Евровизија

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Воопшто не беше добар настапот на Даниел. Прво, не пееше чисто ами размачкано, ни еден збор не сфатив од песната. Второ, беше монотоно. Трето, дали нашите не им кажале, или камера boy не хејтал, незнам, ама беше глупо тоа што на другите изведувачи им ја фаќаше убаво позадината ја доловуваше, а кај нас како намерно да беше кога го фаќаше Даниел ја фаќаше пола позадина пола оние доле што се како се викаат ај ќе ги наречам проектори зошто на тоа ме потсетија :zelen или трета можност, Даниел е многу низок :zelen
Ги спомна полицајките, претпоставувам мислиш на Молдова. Човекот беше еден од моите фаворити, али ајде да тргниме на страна тоа, ако ништо друго имаа барем добар и значителен сценски настап. И да, на твоја информација, не влегоа во финале нешто грешка си слушнал :)
Не знам зошто и Србија влезе кога имаше многу подобри песни од неа. На пример, попрво би ја пуштил Белорусија него нив. И настапот на Данска не ми беше лош, напротив песната ми се заврте во главата.
Србија мене ми се допадна, таков глас не слушнав од другите земји поточно од sие што ги слушав. Заслужен е влезот во финале.

Над 1000000 прегледи само за два дена, песнава ми е омилена од евровизија 2015
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Мои импресии од првото полуфинале...
Премногу брзо помина целата врчер, особено делот кога ги прогласуваа финалистите и не очекував да се пласираме. Зошто? Затоа што во ова полуфинале имаше многу конкуренција, потоа настапот не ми се допадна, а со оглед дека другите песни имаа подобри настапи, тука ние паднавме, Даниел добро пееше, но кога станува збор за Евровизија, ние секогаш(со чесни исклучоци) испраќаме лоши песни.
После многу години(ако не и прв пат), најдобрите десет песни се пласираа во финалето. Очекувам возбудливо и интересно финале.
Овој пат ги погодив 90% од песните кои се пласираа во финале, односно 9/10. Ја згрешив само Унгарија, затоа што на нејзиното место ја ставив Финска поради очигледни причини. За неквалификуваните во финалето нема да коментирам многу, освен што ќе кажам дека имаше песни како онаа од Белорусија и можеби Холандија кои заслужија да се пласираат, но што е- тука е.
За финалистите:
Албанија- Еден од моите топ 3 од првото полуфинале. Иако не беше во првите 2 минути вокално добра, сепак последната минута беше добра. Изненадуваат Албанциве.
Ерменија- Земја која освен во 2011 секогаш била финалист(од 2006 наваму, тоа е нивното прво учество). Една од оние земји без кои финалето не помина без разлика каква песна имаат, оваа песна не ми се допаѓа многу многу, но сепак не е лоша.
Русија- Апсолутно величествена песна, настап... Исто така финалето никогаш не поминува без Русија. Една од оние земји кои секогаш се во финалето, иако понекогап имаат лоши песни(2010 на пр.)
Романија- Па просечна песна, но тоа е Романија! Уште една земја која без оглед на нештата секогаш е во финале.
Унгарија- Изненадувањето на вечерта, искрено многу се израдував кога ги прогласија за победници, ми се допаѓа песната, не велам дека е најмногу ми се допаѓа, сепак има и подобри песни.
Грција- Знаете кога нема Грција да биде во финалето? Кога врбата ќе роди грозје, ете тогаш!
Естонија- Исто така во моите топ 3 во првото полуфинале. Настапот одлично смислен и реализиран, многу емоции. Она кога навистина ја чувствувате песната во себе.... Извонредно!
Грузија- Очекувано, инаку добра песна.
Србија- Каде без Србија? Да го оставиме настрана изгледот на Бојана. Таа навистина ми се допаѓа како пееше, особено во "брзиот" дел.
Белгија- Со Белгија ги запкружувам моите топ 3 на оваа вечер. Веќе неколку месеци си ја потпевнивам оваа песна. А во последните 6-7 дена многу интензивно. Многу ми е мило што се пласира, очекувам висок пласман, иако се' може да се случи.

