Кога ќе се спомне евтина убавина, прва асоцијација ми е Планета, ДМ Сат, Пинк и остало.
Значи збориме за кич, светкавост, претеризам до граница на невкус.
Природно, макар и несредено, не е евтино, само знак за негрижа или личен избор.
Всушност, евтиниот изглед знае и многу да чини. А и како не би, кога се троши по третина пудра на едно ставање, а вратот и деколтето пак се со различна боја, па потоа следат и контури што се осум нијанси потемни од потребното, жишка руменила, вештачки, мачкица трепки и шест слоја маскара за секој случај, па следи веѓа-запирка која има по едвај две влакна во еден ред, а под неа има сенки или моливи за очи со ракун ефект, моливче за усни во кафеава боја до нос и розов кармин + сјај, во некои случаи. Потоа имаме зашилени нокти со дреч бои и по четиринаесет циркона на нокт...сум чекала колешка, тоа трае над 4 саати и чини околу 700 денари. За две недели...
И пошто крајот го краси делото - облеката. Длабоки деколтеа со ланец упаднат и заборавен меѓу цицки...уште и оние каде деколтето е малку, па мора и половината да е гола...
Миничи со цел да се истакне нога и да се привлечат погледи (без разлика какви), анимал принт од глава до пети...па рецимо и анимал принт со дреч боја, шпицурај што влегува во врата пет минути пред сопственичката, а згора на тоа и се врзува нагоре до колена ко трњето околу римскине столбови. 
Мене, додуша, и сатенот ми делува евтино, ама имам разбирање за одредени парчиња што не личат на спаваќи или светат ко похован кашкавал.
Е сега, дека погорниот опис ко поим за убавина има врска со менталниот склоп и (не)евтиноќата - донекаде и има, ама тоа е веќе психолошка анализа.