Значи за време на напад не може да се голтне јазикот тоа е точно, бидеќи мускулите се згрчуваат, а самиот јазик исто е мускул, а се згрчува и тој. По нападот телото омлитавува, исто и јазикот, и под дејство на гравитацијата доколку лицето лежи на грб постои можност јазикот да се зафрли наназат. Во однос на тоа декка секој може да добие епилепсија , точно е, а тоа се факти никој не го измисли тоа. Освен вродените, постојат и стекнати епилепсии, кои може да ги добие било кој, а кај 90% од нив причината е непозната. на пример, сообраќаја несреќа, пад од велосипед, обичен пад, стрес ( а него сите го имаме), можат да ја предизвикаат епилепсијата и кај потполно здрави луѓе. Пак ќе кажам , ова се факти и докази на светски доктори и научници, доволно е да побарате по светските енциклопедии ( особено француските), и ќе се уверите.