Дискус Хернија

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дефиницијата ќе ја копирам затоа што ако јас фатам да објаснувам „се’ “ ќе разберете.

Дискус хернијата настанува со оштетување на ‘рбетните корени предизвикани од пролапс (испаѓање) на лумбалните интервертебрални дискуси.
Меѓу пршленските тела на `рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (односно дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди. Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси.
2853


Темава ја отворам за продискутираме за оваа појава, која верувајте е доста честа.
Јас ја имам веќе отприлика една година, ја добив поради многу физичка работа.
Кога почна да ме боли ’рбетот ја игнорирав болката, и си продолжував да работам(а работев како дистрибутер и на секој 20 минути се наведнував да кревам пакети). Еден ден болката веќе не се издржуваше и се вратив дома порано од работа, легнав во кревет и сакав масажа. Кога го виде грбот жена ми, вресна. Ми бил сиот модар во делот кај што ми е „потфатен пршленот“-тоа така ја напросто си го викам којзнае кој му е медицинскиот термин.
Од тогаш имам направено милијарди испитувања и снимања. Препишани ми се Мовалис таблети за да функционирам нормално, одам на физикална, забранета ми е секаква физичка активност ама сум немирен и не можам да стојам без да правам белји и деновиве болката станува се’ поголема.
Докторот каде што одам ми вика дека е најпаметно операција, но имам разговарано со една повозрасна личност која била во Холандија на операција, и денес ги има истите болки....
Ако некој знае нешто плус, и има искуство ќе ми биде мило да го сподели...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ~ Скарлетка ~

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos имаш потврдена дијагноза за ова? Магнетна резонанца? Не би да те плашам, ама направи PET скен колку да елиминираш можност да е предизвикано од тумор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Arkantos имаш потврдена дијагноза за ова? Магнетна резонанца? Не би да те плашам, ама направи PET скен колку да елиминираш можност да е предизвикано од тумор.
Направено е, и тоа на две места затоа што сум параноик, немам тумор. Дефинитивна е дијагнозата Дискус Хернија L3 и L4.
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
оперативниот начин на лекување е единствен лек за твојата состојба верувај
не верувај на некои кои се оперирани и имаат пак болки,секој си е случај сам за себе
доколку не ти помагаат таблетите и физикалната,советувај се за операција со твојот доктор

п.с.доколку се што си направил не помага тогаш ти препорачувам операција,во спротивно не
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
се израдував дека и ја го имам истиот проблем и кога ми текна за што се радувам ми идеше да се пикнам у земја. баш ме интересира без операција кој е лекот пошто ја ова го имам од 13 год, наследно ми е и веќе не се трпи
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Драги мој публикуме, додека го пишувам овој пост наклукана со неколку врсти на апови за смирување на болка, ви изјавувам дека јас на мои скоро 27 год. се соочувам со вакво нешто и тоа баш сега.
Значи немам направено испитувања, не знам за што точно се работи, ама одвреме - навреме ( ова е релативно, може еднаш годишно, може на секои 4 месеци ) имам ужасни, значи УЖАСНИ болки во кичмата, `рбетот.
Неиздржливи.
Ми се има случено, буквално да бидам прикована за кревет и освен главата да не можам да мрднам ништо друго, зашто секое помрднување ми создаваше незамислива болка.
Јас, како поборник на апчиња, хемикалии, дрн дрн...се покорив и пред Диклофенак, Дијазепам, и веќе имињата им ги заборавив...

А, се почна пред неколку години, кога при наведнување нешто ми крцна во `рбетот...
И само да ви кажам, во вакви случаи не практикувајте масажа на своја рака, зашто големи се шансите да зезнете нешто уште повеќе, дури ни професионални физио терапевти не се нафаќаат да масираат додека не видат снимка.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Самите доктори кажуваат дека операциите не се никаква гаранција дека состојбата ќе се подобри. Сепак се можност да останеш во количка.
Немам време сега. После надолго ќе го споделам своето мислење и искуство.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
се израдував дека и ја го имам истиот проблем и кога ми текна за што се радувам ми идеше да се пикнам у земја. баш ме интересира без операција кој е лекот пошто ја ова го имам од 13 год, наследно ми е и веќе не се трпи
Наследно? Зошто до сега не сум слушнал дека Дискус Хернијата се наследува?
slb_bobo ти? Видов дека прв коментираше на темава вероватно би знаел. Lena и ти коментираше вероватно би знаела и ти.
Драги мој публикуме, додека го пишувам овој пост наклукана со неколку врсти на апови за смирување на болка, ви изјавувам дека јас на мои скоро 27 год. се соочувам со вакво нешто и тоа баш сега.
Значи немам направено испитувања, не знам за што точно се работи, ама одвреме - навреме ( ова е релативно, може еднаш годишно, може на секои 4 месеци ) имам ужасни, значи УЖАСНИ болки во кичмата, `рбетот.
Неиздржливи.
Ми се има случено, буквално да бидам прикована за кревет и освен главата да не можам да мрднам ништо друго, зашто секое помрднување ми создаваше незамислива болка.
Јас, како поборник на апчиња, хемикалии, дрн дрн...се покорив и пред Диклофенак, Дијазепам, и веќе имињата им ги заборавив...

А, се почна пред неколку години, кога при наведнување нешто ми крцна во `рбетот...
И само да ви кажам, во вакви случаи не практикувајте масажа на своја рака, зашто големи се шансите да зезнете нешто уште повеќе, дури ни професионални физио терапевти не се нафаќаат да масираат додека не видат снимка.
Не сакам да те плашам, ама можеш веднаш да одиш на испитувања. Ако сакаш во пп ќе ти пишам адреса број, од специјалистите кај што имам правено испитувања јас, затоа што многу е добро веднаш да почнеш со терапија. Јас, од игнорирање на болката, пред неколку месеци стигнав до неколку недели лежење потполно неподвижен во кревет, ако само ти кажам дека дадов отказ од работа само затоа што веќе не можев да се движам...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Наследно? Зошто до сега не сум слушнал дека Дискус Хернијата се наследува?
slb_bobo ти? Видов дека прв коментираше на темава вероватно би знаел. Lena и ти коментираше вероватно би знаела и ти.

Не сакам да те плашам, ама можеш веднаш да одиш на испитувања. Ако сакаш во пп ќе ти пишам адреса број, од специјалистите кај што имам правено испитувања јас, затоа што многу е добро веднаш да почнеш со терапија. Јас, од игнорирање на болката, пред неколку месеци стигнав до неколку недели лежење потполно неподвижен во кревет, ако само ти кажам дека дадов отказ од работа само затоа што веќе не можев да се движам...
Има некоја слаба врска со генетика, ама тоа е поврзано со мутација во гените задолжени за протеините кои ја регулираат екстрацелуларната течност. