Женски навивачки

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
А спојлерот ? : )
Кои стереотипи, мала шала

Прееска на кошарку протиф косовари, пред мене седесфа неколко девојчиња, заспипнасфа до полувреме, ватрени до јаја : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Девојка ми навива за Парму. Чудно нели
Ама кд била мала и кд играла сони сс братучеда ву, увек гу бирала Парму, заради убави дресови. И од тк ву останало навивање за Парму : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glory

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Ехх ... Преку глава од стереотипи и дискриминации .. Навивам за Интер долго време и во најсветлите нивни денови , а богами и во оние црните .. Сакам да кажам дека не значи ако е од машко дека разбира од фудбал или слично ... Исто така мислам и дека ако сама си знаеш дека доволно си упатена во фудбалот и во историјата на тимот за кој навиваш ,воопшто не треба да се замараш што некој друг мисли ... и на крај PAZZA INTER AMALA <3
 

Zbuneta.com

Нов член
4 мај 2014
13
7
3
25
Пратам фудбал безразлика која екипа и да е.Но уште од мали години верно навивам за Барселона. Имам одено дури и на натпревар на Барселона-Малага (4-1) на 2 Мај 2012. Чувството е неопишливо. Вреди да се почувствува. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
34
58
1,018
Обожавам фудбал! Како помала гледав светски првенства само, а од 2002 година навака активно гледам и навивам за Реал Мадрид. Стравствен навивач сум, не дишам кога Реал игра некоја битна утакмица.
Општо мислам дека денеска голем е бројот на жени кои гледаат фудбал и сметам дека не треба да постојат стереотипи за тоа. Посебно денес, 21 век, време кога машките се шминкаат, а жените гледаат фудбал :rofl Мала шала.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кај мене дома со генерации се пренесувала љубовта кон Милан. Во 2005та, кога беше финалето меѓу Милан и Ливерпул, кај нас дома беше како божиќ.
Софрите спремени, местата поставени... Викање, урлање, пцуење, по некоја солза и тажната фаца на дедо ми кога Милан изгуби. Тогаш бев прилично мала и ни пратев ни се разбирав во фудбал, ама пошто премногу го сакам дедо ми и не сакав да го гледам таков тажен и секогаш кога играа понатаму следев и навивав за нив само за да не го гледам дедо ми таков. Понатаму, како растев, се повеќе и повеќе го засакував тимот, го сакам и сега, не можам да опишам колку и од какво значење е за мене Милан. Не е само обичен тим кон кого гаам симпатии, него е нешто повеќе. Повеќе како дел од семејството....

А за ова дека сум женско, многу пати ќе прават муабет за фудбал и јас онака кога ќе се смешам и ми рекле абе ај што разбира женско од фудбал. И прво ме гледаат онака со потсмев, а после дури и ме прашуваат за мислење :zelen
Освен Милан, симпатични клубови ми се и АтлетикоМадрид и Елче од Шпанија и Катанија моментално втора лига Италија.. Трите поради борбеноста, Елче еднаш ги чекав на ливче и ги гледав и така и ги засакав.. :D И Рома не ми се лоши исто.
Англичаните ги гледам, ама некако немам некој тим од таму. Ливерпул ми е ко Милан, секој ден слушам за него и Бало ми е таму, па ги гледам често, скоро сите што ги знам навиваат за него и интересна ми е таа љубов спрема тој тим од фановите. Мислам дека имаај најдобри фанови на свет! И мило ми е што воскресна.
За најомразени тимови... Реал, Барса, Јувентус и такви ми ти клубови што верувам дека нема да имаат навивачи ако ја доживуваат сегашната судбина на Милан рецимо. И женски што ги знам ми навиваат за нив ради Роналдо, Меси... Пепе хахаха

За Милан и цела серија А знам и повеќе од машки навивач. Кога машко ќе седне да збори со мене за Милан, демек ај да видам што знаеш, после тоа ми вика абе јас не ги пратам толку италијаниве.... :eek
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
@Хоуп* е што е милан сеа ,,, Јуве беше у втора лига па глеам ништо не се смени кај мене ,.навивам од 1 одд :D