Епилепсија

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Во помал дел од случаите на епилепсија се применува хирургија. Напреднато е доста, но сепак постои голем ризик бидеќи се работи за мозок. Затоа обично се третира со медикаментозна терапија ( или друг вид на терапија), и само во исклучителни случаи се применува хирургија, која пак ќе кажам иако е значително посовремена, сепак е ризична
Незнам многу за активностите на вашето здружение, ниту дали и колку фондот за здравство учествува во трошковите за лекување на особи со оваа дијагноза, но во Србија се оперираат со задоволителни резултати.
http://www.kcs.ac.rs/index.php/sr/v...a-za-medije-hirursko-lecenje-teske-epilepsije
 
epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Некој доста познати и историски личности имале епилепсија. Меѓу кој ако не грешам Александар Велики и Достоевски, така да не е некоја голема пречка. Сум слушнал дека не требало да се допираат додека трае нападот и ако се веќе внимава да се пази да не го голтне јазикот и да настане гушење.
Да, има многу познати личности со епилепсија, освен овие ќе ги додадеме ( чисто колку да се знае :) ) и: Исак Њутан, Питагора, Цезар, Наполеон, Да Винчи, Едгар Алан По, Аристотел, Агата кристи, Микеланџело, Рузвелт, Чајковски, Сократ и други
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево

За многумина од овие не е точно утврдено дали биле епилептичари или имале напади од друго нешто. Ова се long shots, пример за По дури ни лекарите не знаеле точно дали добивал напади на епилепсија или паѓал од што користел дроги и алкохоли. Да Винчи само имал нервозни испади и симптоми кои што не се доволна потврда за епилепсија. Наполеон, Сократ, Цезар Аристотел... скоро невозможно е да се каже дали биле епилептичари од што нема никакви точни наоди за нивната состојба.
 
epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
За многумина од овие не е точно утврдено дали биле епилептичари или имале напади од друго нешто. Ова се long shots, пример за По дури ни лекарите не знаеле точно дали добивал напади на епилепсија или паѓал од што користел дроги и алкохоли. Да Винчи само имал нервозни испади и симптоми кои што не се доволна потврда за епилепсија. Наполеон, Сократ, Цезар Аристотел... скоро невозможно е да се каже дали биле епилептичари од што нема никакви точни наоди за нивната состојба.
Според описот на нападите значи биле напади на епилепсија, настрана од тоа во денешно време имаме ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА (не “епилептичари“ , не е соодветно некој да го именувате според нарушувањето или состојбата која ја има) кои се способни за многу работи, што сепак укашува на фактот дека не се она што општеството мисли.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е утврдено, а и не може да се утврди. Еве ти давам примери, можеш и слободно да провериш.

Малку вон тема: навредливо ти е „епилептичар“, а „лице со епилепсија“ не? Добро ако така само не гледам разлика меѓу двете.
 
epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Не е утврдено, а и не може да се утврди. Еве ти давам примери, можеш и слободно да провериш.

Малку вон тема: навредливо ти е „епилептичар“, а „лице со епилепсија“ не? Добро ако така само не гледам разлика меѓу двете.
мене лично не ми е, бидеќи не сум лице со епилепсија, но има разлика во термините (оној кој има мака подобро може да свати) Вие или било кој друг консумирач на алкохол кој некогаш ќе претера со алкохолот алкохоличар е? Отприлика така некако му доаѓа споредбата
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
мене лично не ми е, бидеќи не сум лице со епилепсија, но има разлика во термините (оној кој има мака подобро може да свати) Вие или било кој друг консумирач на алкохол кој некогаш ќе претера со алкохолот алкохоличар е? Отприлика така некако му доаѓа споредбата
Епилептичар е лице болно од епилепсија- постои во мак.речник таков збор.
 
epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Епилептичар е лице болно од епилепсија- постои во мак.речник таков збор.
Значи тој македонски речник кој содржи многу увезени зборови го креирале веројатно некои како вас кои не можат или не сакаат да сватат, или така им одговарат. За да бидат болни овие лица треба епилепсијата да е БОЛЕСТ, но тоа е само кај нас, додека секаде е НАРУШУВАЊЕ. Далеку сме од Европа и светот ние на секое поле па и на ова, штом вака се размислува. Не сакаме да влијаеме на ничие мислење или да се расправаме, ние само со аргументи располагаме, но тие кај нас не се релеванти за жал, повеќе се верува во некои други нешта