Е-Бонтон (правила за добро однесување на интернет)

barbie24

Нов член
17 декември 2012
1
8
3
36
„ Е-Бонтон” е нов проект кој има за цел создавање на прирачник со правила за убаво однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат на интернет.

Сигурно постои нешто што ве нервира, иритира и ви пречи во Интернет комуникацијата и на социјалните мрежи, или пак нешто е за пофалба и сите би требало да го практикуваат? Ајде во оваа тема напишете по некое ваше правило и предлог за убаво онлајн однесување, кое може да се однесува на форумот, но и генерално на комуникацијата на интернет - сите социјални мрежи (Фејсбук, Твитер), e-mail, чет и сл.:)

Правила може да се испраќаат и на : https://ebonton.mk/Home/BontonPravila, а најдобрите предлози испратени на оваа страна ќе станат официјални е-Бонтон правила, кои понатаму ќе бидат собрани во практичен прирачник за убаво онлајн-однесување, а оние кои ги испратиле ќе си добијат маичка на која ќе бидат испишани нивните правила :)

Па, да помогнеме во креирањето на првиот прирачник за електронски бонтон. :);)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Ова општо:
Не користи Caps Lock- никој не сака да му “викаш“.
Не моли за лајкови.

А за форумот:
Прочитај го мислењето пред да го пратиш.
Поправи си ги грешките пред да го пратиш мислењето.
Не започнувај пост со мала буква.
Не користи премногу боја/голем фонт во мислење.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
-Биди спремен да сносиш одговорност после секој твој напишан и испратен пост.Сите тие пред се се одраз на твојата општа култура.
-Воздржувај се од директни навреди.
-Пишувајте го она што го мислите,а не она што сметате дека некому ке му се допадне,само во тој случај ке оставите правилна слика за себе си.

овој многу ми се допадна од страната :D ...не е лошо да се препрочита на форумов.

NE OBJAVUVAJ STATUSI OD TIPOT JADAM, GLEDAM FUDBAL, SLUSAM MUZIKA, IDAM NA TRENING, IDAM DA SPIJAM OVA E FEJSBUK A NE DNEVNIK A I NE VERUVAM DEKA NEKOGO GO INTERESIRA
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Пишувајте факинг кирилица! Имаме свое, убаво и читливо писмо.
Латинично делува полуписмено и несредено, колку и да е содржински напишано.
Вклучувајќи се и себе, знам многу личности што не ни читаат кога нешто е напишано латинично.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
- Дијалектите се интересни, но во озбилните теми потрудете се да пишувате на литературен македонски јазик.
- Бидете конкретни во темите, без многу извртување на фактите како и релативизирање на истите.
- Внимателно бирајте ги зборовите при дискусија. Таа може да прерасне во конфликт, особено ако почнете да влегувате во илузиите кои ги имате изградено кон членот кому му се спротивставувате во мислењето.
- Не одете офтопик кога се работи за дебата. Бранете ги сопствените ставови, а не ставовите на другите, кои немаат никаква допирна точка со вашите.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
-Во контекст на кириличното пишување, нели е полесно да пишеш „Што“ , отколку „shto“? Кога веќе сакате да биде како што треба, пишете го како што треба.
-Не ставајте слики од секое одење на прошетка, ноќно излегување, а уште помалку не ја сликајте храната или декорацијата на масата.
-Почитувајте ги интерпукциските знаци. Многу нешта менуваат. Како нивен фан, многу лошо ми изгледа реченица долга колку еден есеј, со притоа употребени едвај 2 запирки.
Let's eat mom.
Let's eat, mom.
Прост пример.
 

Psychobilly

Староседелец
18 февруари 2012
600
1,509
703
Pilgrim Psychiatric Center
  • Се што правите, имено исто како и во животот, треба добро да размислите пред да ставите нешто на интернет.
  • Независно од сите пишани и непишани правила, имајте на ум дека се што е нелегално во животот е нелегало и на интернет. Немојте да се залажувате дека можете да се скриете позади измисленото име.
  • Воопшто за сите форми на активност на Интернет важи дека не треба да се прави било што што е противзаконско или се коси со основните морални форми.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Еве уште една пропадната инвестиција |-(
Демек на некој ова многу ќе му влијае и ќе ги почитува правилата?
Правилата се донесени за да се прекршуваат :D