Епилепсија

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Значи тој македонски речник кој содржи многу увезени зборови го креирале веројатно некои како вас кои не можат или не сакаат да сватат, или така им одговарат. За да бидат болни овие лица треба епилепсијата да е БОЛЕСТ, но тоа е само кај нас, додека секаде е НАРУШУВАЊЕ. Далеку сме од Европа и светот ние на секое поле па и на ова, штом вака се размислува. Не сакаме да влијаеме на ничие мислење или да се расправаме, ние само со аргументи располагаме, но тие кај нас не се релеванти за жал, повеќе се верува во некои други нешта
Нема потреба за расправање , ниту за објаснување, таа е терминологијата и не гледам ништо навредливо ако некого со тоа нарушување го дијагностицираме како епилептичар...не ја гледам поентата за да не се употребува овој израз.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and existence

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Нема потреба за расправање , ниту за објаснување, таа е терминологијата и не гледам ништо навредливо ако некого со тоа нарушување го дијагностицираме како епилептичар...не ја гледам поентата за да не се употребува овој израз.
Некому е навредливо ете, не знам ни јас зошто но ете е навредливо, и докторите ( оние постручните мислам) употребуваат лице со епилепсија, иако значењето е тоа, едно исто. Веројатно е така затоа што една личност ако добие еден или два напади во цел свој живот, не е праведно да се става во иста група на лицаа каде епилепсијата оставила трајни последици, а тоа кај нас сеуште не е разграничено за жал, и еден напад и секојдневно е исто, а тоа е заблуда, но ќе се обидеме да го решиме и ова :)
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Некому е навредливо ете, не знам ни јас зошто но ете е навредливо, и докторите ( оние постручните мислам) употребуваат лице со епилепсија, иако значењето е тоа, едно исто. Веројатно е така затоа што една личност ако добие еден или два напади во цел свој живот, не е праведно да се става во иста група на лицаа каде епилепсијата оставила трајни последици, а тоа кај нас сеуште не е разграничено за жал, и еден напад и секојдневно е исто, а тоа е заблуда, но ќе се обидеме да го решиме и ова :)
Дај Боже да се изнајде ефикасно лекување и излекување на тие проблеми а за употребата на зборот не е многу важно:)
 

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Дај Боже да се изнајде ефикасно лекување и излекување на тие проблеми а за употребата на зборот не е многу важно:)
Така е. Иако досега се сметаше за неизлечиво нарушување, истражувањата сепак покажаа дека не е доживотно ( освен во некои случаи), па се надеваме на уште подобри резултати. И едукацијата е многу важна како кај самите лица така и кај останатата популација, затоа што за жал ова често нарушување се појавува одненадеж во било кое време на било кое место кај секој од нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Може да голтне и јазик. Знам многу такви случаи.
За време на напад мукулите се згрчуваат.А јазикот е мускул па и тој исто се згрчува, па не е возможно додека трае нападот да се голтне. Но затоа после нападот цело тело е млитаво, па и јазикот, па постои можност од голтање
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
А што правиме што пишувате неточни работи? Како прво и основно, епилепсијата не може да се случи кај секој од нас, без посебна причина. И било кога викате. Има точно одредени тригери кои ја поттикнуваат целата состојба, било стекнати, или пак наследни. Спрема никот што го имате, би требало да значи дека сте образовани, барем на оваа тематика.
Втора и многу важна работа, НЕВОЗМОЖНО Е ЈАЗИКОТ ДА СЕ ГОЛТНЕ. Тој си има корен кој е фиксен и во несвесна, лежечка состојба мускулот се опушта и едноставно јазикот под дејство на гравитацијата се зафрла наназад со што може да го покрие фаринксот. На тој начин се спречува циркулацијата на воздух.

Едноставно човек да си умре од квази лекари
 

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
Значи за време на напад не може да се голтне јазикот тоа е точно, бидеќи мускулите се згрчуваат, а самиот јазик исто е мускул, а се згрчува и тој. По нападот телото омлитавува, исто и јазикот, и под дејство на гравитацијата доколку лицето лежи на грб постои можност јазикот да се зафрли наназат. Во однос на тоа декка секој може да добие епилепсија , точно е, а тоа се факти никој не го измисли тоа. Освен вродените, постојат и стекнати епилепсии, кои може да ги добие било кој, а кај 90% од нив причината е непозната. на пример, сообраќаја несреќа, пад од велосипед, обичен пад, стрес ( а него сите го имаме), можат да ја предизвикаат епилепсијата и кај потполно здрави луѓе. Пак ќе кажам , ова се факти и докази на светски доктори и научници, доволно е да побарате по светските енциклопедии ( особено француските), и ќе се уверите.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
И како сите овие фактори што ги набројавте се непозната причина? Во врска со јазикот, многу конфузни ви се мислењата. Во последново само ги копирате моите зборови, за разлика од вашето претходно каде убаво е искажано тоа голтање на јазик.
И не, не ми требаат никакви енциклопедии кога имам практична работа и познавање токму на ова нарушување.
 

epilepsija makedonija

Полноправен Член
13 септември 2015
35
13
8
www.epilepsijamakedonija.mk
И како сите овие фактори што ги набројавте се непозната причина? Во врска со јазикот, многу конфузни ви се мислењата. Во последново само ги копирате моите зборови, за разлика од вашето претходно каде убаво е искажано тоа голтање на јазик.
И не, не ми требаат никакви енциклопедии кога имам практична работа и познавање токму на ова нарушување.[/QUOTе останува во тој случај д ви се извиниме, да ние воопшто не сме стручни и немаме познавање, џабе ни е целата досегашна работа