За вечерва очекувам да се пласираат:
Литванија- Поради бакнежот на средина на песната.
Ирска- Мислам дека може до финалето, односно така претчувствувам, или можеби ќе биде Портигалија на најзино место...
Малта- Не очекувам и овој Warrior да се откаже.
Норвешка- Мора, едноставно мора да се пласира.
Летонија/ Латвија- Внимавајте на Амината. Оваа песна ми е фаворит во ова полуфинале.
Азербејџан- Знам дека ќе се пласираат поради тоа што секогаш се пласираат, без ланскиот лош пласман(22 место во финале), имаат шросечно четврто место! А песната не ми се допаѓа многу.
Шведска- Да, Шведска секогаш(освен 2010) се пласира. Настапот е еден од најдобрите, ако не и најдобар на оваа Евровизија. Некои велат дека е копија песната, но нека е! Убава е!
Кипар- Претчувствувам.
Словенија- Оваа година имаат добар избор направено Словенците. И ако се прашувате зошто и се слушалките на Марјетка, кас ќе ви кажам: по тоа е претпознатлива, и на настап и на интервју, секаде ги носи. Не е ко Тијана лани, секаде ги носеше белите очила, само на сцена не(иако вокалите носеа).
Полска- Мразам да го кажам ова, ама така мислам. Моника има прекрасен глас, но мислам дека тоа што таа е инвалид влијае. Се извинувам што морав да го кажам(напишам) ова.
Им посакувам среќа на сите учесници вечерва!
Р. Ѕ. Не гледам на МРТ, ме нервира коментаторката, ќе си гледам овде и тоа без коментар и без реклами.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Вторава вечер не ја гледав, ќе ги изгледам на јутуб и ќе ги искоментирам
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Како успеа Снорлакс да влезе во финале, се разочарав, ептен глупава песна ми беше.

Иначе за Миланка да си кажам и јас дека ме нервира. Уште не престана да вика нашиот јужен сосед за Грција. Каква лудача проста.

На Русија песната иако ми се допадна ама некако позната ми е, како да ја имало на Евровизија порано.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Како успеа Снорлакс да влезе во финале, се разочарав, ептен глупава песна ми беше.

Иначе за Миланка да си кажам и јас дека ме нервира. Уште не престана да вика нашиот јужен сосед за Грција. Каква лудача проста.

На Русија песната иако ми се допадна ама некако позната ми е, како да ја имало на Евровизија порано.
На кого мислиш поточно?
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Луѓето ги судиш според изглед? :О
Може песната не и е чудно но заслужува второ место. Одличен глас, настап а и како појава ми е драга.
Па реков дека песната ми беше глупава и не заслужи финале, нашата подобра беше и пак не влеговме. За настапот не коментирам, едвај се движеше, за момент помислив дека ќе се сруши сцената, тоа е далеку од одлично.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Од второто полифинале погодив 8/10, ах! Па всушност Црна Гора и не беше толку лоша и Израел за мое големо изненадување помина, веројатно поради гледачите бидејќи жирито многу малку поени ми дава на Израел. Инаку ми се допаднаа Израелците.
За некои 15 минути и помалку почнува финалето. Да не философирам многу, еве ги моите очекувања..
Мој топ 5:
1. Летонија/ Латвија;
2. Естонија;
3. Белгија;
4. Шведска;
5. Албанија.
И Италија ми се допаѓа, но не можев да најдам место во топ 5 за нив, така тие се шести според мене.
Очекувам Австралија да добие куп гласови поради тоа што се нови и поради тоа што тие сепак се АВСТРАЛИЈА.
Италија како и секогаш во топ 10, а оваа година и повеќе шанси за висок пласман имаат, иако многумина се плашат дека на Италија ќе и се случи Франција 2011.
Русија стандардно многу поени од нејзините редовни: Азербејџан, Ерменија, Грузија, Балтичките земји како и Белорусија.
Неколку интересни работи кои ги забележав во врска со ова финале:
- после многу години сите Балтички земји се во финале(Естонија, Летонија/ Латвија, Литванија);
- сите земји на кои се на границата со Европа(освен Русија) се во финале: Азербејџан, Грузија, Ерменија и Израел;
- сите Балкански земји кои учествуваат оваа година освен Македонија се во финале: Србија, Црна Гора, Словенија, Албанија, Грција и Романија;
- од Скандинавија само Шведска и Норвешка се во финале.
Евровизија официјално влезе во Гинис: најдолгото годишно телевизиски емитувано шоу од забавен карактер.
Очекувам Шведска да победи, но длабоко во себе сакам Летонија/ Латвија да победи, а задоволен ќе бидам и доколку победи било која земја чија песна е во мојот топ 6. Но, ако сака нека биде и изненадување, нека биде неизвесно. Нема да имам проблем и некоја друга држава да победи.