Порано немав никаков интерес за фудбал. Ниту ми беше гајле за Бекам кој тогаш беше најактуелен во секој поглед, ниту кога излезе Роналдо па сите се попалија по него (зборам за женските) и навиваа за клубот каде тие некои играчи што ги бендисуваат играат.
Мене не ми беа толку интересни, и самата игра фудбал не ми беше интересна за гледање.
Но кога се вљубив во либето мое, тој дојде во пакет со љубовта и заинтересираноста кон неговиот најомилен клуб Манчестер Јунајтед. Првин ме нервираше неговата претерана еуфорија околу тимот , си викав аман човече разбирам навиваш ама ова е више опседнатост ...олади. Потоа некако и мене ми влезе клубот под кожа, посебно кога ми раскажуваше за историјата на клубот, авионската несреќа и нормално повторното издигање на самиот клуб на самиот врв во англиската премиер лига. Сер Алекс Фергусон ми стана омилен лик во фудбалот , тренер над тренерите.
Сега и јас искрено навивам за Манчестер Јунајтед,кога има на тв гледам, следам резултати, ги знам сите играчи, нивните позиции, замените, кој играч треба да потпише, кој е на позајмување и така натака. Башка попатно и за другиве тимови по нешто ќе научам и така лека полека знаењето ми се шири и надвор од премиер лигата

И нормално дечко ми е среќен што ја споделувам неговата љубов кон фудбалот и ман ју со него.
Инаку вака не сум гоооооолем спортски љубител, ма кога ќе размислам можеби и малку сум станала со теков на годиниве,да да сум станала

, но дефинитивно не сум стручњак за кошарка, ракомет, пливање, тенис и сигурно не носам дрес од Антиќ за кого разбрав годината кога зедовме 4 место на европско само за да бидам “ин“