Занимливости

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
28
Охрид
  1. Подобранот е измислен во 1515 година од ДА Винчи
  2. Вкупната маса на сите мравки е скоро иста со масата на сите луќе од планетава
  3. Мажите имаат 6 пати поголеми шанси да бидат удрени од гром во споредба со жените
  4. Мозокот е многу повеќе активен навечер отолку преку ден
  5. Јаболкото е поефикасно за расонување на сабајле отколку кафето
  6. Facebook е син затоа што Mark Zuckerberg е далтонист
  7. Walt Disney креаторот на Мики Маус имал фобија од глувци
  8. Ако го допреш јазикот додека зеваш, можеш да го запреш зевањето
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
1. Зградите на многу универзитетски библиотеки годишно во просек потонуваат по половина центиметар, бидејќи инжинерите често забораваат да ја пресметат и тежината со која книгите влијаат на земјината површина.
2. Во резервоарот на еден авион има толку гориво, што би било доволно еден автомобил да го обиколи светот четири пати.

3. Коските на нозете на лилјаците се толку мали што не им дозволуваат да одат.
4. Како последица на ерозија, водопадот на Нијагара се продолжува речиси 10 киломтерти за изминатите 10 илјади години.
5. Бадемите припаѓаат на семејството праски.
6. Еден на секои 2 милијарди луѓе ќе доживее 116 годишна возраст или повеќе.
7. Зборот за "сопруга" на шпански "esposa" има и второ значење - "лисица".
8. Шимпанзото е единственото животно кое може да се распознае, кога ќе се погледне во огледалото.
9. Ако реката Нил течеше во САД, таа ќе имаше должина од Њујорк до Лос Анџелес.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and The puss in boots

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
20 Забавни и Интересни факти за Алхохолот

1. Зборот„ toast“ што значи посакување добро здравје , води потекло од антички Рим. Во тоа време парче од испечен леб се топело во виното.


2. Земјата од еден виноград во Франција се смета за толку скапоцена што обврска на работниците таму е да ја исчистат земјата од нивните чевли пред да ја напуштат земјата на која што работат


3. Сите кои што се на возраст под 21година во Мисури (САД), треба да бидат внимателни кога се работи за фрлање вреќи со ѓубре, бидејки доколку во вреќата има шишиња кои содржеле алхохол а лицето кое го фрла ѓубрето е под 21година тогаш следат санкци за нелегално поседување на алхохол.


4. Многу луѓе сметат дека пиењето алхохол ја покачува телесната температура, а всушност алхохолот ја намалува.


5. Мало изненадување:За националната Химна на САД всушност е користена музика од песна на која се пиело алхохол.


6. Повеќето зеленчуци и скоро сите овошја содржат мал процент на алкохол во себе.


7. Првиот Ден на Благодарноста не се прославувал со пире од компири, мисирка и сета друга храна која денес се приготвува специјално за тој ден. На првото прославување на Денот на Благодарноста се пиело пиво, бренди, џин и вино.


8. На Бурбонот, официјалниот пијалак на САД потеклото на името му е од Округот Бурбон во Кентаки.


9. Адолф Хитлер е еден од светски најпознатите антиалхохоличари.


10. Сер Винстон Черчил е еден од најпознатите уживатели на алхохол.


11. Една од првите станици за регрутација на маринци во САД била во бар.


12. САД има највисок мининум на ваозрасна граница за конзумирање на алхохол во светот.


13. Човечкото тело природно произведува сопствени залихи на алкохол, 24 часа на ден, 7 дена во неделата.


14. Најстар рецепт во светот е оној за пивото.


15. Алхохолот кои го содржи пивото е скоро идентично еднаков со оној на виното.


16. Проценето е дека во едно шише шампањ има четириесет и девет милиони меурчиња.


17. Пивото започнало да се пакува во стаклени шишиња во 1850 година , а во лименки во 1935 година.


18. Во 1600 година термометарите се полнеле со бренди наместо со жива.


19. Постои облак од алкохол во вселената, доволен за да се направат четири трилиони-трилиони пијалоци.


20. Во Аљаска е незаконски да им се дава алхохол на глувците, а додека во Охајо на рибите.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
1. Петок 13-ти ќе имаме уште два пати оваа година, во април и јули. За една година, петок 13-ти може да се случи повеќе од три пати, додека најдолгиот период без него е 14 месеци.

2. Суеверијата поврзани со број 13 влечат корени од христијанството. Всушност, на „Тајната вечера“ присуствувале 13 гости.

3. Стравот од петок 13-ти наречен фригатрискаидекафобија, според официјалната статистика, влијае на 17-21.000.000 Американци.

4. Стравот од бројот 13 се нарекува трискаидекафобија. Бројот се смета за несреќен поради тоа што доаѓа по бројот 12, што во светот се смета за комплетен број - 12 месеци во годината, 12 знаци на зодијакот, 12 богови на Олимп, и 12-те апостоли на Исус.

5. Некои згради во светот, немаат 13-ти кат, додека некои болници и авиотерминали избегнуваат соби и врати кои се нумерирани со бројот 13.

6. Холивуд има капитализиран страв од петок 13-ти Филмот „Петок 13-ти“ е објавен во 1980 година , а римејкот беше прикажан во кината во 2009 година.

7. Американската економија секој петок 13-ти губи речиси 900 милиони долари, бидејќи луѓето поради суеверие избегнуваат голем број бизнис активности.

8. Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро е роден на петок 13-ти, 1926 година.

9. Раперот Тупак Шакур беше прогласен за мртов на петок 13-ти во 1996 година.

10. На 13 Април 2029 година, во петок, 99.942 астероид ќе дојде најблиску до Земјата.

11. Американскиот претседател Френклин Рузвелт не патувал на тринаесеттиот ден од месецот, а избегнувал и да биде домаќин на 13 гости за ручек или вечера. Наполеон и Херберт Хувер исто така се вели дека страдале од трискаидекафобија.

12. Во Париз можете да изнајмите 14 професионални гости, за да ја отстранат таканаречената лоша среќа која ја носи бројот 13 и петок 13.

13. Меѓутоа петок 13-ти не мора секогаш да биде несреќен како што мислат многумина. Во 2008 година едно истражување во Холандија покажало дека на овој ден се случувале помалку сообраќајни несреќи, пожари, воени злосторства, особено што суеверието прави дополнителни напори за да се избегне штетата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The puss in boots

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Недостаток на сон носи до силна желба за благо.
Глушец кој гладува би си ја изел сопствената опашка.
Јојото оригинално на почетокот бил оружје на Филипините во 16 век.
Еднаш, Џулија Робертс за малку ќе била силувана од орангутан.
Годишно еден милион луѓе извршуваат самоубиство.
Бебе кое вришти може засекогаш да ти го расипе слухот.
Штиклите се оригинално направени за мажи.
Машките гуштери прават склекови за да го привлечат вниманието на женските.
Срцевите болести, дијабетисот и дебелината се поврзани со кроничното неспиење.
После премногу јадење, слухот не е толку остар.
За 68$ можете да купите Louis Vuitton кондом.
Доколку останеш буден цела вечер, телото троши 161 калорија плус.
Музиката преставува завист на мозокот исто колку и сексот и дрогата.
Зевањето го смирува мозокот.
Оргазамот може да излечи главоболка.
Мажите во врска лажат дупло повеќе од жените.
Кај привлечните луѓе се поголеми шансите да имаат ќерки.
96% од девојките уживаат кога нивните партнери ги бакнуваат по вратот.
За време на секс, жените повеќе шанси имаат за оргазам доколку носат чорапи.
Не можеш да збориш, додека вдишуваш воздух низ носот.
Повеќе сме креативно навечер, а најмалку попладне.
Нелегално е за жена да се шета топлес во Њу Јорк.
Мажјакот октопод, умира набрзо откако има секс.
Брунетите се подобри пријателки и сопруги.
Пцуењето после повреда помага да се намали болката.
Во Хонг Конг на жената и е дозволено да го убие сопругот кога вара, но само со своите голи раце.
Во Англија постои село наречено Bitchfield.
Жените се многу побезбедни возачи од мажите.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
  • Една личност во просе, би поминала 5 години јадејќи во својот живот.
  • Содата од цитрон "7 UP" била создадена во 1929 година. Оригиналното име на овој пијалок бил 'Bib-Label Lithiated Lemon-Lime Soda', подоцна го смениле во '7 Up'
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
13 факти и занимливости за петок 13-ти



Дали сте знаеле дека стравот од петок 13-ти се нарекува фригатрискаидекафобија, а оние кои се плашат од бројот 13 страдаат од трискаидекафобија?
Бидејќи денес е првиот петок 13-ти во 2012 година еве некои интересни факти за овој „несреќен ден“.

1. Петок 13-ти ќе имаме уште еднаш оваа година, во јули. За една година, петок 13-ти може да се случи повеќе од три пати, додека најдолгиот период без него е 14 месеци.

2. Суеверијата поврзани со број 13 влечат корени од христијанството. Всушност, на „Тајната вечера“ присуствувале 13 гости.

3. Стравот од петок 13-ти наречен фригатрискаидекафобија, според официјалната статистика, влијае на 17-21.000.000 Американци.

4. Стравот од бројот 13 се нарекува трискаидекафобија. Бројот се смета за несреќен поради тоа што доаѓа по бројот 12, што во светот се смета за комплетен број - 12 месеци во годината, 12 знаци на зодијакот, 12 богови на Олимп, и 12-те апостоли на Исус.

5. Некои згради во светот, немаат 13-ти кат, додека некои болници и авиотерминали избегнуваат соби и врати кои се нумерирани со бројот 13.

6. Холивуд има капитализиран страв од петок 13-ти Филмот „Петок 13-ти“ е објавен во 1980 година , а римејкот беше прикажан во кината во 2009 година.

7. Американската економија секој петок 13-ти губи речиси 900 милиони долари, бидејќи луѓето поради суеверие избегнуваат голем број бизнис активности.

8. Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро е роден на петок 13-ти, 1926 година.

9. Раперот Тупак Шакур беше прогласен за мртов на петок 13-ти во 1996 година.

10. На 13 Април 2029 година, во петок, 99.942 астероид ќе дојде најблиску до Земјата.

11. Американскиот претседател Френклин Рузвелт не патувал на тринаесеттиот ден од месецот, а избегнувал и да биде домаќин на 13 гости за ручек или вечера. Наполеон и Херберт Хувер исто така се вели дека страдале од трискаидекафобија.

12. Во Париз можете да изнајмите 14 професионални гости, за да ја отстранат таканаречената лоша среќа која ја носи бројот 13 и петок 13.

13. Меѓутоа петок 13-ти не мора секогаш да биде несреќен како што мислат многумина. Во 2008 година едно истражување во Холандија покажало дека на овој ден се случувале помалку сообраќајни несреќи, пожари, воени злосторства, особено што суеверието прави дополнителни напори за да се избегне штетата.
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Дали знаевте дека во XIII век Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден?



  • Јадењето лимони го продолжува животот.
  • Постојат ПЕЗ бонбони со вкус на кафе.
  • Морското оревче е исклучително отровно ако се вбризгува интравенозно.
  • Гулашот, еден вид супа од говедско месо, за првпат бил подготвен во Унгарија во IX век.
  • Националното шкотско јадење Haggis се состои од срцето, црниот дроб, белите дробови и тенкото црево на теле или овца, сварени во стомакот на животното, при што се додава овесна каша.
  • Дали знаевте дека постојат 5 вкусови на желе кои се повлечени од продажба затоа што не биле доволно комерцијални? Станува збор за желе со вкус на целер, кафе, кока кола, јаболко и чоколадо.
  • Брокулата има најдобри антиканцерогени својства.
  • Половина портокал дневно ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
  • Освен портокалот, еден оброк со риба неделно исто така ги намалува шансите за срцев удар за 50%.
  • Печурките немаат хлорофил, па затоа не им треба сонце за да растат. Некои од најраните комерцијални фарми за печурки биле поставени во пештерите во Франција за време на владеењето на кралот Луј XIV (1638-1715).
  • Најстарата пронајдена мастика за џвакање во светот е стара 9.000 години.
  • Најмногу месо и месни производи се конзумираат во Аргентина.
  • Корнетот за сладолед бил измислен во 1904 година.
  • Персијците се први кои започнале да ги бојадисуваат јајцата, уште во 3000-те години п.н.е., со тоа прославувајќи го доаѓањето на пролетта.
  • Обичајот за вапсање јајца го донеле Крстоносците кои се враќале од Блискиот Исток.
  • Во XIII век, Македонците биле првите христијани кои ја започнале традицијата на вапсање јајца за Велигден.
  • Првиот оброк на Месечината беше печена мисирка, која ја изедоа Нил Армстронг и Баз Олдрин.
  • Чоколадото Сникерс е најпопуларно во Америка.
  • Древната цивилизација на Инките го мерела времето според тоа колку време е потребно да се свари компир.
  • Јаболките зреат откако ќе бидат обрани.
  • Кикириките се најголем извор на енергетска вредност.
  • Половина од светското население јаде ориз секој ден.
  • Жителите на Алјаска јадат двојно повеќе сладолед по глава на жител во споредба со останатото население.
  • Освен состојките наведени во содржината, во лебот се додаваат уште 27 други хемикалии.
  • Мирисот на кафето е најпрепознатливиот мирис во цел свет.
  • Потребни се 4 тони свежо грозје за да се добие 1 тон суво грозје.
  • Лебот на парчиња за првпат почна да се продава во 1930 година.
  • Секоја секунда се продаваат 13 кутии со желе бонбони.
  • За време на Златната треска во Алјаска (1897-1898), компирите биле вредни колку златото.
  • Најскапиот зачин на светот е шафранот.
  • Слаткиот компир потекнува од Андите, а во Велика Британија бил донесен во 1586 година.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Секојдневно на нет наидуваме на интересни занимливи работи кои некогаш и не оставаат и со подзенати усти.
Не мислам на работи кои се дури одвратно смешни,од типот на некоја си галабица или слично.
Работи на пример од достигнувањето на технологијата,медицината....несекојдневни информации од шоу бизнисот,уметнички вештини или било што друго што за вас е интересно или занимливо.
Има доста работи кои сакаме да ги споделиме овде како занимливи а од друга страна пак не заслужуваат цели теми,затоа да ги сместиме во една.
Да постираме овде такви "информации"....само да ве замолам да се оградиме од информациите од типот на галабицата,некојси војче. :rolleyes:
Еве да започнам јас со нешто

Позлатен сладолед
Ресторанот „Serendipity 3“ може да с епофали дека угостил многубројни личности, како Мерлин Монро и Џеки Кенеди кои биле негови редовни гости.
Овој објект исто така послужил и како сценографија за филмот „Serendipity“ од 2001 година со Џон Кјусак и Кејт Бекинсејл во главните улоги.
Меѓутоа, вистинската ѕвезда на овој ресторан е „Golden Opulence Sundae“, леден десерт прекриен со ливчиња од 23-каратно злато кои се јадат. Оние кои сакаат да го пробаат овој златен десерт, мораат да го нарачаат два дена однапред и секако да издвојат 1000 долари.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, околу 50 лица годишно го нарачуваат овој десерт кој се состои од сладолед со вкус на ванила од Тахити, прелив од најфина тосканска чоколада и кандирано овошје, сето тоа сервирано во кристален сад со златна лажичка.
„Овој богат вкус и единствен изглед заслужува 1000 долари“, вели шефот на ресторанот
sladoled.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Желбите На мајките на славните политичари

hitler.jpg
Како што пишува магазинот “Форин полиси“, некои од најпознатите светски лидери имале фасцинантни, блиски, но и комплицирани односи со своите мајки, а истото важи и за некои од најголемите светски диктатори, од Хитлер и Мугабе до Милошевиќ.

1329718.png
Додека со татко му многу често се судрувал заради слабите оценки на училиште, неговата мајка Клара, Адолф Хитлер, просто ја обожавал. Кога како дете се обидел да се проба како уметник, таа го поддржувала, а откако истата година починала од рак, бил скршен од болка.

Во книгата “Мајн Кампф“ константира дека овој настан засекогаш го зајакнал, со тоа што од нејзината мајчинска прегратка полна со љубов го фрлила во рацете на суровиот свет против кој подоцна водеше битка.
Јозеф Висарионович Џугашвили, познат под прекарот Сталин, исто така, бил мнгоу приврзан со мајка му, но имал проблематичен однос со татко му, алкохоличар кој многу често двајцата ги тепал.
Напорно работејќи како перачка, мајка му Екатерина успеала да го запише во богословија и потоа се обидела да го врати откако татко му, кој во меѓувреме го напуштил семејството, го киднапирал и со сила го запишал да учи занает. Во настојување да го изведе на прав пат и мајка му, меѓутоа, немилосрдно го тепала.
g_stalin-i-majka-mu.gif


Во староста Сталин се грижел за неа, но ретко ја посетувал, а еден од последните нивни разговори, што лекарот кој ја лекувал ги запаметил бил:
-Зошто толку ме тепаше?
-Затоа испадна толку добар. Јозефе – кој си ти сега ?
-Се сеќаваш на царот? Па, јас сум како цар.
-Поубаво ќе беше да станеше свештеник.
Роберт Мугабе често зборува за својата мајка Бонa, побожен католик, која паднала во депресија откако мажот ја напуштил,
images.gif
vest.asp

а нејзините два постари синови починале. Семејството и’ било сиромашно, а мајка и’ строга и ладна, но во синот влеала непоколебливо чувство дека мора да успее и да биде над сите, оти од Господ е предодреден за големи дела.
Кога е избран за претседател на Зимбабмве, Бонa, меѓутоа, не се радувала.
“Тој не е способен за тоа. Тој не е тип на човек кој ќе се грижи за другите“, изјавила таа.
Слободан Милошевиќ дојде на свет во време на војна, а татко му рано го напуштил семејството. Мајка му Станислава, учителка и комунистичка активистка, била центар на неговиот свет уште од детството.

stanislava-m.gif
Секогаш се трудела на училиште да го испрати со бела чиста кошула, како детска верзија на комунистичките функционери каков што се надевала дека ќе стане еден ден. По заминувањето во Белград на факултет, Милошевиќ се запознал со колешката Мирјана Марковиќ, која со неговата мајка не се согласувала и затоа тој се’ поретко се враќал дома.

“Мајка ми никогаш не ми прости за Мира“, му рекол наводно Милошевиќ на еден свој пријател.
Депресивната Станислава се обесила во 1974 година во семејната куќа во Пожаревац, само 10 години откако животот си го одзел и таткото на Милошевиќ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and 4FUN