Женско без чанта, нема смисла, да нема каде да си ги ставиш новчаникот и телефонот. Немора некоја огромна чанта, но барем една мала што ќе ги собере основните работи. Иако јас сум од оние (Мери Попинс), што све ќе им најдеш у ташна.
Иначе кога се работи за стилот, ми се допаѓаат класични чанти и најчесто еднобојни без многу шаренила. Одсекогаш најубави ми биле скоро сите модели од Michael Kors, и плус некои од Prada и Givenchy.Отвори ја прикачената датотека 27913Отвори ја прикачената датотека 27914
Отвори ја прикачената датотека 27917
Отвори ја прикачената датотека 27918
За O-bag убави се и достапни во разни димензии и бои, но мене лично не ме привлекуваат многу. Ми изгледаат како торби за пазар, гумени се и повеќето од нив се без патент.
Отвори ја прикачената датотека 27921