Домашни правила | Црнобело Форум

Домашни правила

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
1.Никој не смее да ми ги чепка глупостите што ги имам спуштено на лап топ.
2.Морам јас да им правам кафе на татко ми и мајка ми после ручек и после работа (задоволство ми е)
3.Бидејќи само јас сум без обврски дома морам да усисивам,да ги измијам чиниите после ручек и исто да ја кренам масата, да бришам прашина,да ги наместам креветите, и да пружувам алишта на тераса и потоа да ги здиплам :) Ова не е само напразно пишување туку озбилна сум.
4.Сок во фрижидер мора да има, а ако нема си знаат дома што ги чека :zelen
5.Мачорот никој не смее да ми го чепка освен јас :D
 

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Ма какви правила. Секој прави што сака а јас одам по сите и спастирам. Дури и Шутракот (мачорот) ми го дадоа во обврски и тој е најголемиот искористувач. Се умилкува се додека не добие за јадење и после мац, мац - ма кој те шиша.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Нема правила кај нас.
За ручекот најчесто е задолжена мајка ми,иако и јас знам да зготвам некогаш по нешто.
За бришење прашина,миење садови,перење алишта,собирање исто така и двете го работиме тоа.
Но непишано правило е јас да ги здиплам алиштата и да ги ставам во плакар, а тоа е така затоа што плакарите се во мојата соба,па приморана сум да ги тргнам од двосед:D, исто така правило е јас да си ја чистам мојата соба. А мое правило е никој да не ми влегува во собата кога не сум дома.
За разлика од други семејства,кај нас го нема она, заедно седнување на маса и ручање секој ден во исто време,го нема тоа дека нема отстапки и се јаде тоа што е подговтвено за ручек,кај нас, ако на некој не му се свиѓа ќе си направи сам тоа што сака да јаде.
Кај нас нема правило дека од толку до толку саат е пладневна дремка.
Повеќе нема,отколку што има:D
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Немаме некои којзнае какви правила дома,затоа што се знае што треба да се прави и што не треба.Додека спијам не смее никој да ми влегува во соба (Затоа што сум многу лесна на сон) . Никој не смее да ми брише мои ствари од компјутер без моја дозвола. После 15 часот дома мора да е мир и тишина затоа што татко ми сака да одмара :) Никој не смее да буричка во чантата на мајка ми без нејзина дозвола (ова најчесто се случуваше порано кога ни требаа пари со брат ми за излегување) во мојата соба дозволено е пушење но влегување со патики и чевли не е.И се на се,тие се правилата.Најобични,и наједноставни како и секаде :)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Правило 1. на Бобан никој не му чепка во собата.
Правило 2. Бобан дава 75% од платата дома.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,107
1,133
Нема посебни правила зошто се води брз живот, секој се прилагодува на свој начин.
Единствено останало тоа секој ден да се има подготвено ручек, топло јадење.
Во мојата соба не е забрането влегување зошто никој не ми чепка ништо..лаптопот веќе си го присвоив, така да ни со тоа немам проблем.
Немам проблем ни да помогнам во било која домашна обврска,зависи од тоа кој како и кога може.Не е поделено кој мие садови, кој брише прашина..домот е за сите, така да сите треба исто да го третираат.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Правило број еден: Не се осудувај да му ги чепнеш играчките на Нико од таму каде што ги оставил - тепа!
Правило број два: Немој да ти текнало да викнеш дур спие Ивана - има да ти врати тродупло во четири наутро!
Правило број три: Кој станува прв вари кафе.
Правило број четири: Кој станува прв тој ги пушта животните надвор на утринска прошетка.

Другото...се’ тече спонтано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hkakashi and *V******

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Правило кај мене дома е дека нема правила.
Ако она дојде кај мене и има кејф да исчисти садови да ги бутне во машина, не е приморана ама има право тоа да го направи!Зошто да не? :D
Единствено правило што ми останало од мајка ми е’- Подзачистувај малку само за да не се удавиш/угушиш во прашина и пајажина.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Имаме едно во цело семејство и фамилија ..никој на никого не му се меша во животот и изборите. Никој на никого не му наметнува нешто. И сите пиеме чај наутро како стар и редовен рутуал во нашата фамилија. И уште едно правило имаме а тоа е ....мора ама мора се да биде чисто . Повеќе се начини на однесување и живеење отколку правила , малку груб збор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******