Зошто швајцарскиот кашкавал има дупки
Во Швајцарија, кашкавалот со дупки луѓето не го викаат „швајцарски“, како ние, туку се нарекува Ементалер. Три вида на бактерии помагаат овој кашкавал да расте, а една од нив го јаде и прави дуки во него.
Овие дупки на почетокот се многу мали, но, со самот растење на кашкавалот, како лебо, самите дупки стануваат се' поголеми. Што ќе порасне кашкавалот, дупките односно „очите“ треба да бидат со големина на паричка.
Швајцарскиот кашкавал се испорачува во големи „тркала“ кои можат да тежат и до 100килограми.
Како е откриен отпечатокот на прстите ?
Не постојат две личности со ист отпечаток на прстите во светот, иако на Земјата живеат над 6 милијарди, дури ниту близнаци. Ова револуционерно откритие многу помага во криминалот.
Научникот Nehemiah Grew е првиот човек кој ги проучувал отпечатоците на прстите и има објавено книга во 1684та година. Тоа е околу 200 години пред некој да открие колку е важна таа книга воопшто.
Во 1860тата Англискиот државен службеник William Herschel се заинтересирал за отпечатоците на прстите и открил дека тие остануваат исти за време на целиот живот. Неговите откритија биле објавени во научно списание.
Francis Galton, истражувач и антрополог, направил групирање на отпечатоците според нивните карактеристики.
Полицискиот службеник Edward Henry го употребил овој систем на групирање за да креира подетална класификација објавена во 1900тата.
Следната година во 1901, беше основана првата канцеларијата за отпечатоци на прсти во Велика Британија, сместена во Скотланд јард.
Отпечатоците биле земани и чувани за евентуално откривање на криминал.
Во 1905 отпелчатоците на прстите за прв пат биле употребени за расветлување на случаи на убиство и кражба во Лондон.
Оттогаш. отпечатоците се употребуваат во целиот
свет како доказ за некој криминал.
Francis Galton на почетокот мислел дека отпечатоците на прстите се знак за нечија интелигенција. Неговиот систем за класификација ја мерел интелегенцијата - но потоа тие се употребуваат за откривање на криминалци.
Зошто кавијарот е толку скап?
Уште од античките времиња, кавијарот се смета за најхранливиот, најдобриот и највкусниот дел од рибата. Постојат повеќе видови на кавијар, но повеќето вистински кавијари се произведуваат во Русија и во Иран од риби од Касписко и од Црно Море.
Најдобриот кавијар, белуга, се подготвува од големи црни или сиви јајца; свежата белуга е релативно ретка и затоа е скапа. Се добива од три вида риба и тоа белуга, осетра и севруга или од лосос, пастрмка и американска есетра. Кавијарот од белуга е најкрупен, има боја која варира од светло до темно, додека од осетрата е темнокафен до златен и има вкус на орев, додека кавијарот од севругата е најситен и има зелено-црна боја. Интересно е дека кавијарот се добива од живи риби, бидејќи, во спротивно, би имал горчлив вкус. Помалите видови се од помали, погусти јајца. Во САД, икрата на лотосот и други риби понекогаш се продаваат под името кавијар.
Кавијарот е особено богат со масти и голем број на калории. Содржи 75 проценти лецитин и 25 проценти холестерол. Во сто грама има дури 2.800 калории, но, за среќа, се јаде само една лажица од него.
Постојат многу фирми кои снабдуваат многу ВИП личности и настани со кавијар, а кај некои од нив 1 килограм од нивниот див кавијар се продава и за неколку илјади долари. Најскап во светот е кавијарот „алмас“ (дијамантски), кој е бел и се добива од рибата есетра, стара 100 години
Што (не)знаете за марихуаната?
Иако позната веќе 5000 години, марихуаната е природна дрога за која се знае многу малку. Потекнува од билката ЦАНАБИС САТИВА. Во оваа група спаѓаат марихуаната и хашишот, односно и двете дроги се добиваат од истата билка. Името на билката доаѓа од грчкиот збор канабис, што значи коноп. Канабисот е најчеста и вообичаено недозволена дрога. Зависно од начинот на приготвување, јачината на канабисот се движи во три категории. Првата категорија го прави канабисот со слаба јачина, подготвен од лисјата на конопот, а познат како марихуана. Средната категорија се добива од лисјата и со пупките, а високо потенцијални облици, кои содржат смола и содржат хашиш.
Марихуаната се добива од врвот на цветовите и горните лисја на женското растение, додека хашишот се добива од смолестиот материјал што се вади од овие врвови (главичките и лисјата). Марихуаната по боја може од светло до средно кафејава, скоро и до црна. По составот таа може да варира од ситни трошки до цврста состојба. Марихуаната најчесто се пуши во цигара, која кај наркоманите е позната под името џоинт (1. џоинт = 1. кутија цигари), Ритер или Стик. Може да се пуши со помош на луле или специјално направени со проширен преден крај. Чадот од марихуаната има силен и остар мирис сличен на мирисот на запалена сува трева или коноп кој гори. Марихуаната може да се џвака, голта или пуши.
Марихуаната ја прифатиле хипиците, за да, со нејзиниот привлечен чад проповедаат алтруизам (несебичност) и мисцизам (таинственост), чесност, радост, ненасилство, искажувајќи на тој начин свој протест против дехуманизираните и оттуѓени опшества. Некои студенти марихуаната ја користат за стекнување задоволство, имигинарна слобода, за да станат креативни, заради нови сензации и искуства. Некои поп музичари, сликари и писатели бараат вештачка стимувација, нови креативни простори најчесто поради недостаток на сопствени, внатрешни поттикнувања. Има личности кои дрогата ја употребуваат без вистински потреби поради желбата за фасцинација (заслепување), необични и настрани (чудни) доживувања.
Еден до два часа по земањето се јавува состојба на еуфорично возбудување. Оваа состојба се карактеризира со физичка и морална лагодност, внатрешно расположение, неодредено спокојство, фантастични слики. Овде воедно можат да се јават депресии, ментална збрка, халуцинации и агресивност. Меѓутоа, не секој чувствува големи ефекти од марихуаната. Една од главните опасности е самата состојба на интоксинираност. Користењето на марихуана може да го наруши или намали брзото меморирање и разбирање да го поремети осетот и да ја намали способноста за извршување на задачи кои бараат концентрација. Воедно, кај наркоманот се јавува: сонливост, раширени зеници, потреба за слатки и зголемен апетит. Според истражувањата, марихуаната многу ги оштетува белите дробови и постои голем ризик од бронцхитис, емфизема и рак на белите дробови; опаѓање на металната мотивација и оштетување на половите органи. Состојките од марихуаната се таложат во црниот дроб, мозокот, белите дробови, слезенката, лимфните ткива и половите органи.