Домашна библиотека

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се од Хесе, П.Коелјо,книги поврзани со психологија( се од Фројд и Екарт Толе,психологија на страста,анализа на човечките мисли, психолошка анализа на однесувањето, анализа на емоциите,бегање од стравот, депресии, психички болести)
медитација(почнувајќи од будизам и се за истокот,Зен,монаштво,Далај Лама,Екарт Толе)
биографски романи на "силни жени"
(Варис Дирие, Бети Махмоди и уште три-четири такви)
Гејша,Парфем, Голем Идиот( се смеев сама на глас во трамвај кога го читав)
Чоколади за доручек.
Филозофија( Светот на Софи,името на розата, идиот, алиштата прават луѓе)
Малиот принц ја имам,
уште некои романи така обични.
И сега најново од Спаркс земав две три и Зафон го земав( ги начекав на старо и ги купив сите од еднаш) и Мураками.
Тоа за сега.

Иначе сонувам или сакам да имам една цела соба со книги и да ми биде само за читање.
Да има онаа нишалка( ама да можам да си легнам)
и едно цвеќе на прозор орхидеа чуден тип,
завеси во пастелни бои слики на ѕидот и така офарбана во кремаст тон.
И да се изгубам во светот на фантазијата,
без никој да ми пречи.
Тоа некогаш:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Arkantos

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Имам голема библиотека,над 500 книги од секаква област