Епилепсија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Епилепсијата е меѓу најчестите невролошки состојби од кои страдаат 0.5 до 1% од луѓето.

Не сите напади се резултат на епилепсија. На пример, лекови кои се препишани за други состојби, како и алкохолот можат да предизвикаат напади.
Денес, лекарите не дијагностицираат епилепсија кај човек што имал само еден напад. Епилепсијата се дијагностицира само ако пациентот има повторливи напади.

Мозокот е составен од многу неврони кои меѓусебно постојано комуницираат и пренесуваат информации преку електросигнали и периодот на пренос на информации мора да биде сочуван за мозокот да функционира правилно.

Епилептичните напади се случуваат кога во мозокот настанува абнормално епилептично празнење кое ја нарушува работата на мозокот. Видот на нападот зависи од локацијата каде што се случило празнењето. Додека трае нападот, овие празнења можат да предизвикаат:

- Контракција (стегање) на мускулите
- Пореметување на сетилата (чувствување на чуден вкус во устата или мирис)
- Емоционални проблеми, чувство на страв и deja-vu
- Губиток на свест

Епилептичните напади се кратки, обично траат од неколку секунди до неколку минути и потоа работата на мозокот се враќа во нормала. Епилепсијата се јавува на сите возрасти, но најчеста е кај децата и кај постарите луѓе.


Кои може да се причините за епилепсијата?

Епилепсијата може да биде предизвикана од разни состојби во кои се наоѓа мозокот, но, досега епилепсијата кај никој заболен не предизвикала мозочни оштетувања. Кај многумина заболени, епилепсијата се смета дека е наследна, најмногу кај заболените кои се деца и тинејџери.

Според лекарите, опасна и може да го оштети мозокот е само фокалната епилепсија и потребно е да се изврши скен на мозокот доколку има сомневање за овој вид на епилепсија.

Епилепсијата може да се јави како резултат на:

- Абнормалности при формирањето на мозокот
- Недостиг на кислород при раѓањето
- Инфекции (менингитис и енцефалитис)
- Тумори на мозокот
- Церебрална тромбоза и мозочен удар
-
Што со луѓето болни од епилепсија?

За среќа, нападите се намалуваат и потполно изчезнуваат кај 70-80% кај болните од епилепсија, но сето тоа најмногу зависи од видот на епилепсија и делот од мозокот кој е зафатен.

Како се дијагностицира епилепсијата?

Епилепсијата може да биде само клинички потврдена. Не се докажува само со тестови и скенирања, туку со опишување на нападот на заболениот. Нормално, пациентите при нападите најчесто не се свесни па затоа важно е лекарот да добие опис што се случува од очевидец на настанот. Исто така потребни се консултации со невролог и специјалист. Кога ќе се дијагностицира епилепсијата, се прават два теста:

- ЕЕГ (електроенцефалограм) – Многумина веруваат дека со овој тест се докажува епилепсијата но тоа не е точно. Со помош на ЕЕГ кај пациентот се утврдува кој дел од мозокот страда од електрично празнење и кој вид на епилепсија го има.
- CT скен или MRI скен – Се прави кога се верува дека пациентот страда од фокална епилепсија. Со овој тест се бараат абнормалности во мозокот што ја причинуваат епилепсијата.

Секако, еден човек може да страда од епилепсија иако двата скена и ЕЕГ не покажуваат ништо. Затоа, некои пациенти во кои лекарите се сомневаат дека имаат епилепсија треба да се следат на подолго со цел да се забележат било какви нарушувања на работата во мозокот.

Како се третира епилепсијата?

Епилепсијата се третира со лекови препишани од специјалист но кај некои случаи и со хируршки зафат.

Епилепсијата и бременоста

Многу бремени жени живеат со епилепсијата без проблеми. Како и да е, на жените што сакаат да забременат им се препорачуваат совети од специјалист, особено ако се земаат таблети за епилепсијата.

Што треба да правите кога некој има напади?

- Тргнете ги сите објекти од кои може да се повреди личноста која има напад
- Легнете ја личноста на под, свртете ја главата на страна, за душникот да биде слободен
- Не ставајте ништо во устата додека трае нападот
- Останете со личноста додека помине нападот и кога ќе се освести, сторете сè за да ја смирите
- Ако нападот трае повеќе од 10 минути, повикајте брза помош. Инаку, медицинска помош не е потребна

Рестрикции во животниот стил

За заболените е важно да се соочат со фактот дека живеат со епилепсија и да ги надминат сите стравови поврзани во врска со неа. Но, има неколку ограничувања кон кои тие треба да се придржуваат:

-
- Активности како скокање во вода и искачување по планини треба да се избегнуваат ако нападите се чести
- Ако одлучите да одите на пливање, направете го тоа со пријател кој ќе Ве има на око постојано. Ако пливате во јавен базен, информирајте го спасувачот за Вашата болест.
- Трепкави светла, како што има во дискотеките можат да бидат причинители на напад кај некои луѓе. Исто така препорачливо е да не се играат компјутерски игри подолг период без пауза бидејќи и екранот кај компјутерите трепка иако тоа не го гледаме.
- Кај некои луѓе нападите се јавиле откако минатата вечер не спиеле добро или консумирале алкохол па поради ова, се препорачува умерен живот. Ова правило е најтешко за почитување кај тинејџерите.

Многу гадна болест, недај боже да му се случи на некој. :(

Дали имате пријатели или познаници што имаат епилепсија?

Јас сум имал ваков случај кога пред мене падна човек со епилепсија. Јазикот му го извадивме, го завртивме на страна и брза помош одма дојде. Добро што сме се погодиле јас и неколку луѓе иначе завршува фатално ако нема никој до него.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Не би рекла дека завршува фатално, тоа е болест која ако се регулира со соодветни медикаменти не предизвикува абнормалности во животот. Се разбира има многу работи кои епилептичар не смее да ги прави, но во глобала и ако е сам и добиен епилептичен напад најлошо што може да му се случи е да падне во безсознание од кое подоцна се буди и сам. Ретко се случува смрт освен ако епилепсијата не е во поодмината фаза и третманот со лекови е несоодветен или задоцнет.
Знам некој кој е епилептичар, но добро се сноси со тоа.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Некој доста познати и историски личности имале епилепсија. Меѓу кој ако не грешам Александар Велики и Достоевски, така да не е некоја голема пречка. Сум слушнал дека не требало да се допираат додека трае нападот и ако се веќе внимава да се пази да не го голтне јазикот и да настане гушење.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Не би рекла дека завршува фатално, тоа е болест која ако се регулира со соодветни медикаменти не предизвикува абнормалности во животот. Се разбира има многу работи кои епилептичар не смее да ги прави, но во глобала и ако е сам и добиен епилептичен напад најлошо што може да му се случи е да падне во безсознание од кое подоцна се буди и сам. Ретко се случува смрт освен ако епилепсијата не е во поодмината фаза и третманот со лекови е несоодветен или задоцнет.
Знам некој кој е епилептичар, но добро се сноси со тоа.

Може да голтне и јазик. Знам многу такви случаи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Може да голтне јазик само и само доколку епилептичарот лежи на грб при напад. Епилепсијата сама по себе не е опасна, освен запаѓањето во статус епилептикус (напади во низа, со траење од повеќе часови). Опасно е паѓањето, местото. Доколку болниот добие напад во кревет на пример, ништо страшно, ќе го завртиш и ќе ти се тресе душата од бес што не можеш да направиш нешто повеќе. Доколку е во движење е опасно.
На времето епилепсијата била ословувана како ѓаволска болест, страшна, неприродна. Далеку е од тоа.
Не би да обаснувам физиологија и патологија на болеста, само една работа ќе кажам-епилепсијата НЕ Е фатална болест.
Со толку медикаменти, режими на исхрана и здрав начин на живот, нападите може толку да се редуцираат што може да се појавуваат само еднаш годишно или помалку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy and The_countess

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Мене ми се има случено додека вадев крв на еден пациент имаше напад среќа имаше доста доктори па му помогнаа,инаку сама не би можела.А му се случи нападот бидејќи не ја земал терапијата на време.Затоа за нив е најважно навреме да си ја земат терапијата.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јас имав напад на епилепсија во сон т.е пред будење. Бев ко жив мртовец се слушав, а ништо не можев да мрднам. Пред нападот имав неколку помали им кажував на моите ама џабе не ме регистрираа се додека не им се онесвестив. :) Пет години примав терапија и сега фала богу сум добро за во иднина немам појма дали ќе ми се врати болеста викаат не се враќала па ќе видиме.
 

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Може да голтне и јазик. Знам многу такви случаи.
Епилепсијата како НАРУШУВАЊЕ (А НЕ БОЛЕСТ) нема поодмината фаза, фатални се нападите во случај на повреда при напад, или при голтње на јазикот по завршување на нападот.( За време на нападот мускулите зе згрчуваат, а јазикот е мускул, па и тој исто така, и затоа не е возможно додека трае нападот да се голтне јазикот) Ова важи само за тоничноклонични напади, а има и други видови. Во светот преку 6 милиони луѓе имаат епилепсија ( во Македонија повеќе од 25000). Овие лица не се ни ментални ни луди. Нападите во поголем дел се контролираат со терапија, а доколку се јават во детска возраст може да се зема терапија одреден период и потоа да се прекине, и тоа лице да живее нормално. Зборот ЕПИЛЕПТИЧАР, и не е баш најсоодветен, подобро е ЛИЦЕ СО ЕПИЛЕПСИЈА, бидеќи не е соодветно баш да се дефинира одредена личност, според некои нејзините особини - или според некој специфичен проблем. Ви благодариме! Тимот на Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Епилепсијата како НАРУШУВАЊЕ (А НЕ БОЛЕСТ) нема поодмината фаза, фатални се нападите во случај на повреда при напад, или при голтње на јазикот по завршување на нападот.( За време на нападот мускулите зе згрчуваат, а јазикот е мускул, па и тој исто така, и затоа не е возможно додека трае нападот да се голтне јазикот) Ова важи само за тоничноклонични напади, а има и други видови. Во светот преку 6 милиони луѓе имаат епилепсија ( во Македонија повеќе од 25000). Овие лица не се ни ментални ни луди. Нападите во поголем дел се контролираат со терапија, а доколку се јават во детска возраст може да се зема терапија одреден период и потоа да се прекине, и тоа лице да живее нормално. Зборот ЕПИЛЕПТИЧАР, и не е баш најсоодветен, подобро е ЛИЦЕ СО ЕПИЛЕПСИЈА, бидеќи не е соодветно баш да се дефинира одредена личност, според некои нејзините особини - или според некој специфичен проблем. Ви благодариме! Тимот на Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Ме интересира ако знаеш да ми кажеш до каде е стигнато т.с.колку е напреднато хируршкото лекување или олеснување на овој проблем кај лицата со оваа проблематика???
 

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Ме интересира ако знаеш да ми кажеш до каде е стигнато т.с.колку е напреднато хируршкото лекување или олеснување на овој проблем кај лицата со оваа проблематика???
Во помал дел од случаите на епилепсија се применува хирургија. Напреднато е доста, но сепак постои голем ризик бидеќи се работи за мозок. Затоа обично се третира со медикаментозна терапија ( или друг вид на терапија), и само во исклучителни случаи се применува хирургија, која пак ќе кажам иако е значително посовремена, сепак е ризична