Евровизија

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Годинава многу слабо ја пратам поради обврски, па половина од песните ги немам ни слушнато.
Многу ми се допаѓаат Естонија и (скоро како и секогаш) Италија, оваа година. На Русија секогаш гледам со резерва, зошто често без потребно собираа(т) поени, но годинава песната им е одлична. Албанија, интересна песна иако мислам дека сценографијата им потфрли и малку ја умртви енергијата на песната.
Сега накратко фрлив поглед врз обложувалнициве. Некои ми се без смисла меѓу фаворитите. Белгија на пример, ми е многу wannabe Lorde, само машка верзија или пак Шведска која не се издвојува по ништо посебно, неколку реда стих, нафрлана музика но сепак, инзвореден сценски настап.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Годинава Евровизијата отскокнува општо освен кај нашиот претставник кој е според мене bottom 3 заедно со арнаутката и уште едни мислам.
Имаше колаж на секакви песни, одлични настапи, уедначеност на сцена, ефекти и добро отварање (besides Кончита)
Не ги спомнувам полуфиналните. Според мене триото што влага секогаш во финале имаше најдобар глас - Франција, Италија и Германија (Алеманија :zelen), додека британците беа најслаби.
Иако италијаните ми се фаворити уште од почетокот, мора да набројам неколку песни кои ми проникнаа изненаденост.
Кипар испадна интересен иако личеше многу на Клептон.
Литванија беше многу чудна (онаа со афричко потекло)
Шведот истотака со визуелност.
Штета што ерменците имаа многу лош настап, песната беше од интересна мелодија.
Русиja стандард добар настап... Башка цурата баш се соживуваше со сцената - многу битен фактор во настапот.
Другиве ок беа. Се држеа на сцена. Освен bottom 3 што ги набројав на почетокот.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Наместено е (puke)
Не ми се верува дека Словенија не е во ТОП10! Требаше да им дадеме 12че ...
Србите требаа да им дадат повеќе поени исто така, а не сите поени му ги дадоа на Кнез.
Како и да е, за мене победник е Словенија.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Кој е тој Марко што се вклучи ? и 12 поени на Албанија :zelen
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Годинава Евровизијата отскокнува општо освен кај нашиот претставник кој е според мене bottom 3 заедно со арнаутката и уште едни мислам.
Имаше колаж на секакви песни, одлични настапи, уедначеност на сцена, ефекти и добро отварање (besides Кончита)
Не ги спомнувам полуфиналните. Според мене триото што влага секогаш во финале имаше најдобар глас - Франција, Италија и Германија (Алеманија :zelen), додека британците беа најслаби.
Иако италијаните ми се фаворити уште од почетокот, мора да набројам неколку песни кои ми проникнаа изненаденост.
Кипар испадна интересен иако личеше многу на Клептон.
Литванија беше многу чудна (онаа со афричко потекло)
Шведот истотака со визуелност.
Штета што ерменците имаа многу лош настап, песната беше од интересна мелодија.
Русиja стандард добар настап... Башка цурата баш се соживуваше со сцената - многу битен фактор во настапот.
Другиве ок беа. Се држеа на сцена. Освен bottom 3 што ги набројав на почетокот.
Тоа беше Амината од Латвија. Од Литванија беше дуото шо се бакна на сцена и истото тоа бакнување беше подолго отколку шо треба и затоа пропуштија еден стих.
Шведска фаворит од самиот почеток. Песната без настап е послаба. Тоа го покажува огромното значење на сценскиот настап.
Мене фаворит ми беше Латвија и затоа и гласав за нив. Не им дадовме поени, но сепак мене ми се допадна песната.
На Шведска ова и е втора победа, со што е втора земја по број на победи, после Орска со 7. Искрено се надевам дека Шведска ќе ја помине оваа бројка од 7 победи, бидејќи овие години се покажуваат како најдобри за тоа. Сепак, Мелодифестивален е квалитетен фестивал каде 90% од песните во финалето се подобри од пола од песните кои ги има во финалето на Евровизија.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Шведскава песна не да беше копија, без мерка се крадело. Многу глупо, ако не можат да направат оригинална песна нека не ни одат. Што е ова бе ми земал копирал и ај ќе победи, па дури радосен демек а се знаеше дека Шведска ќе победи, со копирана песна.

Барем Италија да победеше.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ако гледаме така, добри 2/3тини од песните се копија од негде. Белгија, Кипар, холанѓаните па и италијаните.
Копирањето веќе не е контрааргумент иако се поштуе повеќе оригиналност. Но нема место, треба да си скроз одлепен да изиграваш дворски шут на сцената или да праиш нешто што ете Латвија направила.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не ја пратев Евровизијата целосно а од гласањето ништо но ме интересира оти не разбрав зошто поените дадени од Македонија и Црна Г. за српската представничка не ги уважуваат и на кое место е сега Србија?
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не ја пратев Евровизијата целосно а од гласањето ништо но ме интересира оти не разбрав зошто поените дадени од Македонија и Црна Г. за српската представничка не ги уважуваат и на кое место е сега Србија?
Поените не ги важеле затоа што биле само од гласање а требало да биде 50-50, гласање-жири, така јас разбрав
Кој е тој Марко што се вклучи ? и 12 поени на Албанија :zelen
Не се чуди секоја година даваме 12 на Албанија од што сме ,добри, соседи без тоа да гледаме колку песната е добра. 12 поени требаше да доделиме на Словенија и блиски држави сме а и добра песна понудија.

Шведска заслужно ја доби победата иако мој фаворит беше Русија. Песната на Шведска е дежа ву но сценскиот настап е оној кој 80 посто игра улога и ја издигна песната.
Срамота е што сите држави од балканов поминаа во финале само ние не. Следната година треба малку да поработиме на тоа што праќаме
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba