Дозволи и забрани во врската

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,520
1,183
Big Sur
Ма кој бре?
На шоља има да ми пушта хендсфри да слушам како изметот му шљупка во вода. Ако ме излаже за тоа колку покакал, ќе ме лаже и за друго. Он мене!

Нит сакам забрани, нит милувам да составувам листа на потенцијални закани за елиминирање и да хистеришувам над секое негово движење што не ме вклучува мене. Секој треба сам да си е свесен и да си постави блискост со останатото опкружување.
Да речеме, ако еден од партнерите има некој познаник што ќе му плаче за плескање, самата негова љубов и почит кон другиов партнер ќе му постави граници, сигурно нема тој/таа да се лигави и пушта водичка, а другиов ко некоја будала да се сељачи и (пу пу) расправа или тепа со „конкуренцијата“.
Треба апла да си искомплексиран и незадоволен за да го дозволиш тоа, исто ко што треба да си апла искомплексиран за да вртиш по 50 пати дневно за да го споделиш секој небитен детал што ти се случил. Дефицит и патење по внимание.
Што ѝ фали на нормална комуникација од некои 2-3 повика максимум дневно? Па не сум не знам која, па да ми се случуваат на секоја минута некакви настани што морам толку итно и детално да ги споделам. Глупости. Јас општо мразам на телефон да зборувам, не пак да спијам на него.
Сакам момак за здрава врска, не алапача за на чешма и лечење комплекси.

Имам другар што подолго време е во врска. Првата година тотално се оддели од светот, не смееше со никого да комуницира освен со ептен блиски другари и братучеди, за женско друштво да не збориме. Случајно кога ќе се сретневме, не смееше да стои до нас, туку одма под рака го фаќаше.
Девојката сите можни фб пријатели негови не додаде и на речиси сите слики кај што сме со него, удрила лајк или коментирала, за да знаеме оти не гледа. :D
Тоа беше дури само безделничеше и мислеше сите сме против неа. Сега работи, па момаков успева ретко да се извлече за да поседи со друштво, но и тогаш му врти од работа да знае кои сме, колку сме, што правиме, кај седиме...во која положба, што носиме, лакт да не ни се гледа, па да го предизвика дечково...
И самиот сака да прекине, но не знае како, се чувствува доза на страв кај него поради тие забрани...и тоа само забраните кои ги кажува јавно, за другите не ни сакам да помислам кои се, штом толкаво машко се плаши од преситно девојченце.
Резултат? Тие комплекси и посесивност резултираа со неверства и болна, нездрава, несреќна врска која од Х причини не се прекинува.
Џабе и забрани и хистерии.
Затоа не, фала. Ако сами ние не сме си научиле принципи и немаме почит и (само)доверба, нема ничии граници и сељачења да го сменат тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Red Army

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,062
1,133
Дозволи и забрани во врската?
Кој треба да ми дозволи или забрани нешто ако јас тоа сакам и треба да го направам?
Зар не е тоа оптоварување во врската ако секојдневно се мислам дали нешто ми е забрането или дозволено?
Тоа за мене не е врска, туку со мене некој си игра мајтап. Дали треба јас да прашувам може ли да пијам кафе со другар, другарка, да одам во кино, или на некој службен состанок на кој сите се мажи?
Само на кучето можам да му дозволам да моча во дворот или да му забранам да влегува дома, но и тоа не ме слуша.
Никому во животот не можете да му забраните ништо ако тој не сака или пак сака да направи нешто за што мисли дека е правилно. Не се залажувајте, забраната никаде не функционира во вистинска смисла. Сите си прават се што сакаат, но шепкаат -тоа е забрането, ќути, ќути.
Човек во зависност од својата еволуција , сам на себе си поставува забрани и дозволи, ги почитува во најголем број, но понекогаш и свесно ги заобиколува.
А забрани и дозволи кон друго суштество на планета Земја, е само задоволување на своето его и илузија.
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Не можам да се замислам себеси во долга и сериозна врска баш од тие причини.Секаде околу мене гледам пријателки и другарки што постојано си ги контролираат дечковците каде ќе одиш, што ќе правиш, а со кого ќе бидиш, а зошто да одиш итн.. и тоа па да не претерам ама на секои 15 минути.Страшно ме нервира тоа.Секој си прави што сака и никому не е должен во животот ништо и покрај статусот во врска.... само треба да се има разбирање, доверба и љубов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Забранувам да слуше турбофолк.
Забранувам да пие густи сок наместо ПИВО.
Забранувам да ми забранува колку пива сум испил.
Забранувам да слуша други луѓе за моето мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina and parvati

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Нема забрани и дозволи. Сакаме да знаеме кој каде е, но не со специјална најава, знаеш душо ти се јавив да ти кажам јас ќе одам на кафе. Не, ако се слушнеме во меѓуврме ќе му кажам кај сум, ако не кога ќе се видиме ќе си кажеме кај сме биле. Ние и ретко излагаме посебно(зборам за вечерно излагање, кафани и слично) ама кога ќе дојде до тоа, сакам да знам за да си испланирам и јас, а дали ќе излезам, ќе идам до кај другарка или ќе останам дома е мое. Никогаш не сум рекла не може. Дури и го терам да излагаат сами, да се издуваат, и бре да не остават нас жени да трачариме на раат. Но цело друштво сме, кој во брак, кој во долга врска, па некако и не сакаме да се двоиме. Глупаво ми е тоа со забрани, го имам искусено, но не јас да забранувам, туку мене ми забрануваа а тие шетаа. Што демек ако не го пуштам шансите за неверство се помали, ко да не може да ми каже ќе спијам. И никогаш нема да разберам луѓе кои си забрануваат. А нели секогаш забранетото е нај слатко.
 

Dorina

Активен Член
20 октомври 2017
93
71
28
51
Koj e toj/taa koj/a i pokraj zabranata nema da napravi onaka kako sto naumil/a? Kolku poveke zabrani tolku poveke tajni.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Ballet is my life

Истакнат Член
9 јуни 2018
298
106
353
Не бранам, не ми браанат. Кој е он да ми кажува што смеам што не