012
140
95
1,038
(со еден збор девојката е риба на надворешен изглед)
Не бе каква риба :D По некое време дознав дека биле позната фамилија у нејзиниот град, таква била разгалена.
Ја не бев привлечен од игнорирањето, буквално се тргнав од неа кога видов на обична порака дека не ми врати. Немаше постојани обиди за нешто, беше само еден обид, за кој добив одговор после 2 месеци, ко да сум невидлив, a имавме дружење некое. И ова ми беше ко да ме полил со ладна вода некој. :D
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не би рекла баш дека игнорирањето е кукавички чин или некоја слабост...
Едноставно, со некои луѓе си пробал да се справиш на секој можен начин, и откако сфаќаш дека е бесцелно и неефективно, избираш да ги игнорираш...чисто да се поштедиш себеси од бесцелно трошење енергија...
Или некои секојдневни појави кои игнорираат...како ќе се справиш со нив освен да ги игнорираш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and Mnogo Bitno

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Не би рекла баш дека игнорирањето е кукавички чин или некоја слабост...
Едноставно, со некои луѓе си пробал да се справиш на секој можен начин, и откако сфаќаш дека е бесцелно и неефективно, избираш да ги игнорираш...чисто да се поштедиш себеси од бесцелно трошење енергија...
Или некои секојдневни појави кои игнорираат...како ќе се справиш со нив освен да ги игнорираш?
Литл батерфлај во мојот пост мислев на игнорирање од страна на блиски особи, на тоа не можеш да останеш ладен и да ти биде сеедно ма колку и да сакаш.
И по мене да, кукавички чин е, незрелост и непочитување ако таква особа која знае дека ти значи без разлика дали пријател, брат, сопруг , не разговара отворено со тебе туку само бега и го негира твоето постоење и те повредува со тоа. Јас секогаш сум за отвореност, и да е нешто што нема да ми се допадне подобро кажи ми го а не да ме оставаш во прашалници.
За рандом неважни особи пак важи спротивното, и да ги игнорираш ниту тие ќе бидат засегнати од тоа а ниту ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Јас од лично искуство, сум опкружена со тешки карактери и мислам на мои блиски со кои нормално ќе дојдеш во конфликт (помал или поголем), ситуации или муабети кои ќе ме повредат или навредат и фино лепо јас си зборувам се објаснувам пробувам да разјаснам некои работи да излезам на чистина, да доловам некаква поента со цел другиот пат да не биде така ама нема никаква промена во однесувањето на другиот, па затоа следниот пат НЕ, нема да се објаснувам, нема да трошам залудно енергија едноставно гет фак таму и размисли што стори и дојди извини се или повини се...дотогаш си на игнор...некои луѓе едноставно некако мора да ги казниш за да сфатат дека згрешиле и да си ја поправат грешката...со некои луѓе едноставно мора така....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: x2b4y4 and violetmoon

А понекогаш кога си свесна дека неможеш да ја добиеш битката, губиш или не си способна да докажеш нешто и прибегнуваш кон игнор.тоа е тоа кукавичкото.