Зошто романтизираме минимален труд во денешните врски?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во ред но што е она кое првично те привлече кон тој лик?
Gaslighting упатува на психопатија на страна на извршителот, а пошто психопатите имаат нула капацитет за емпатија, не сфаќам како е можно да глумат цело време.

Не знам дали дека имам сосема поинакви искуства не можам да сфатам како оди сето тоа.
Ок, една потенцијална врска се изјалови поради криење на сериозна ментална болест кај жената но тоа и онака беше само можност, којзнае дали ќе се оствареше нешто во реалност ради географија.
Не знам за неа, ама да се надоврзам за себе и зошто ја сфаќам.
Првиот озбилен дечко, врска од година и кусур, си беше социопатче со тапија + сам си веруваше во приказните.
Работата кај нив е што или се премногу шармантни и ти кажуваат точно што сакаш да слушнеш (а верувај, мноооогу лесно им е да се преправаат кога емоциите се исклучени) или пак се вадат на патетика и самоповредување (што беше случај со мојов), па се осеќаш заглавено дури и кога ќе се освестиш дека не штима. Ова беше посебно чудно за мојот 19-20 годишен мозок да го сфати, но после период разделеност, разладив глава и сите работи ми се поврзаа.
Вториот, пошармантен социопат, беше пред 5-6 години, сум ти зборела за него. Е, тој е поопасната сорта пошто знаат да створат убава слика за себе, па кога нема да можат да ја задржат таа маска цело време, тука ти почнуваш да се прашуваш дали е до тебе можеби, што си пропуштил/а, што се сменило и повеќе си фокусиран на тие прашања отколку на булшитот што моментално ти го прикажува пред очи.
Чуден, зачаран круг е, ама тоа е - живееш и учиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

gray jedi

Нов член
15 септември 2021
4
4
3
36
Во ред но што е она кое првично те привлече кон тој лик?
Gaslighting упатува на психопатија на страна на извршителот, а пошто психопатите имаат нула капацитет за емпатија, не сфаќам како е можно да глумат цело време.

Не знам дали дека имам сосема поинакви искуства не можам да сфатам како оди сето тоа.
Ок, една потенцијална врска се изјалови поради криење на сериозна ментална болест кај жената но тоа и онака беше само можност, којзнае дали ќе се оствареше нешто во реалност ради географија.
Семејство.
Сакаше брак, деца, заедница, да патуваме постојано како семесјтво...
Сите тие бајки :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Семејство.
Сакаше брак, деца, заедница, да патуваме постојано како семесјтво...
Сите тие бајки :)
Од одма зборел за семејство? (worried)
Тоа е обично меѓу првите red flags кај социопатите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Семејство.
Сакаше брак, деца, заедница, да патуваме постојано како семесјтво...
Сите тие бајки :)

Сепак треба извесен период за да се дојде до тој муабет, морало да има нешто пред тоа. А и кога ќе дојде до тој муабет треба да постои некаква слика за каква особа се работи, дали има содржина во особата за да се планира воопшто толку ризична ствар како делење на живот заедно и стварање потомство, пример емпатија, поддршка, карактер, лојалност и остало. Претпоставувам дека првично се работело за привлечност преку изглед или?

Пример во мојата најдобра (и никогаш непрежалена) врска, за прв пат некако успат така започнавме упола низ шала демек упола озбилно да правиме муабет за деца после некои пет месеци. Па оттогаш до крајот (кој беше поради скапана судбина, не бевме ни јас ни таа криви што моравме да се разделиме) си направивме филмови :D во случај да успееме со кариерите ќе значеше дека ќе имаме солидни примања па си фантазиравме за најмалку две, а доколку финансии дозволат четири деца, ама ете.........


Од одма зборел за семејство? (worried)
Тоа е обично меѓу првите red flags кај социопатите.

Ми се има случено, во ептен ран период на врска ме извади од памет, мислев дека ме трола ама не...е сега не беше социопатка ама имаше некои нетретирани психолошки проблеми за кои одбиваше дури и да се спомене нешто и најдобри намери беа толкувани како нешто крајно негативно...
Но тоа беше случај кога се излагав ради изглед па после се покајав ама ок, немаше некои последици освен оговарања некои па ум за друг пат беше, дека изгледот треба да не е во топ-5 причини за влегување во врска што се покажа сосема точно подоцна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra