Забрана за анонимност на нет

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Анонимноста? Кога изразувам ставови, сакам да ги читаат. И ти сакаш тебе да те читаат, и други форумџии.
Без кочници? Дали тоа значи дека во живо имаш друго мислење, а овде друго?
Кога сум се регистрирал, сум дозволил било кој да ме чита. Ако се плашев, ќе молчев.
***
И во Македонија има ограничувања. Сообраќајки на новинари и слично. Немојте да мислите дека сме поразлични од НРК или РФ. Или па од САД, или Чад.

Грција како исконтролира толку народ во Егејска Македонија? Анонимност? Анонимност е да се потпишувам со некое име, и да му карам на некој или да го навредувам јавно на интернет за нешто? Тоа не е анонимност, тоа е кукавичлук.
Анонимноста ти дава слобода на изразување на вистината,значи без кочници,без срам и страв,да си го кажеш мислењето,На ФБ на пр.каде сите те гледаат и те познаваат,сигурно нема да кажеш колку пати си имал секс,дали ти се надрвил или не си успеал да ја зодоволиш партнерката.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Анонимноста ти дава слобода на изразување на вистината,значи без кочници,без срам и страв,да си го кажеш мислењето,На ФБ на пр.каде сите те гледаат и те познаваат,сигурно нема да кажеш колку пати си имал секс,дали ти се надрвил или не си успеал да ја зодоволиш партнерката.
Никој не е обврзан да пишува во секоја тема. Не си ти денес обврзана да пишуваш некаде. Проблемот е штоп некои се кријат зад анонимноста тресејќи глупости, невистини, па дури и клевети и други тешки зборови.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Никој не е обврзан да пишува во секоја тема. Не си ти денес обврзана да пишуваш некаде. Проблемот е штоп некои се кријат зад анонимноста тресејќи глупости, невистини, па дури и клевети и други тешки зборови.
За таквите профили има лек,затоа тука се администраторите.Но колку и да клеветат тие болни умови,не можат да ти нанесат штета,анонимноста сепак те штити,а на фб не е така,таму повеќе глумат лудило и љубезност,куртоазија во лајк.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И аутрајдер не че да е маќедонско....повече ми паџа да е на овие 25%. Пошо тие даваат така амерички имиња џо Бил, Џорџ, Аутизам.
Кој сака да биде анонимен, нека не пишува нешто. На крајот на светот постои правило на форумов, кое верувам ретко кој го прочитал. најверојатно само администраторот кога го пишувал.

Истите правила ги имаш и таму. И таму имаш анонимуси кои зборуваат се што сакаат.
A Koj si ti moj? Marsovac!*
*Crni Gruja - S1E4 - Duplja Ljuta

Ете гледаш, да мораше да се регистрираат членови со име и презиме наместо никнејм и слика од пасош на аватар како во братска Кина тогаш немаше тајни арнаути да постираат на форум, чешкајќи си го кечето дури куцаат на тастатура, фино лепо наместо Аутрајдер ќе стоеше Бљерим Красничи со соодветната фотографија
images

А вака не знае човек на што е, можно е да сум дури и клето грчиште или дебела жена од Ресен...

Не ми е јасно шо не ти е јасно

„Црнобело форум“ се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица, освен

...освен ако не се работи за сомнение за криминал, макар да не знам дали имало досега обвинети во РМ на тој начин...

Си има и позитивни и негативни страни витуелната анонимност (како и реалната, пошто никој не влегува да речеме во автобус со името тетовирано на чело или со давидова звезда на ракав) ама позитивните се далеку позначајни од негативните. Освен по некои весели места каде е грев да се постира нешто против власта...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Интересен документарец за екстремен случај во Англија, до каде може да ескалира доброволното откажување од анонимност и наивниот егзибиционизам со сликање и снимање на сексуални односи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кина на која припаѓа безмалку 20% од светското население и каде мењаат по 20 IP адреси дневно за да пишуваат текстови за $0,10? Важи.:D
Ако тоа им е некој начин да си ја средат нееднаквоста на населеност, корупцијата, како и евтината, детска работна сила, тогаш океј.

Анонимноста на интернет и онака речиси не постои т.е. постои претежно на 4чен и кај илегалците: наркоси-великани, трговци со органи, педофили, некрофили и остали фили што за секој пост регистрираат различни никови од различни кафулиња, ставаат неточни податоци, користат морзеова на латински и триста прокси за прикривање. Па и тоа некогаш се открива, иако на властите знаат да им требаат и години душкање наоколу и фаќање врски.
Нас, обичниве корисници, е боза да не пронајде секој со малку повеќе интерес кој знае каде и како да бара.
Ако си искрен и зборуваш со свои ставови и за свои искуства, готово. Прошириш ли па со еден-двајца познанство, збогувај се со анонимност.
По форумиве сум препознала можеби десетици души само по стилот на пишување и/или приказна која ја знам за нив, а сигурно и тие мене, ама си постои онаа бариера и си молчиме сите зашто секој во одреден момент си ја олеснил душата и нема да ни личи да си го ускратуваме тоа со разоткривање.
Мада има оооопасни, али за среќа и провидни, душкала. Ама тоа е апла оф топик веќе.

Забрана за анонимност бе.
Кај нас да се донесе ова, тап - со име и презиме ќе не тужат за нанесување душевна болка пошто сме се шалеле на и онака смешната состојба.
Од друга страна па, тоа или апла сите ќе не направи лицемери во обид да оставиме што подобра слика, или ќе бидеме поискрени од било кога...нааах, првото. :zelen
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако не се лажам и кај нас се шушкаше нешто дека може да се удараат приватни тужби за навреди по социјалните мрежи. Не знам што се случи и дали важи тоа.
 
Тоа ми е малку чудна ситуација, не знам како оди дознавањето на јузерот, мислам дека е вака нешто - прво се дознава ип адреса, таа адреса се прати до провајдерот на нет услуги од каде што таа е алоцирана на клиентот (телеком компанија, кабелска етц.) Фирмата провајдер има значи име и презиме и адреса на клиентите и тука е проблемот. Ок ако ликот живее сам и користи нет само тој, но што ако се двајца, тројца, пет, седум души кои имаат пристап на нет од истата ип адреса!? Нема ваљда оној на чие име се води договорот со провајдерот по дифолт да е `крив`?(think) Како некој би докажал кој е корисник ако повеќе лица имаат пристап?
th_template-philosoraptor.jpg

пинг :
@existence
@|o$y(|-|0$0(|@l
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Outrider
Секој уред има своја mac адреса која што е единствена и за разлика од ip е статична (ок, постојат начини да ја смениш ама тоа е веќе виша филозофија). Ако се 5-6 души со иста ip адреса тоа значи дека земаат интернет од ист рутер, арно ама рутерот користи sub-net mask за да си креира своја под-мрежа и им дава свои ip-aдреси на сите уреди кои се приклучени на него. Пример еден рутер го користат 5 души, рутерот има ip адреса 77.128.169.3 (oнака рандом ја трескам адресата) и сите корисници приклучени на тој рутер ја имаат таа адреса, арно ама во рутерот се креира табела и се гледа на која mac-адреса која адреса ја доделил рутерот (ако рутерот да речеме користи 192.168.0.1, тогаш другите уреди ќе имаат од 192.168.0.2 до најчесто 192.168.0.255 зависно од маската која се користи) и дополнително во логот на рутерот се чува која mac-адреса до која адреса побарала пристап. Да речеме дека ти си сакал да пристапиш до www.google.com, во логот ќе се зачува дека твојата ip која ти ја дал рутерот побарала поврзување со 74.125.136.99 (која е всушност адресата на серверот на google).
E сеа, користење на прокси сервери ти е всушност нешто ко играње расипан телефон. Му викаш на комшијата од неговиот телефон да се јави на другар ти и да му каже у 6 да ти дојде на гости :zelen и фактички ти не си го направил повикот, а си пратил информација преку телефонска мрежа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Трагата на клиентот значи оди до крај т.е. до самата машина која се користи (лап,деск,таблет,телефон).
Но и тука има проблем бидејќи е чест случај една машина да ја користат повеќе луѓе, не само во јавни простории туку и во приватни услови, останува дилемата како ќе го лоцираат користењето на еден лик ако 3-4 користат иста машина ама тука веќе се забегува во правни ствари i guess...