Животот не е фер

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
На сите ни се имаат случено
секакви работи.Но,дали кругот се врти
дали доброто со добро се враќа,лошото со лошо...
Или сепак не...
Дали имало моменти кога сви помислиле дека
животот стварно не е фер,и дека некои
работи треба да ги преземите во свои раце...
Дали ''неком че сузе,а неком бисери'' или
сепак после дождот сонце исгрева.
 
Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Никогаш не би рекол дека животот не е фер, можеби би рекол дека е несовршено но тоа е убавиот дел во него. Можеби едноставно лугето не се фер. За да го видиш виножитото мораш да го почекаш дождот да заврши.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Додека ние си куцкаме постови во овој момент, илдадници невини дечиња умираат по светот, кое од глад кое од загадена вода, кое од бомба, кое од маларија или слична `ретро` болештина, кое од современа болештина за која се собираат пари со апели по медиуми.... неизмерно страдаат мали деца кои наместо да се радуваат на животот низ игра и смеа, трпат пеколни болки, се превиткуваат во агонија, очите полека им згаснуваат...
А никому не згрешиле ништо, никогаш...

Минвајл........Парис Хилтон..........рандом политичар/транзиционен олигарх...... бла бла...
А уништуваат животи и сеат зло...

Животот не е фер. За да се создаде општество кое би имало висок степен на фер...ство........и да се остави во наследство на идните генерации.....треба многу крв и борба...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Хоуп*

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Дали е фер или не е,неможам со сигурност да напишам.
Но сметам дека е фер.
Ако цело време се водиме со мислата дека се нешто е не фер со нас никогаш нема да бидеме задоволни од ништо.
Секогаш кривицата ке ја бараме во нешто друго наместо да обрнеме внимание на она што ние го правиме за себе а и за другите.
Скоро ништо не се случува доколку самите не дозволиме.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дали е фер или не е,неможам со сигурност да напишам.
Но сметам дека е фер.
Ако цело време се водиме со мислата дека се нешто е не фер со нас никогаш нема да бидеме задоволни од ништо.
Секогаш кривицата ке ја бараме во нешто друго наместо да обрнеме внимание на она што ние го правиме за себе а и за другите.
Скоро ништо не се случува доколку самите не дозволиме.

Велиш дека скоро ништо не се случува ако самите не дозволиме, дека сме господари на сопствената судбина? Би било добро да е навистина така....но дури и цифра од 50% на самостојни одлуки мислам дека се само за ретки среќници и сметам дека би било феноменален успех.
Не бираме каде ќе се родиме, гените, условите, родители, сиблингс, родбина, изглед, ум и разум.....то start with.
Не е работата во `кривица` или правда, туку во реалните услови кои никако не зависат од човек. Се раѓа некој како даунов или ружан као гроб или глувонем.... изборите и одлуките ќе им бидат детерминирани од веќе поделените карти.
Бред Пит секако има своја заслуга за тоа што станал глобална ѕвезда и милионер, но ако се родел со гремлинска фаца ниеден напор на светот немало да го направи она што е денес. Или некој со 1,60м а животен сон му е да биде кошаркар...

Банален пример со рандом дете кое боледува од икс....ве молиме помогнете и јавете се бројот ипсилон.... бидејќи само дозволило?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

Замени го Бред Пит со Чак Норис и? Или пак со Џек Николсон,и?
Не сите имаме желба да бидеме на негово место,ама тоа ваљда ке го сфатиме тек кога би биле.
Покрај сите нас поминуваат неколку шанси во животот и доколку не сите само лежиме во кревет мечтаејки дека не е фер животот што сме се родиле овде а не на место на Бред Пит на тоа место лежејки и мечтаеки и ке си умреме.
За другиот пример донекаде си во право.
Убаво напишав на почеток.Незнам точно дали е фер,но ке живеам со мислата дека е и ке се стремам да искористам се она што ми се пружи.