Имам две најдобри другарки и многу пријателки и пријатели..... со овие две , си ги знаеме тајните, не сме се разочарале меѓусебно, се поддржуваме, сакаме , караме, ама никогаш не сме се навредиле ...веќе 10 години сме заедно и супер функционираме...јас сум од оние луѓе кои се пријатели за цел живот, и лојална сум и знам да сакам. Никогаш не сум имала повеќе од двајца пријатели најдобри, иако сум имала добар однос со многу луѓе...едноставно не гледам потреба ни да имам, сакам да се дружам да муабетам, да се забавувам , да помагам на кој можам и колку можам....но тие другарства не ги носам дома ..не ме тангираат за да размислувам за било што поврзано со нив...општо таква сум и со сите работи околу мене и знам кој е мојот социјален живот и немам потреба да се докажувам , барам себе си во некои општествени слоеви или пак боже сачувај од оние соушал клајмберс шо животот у тоа им се состои.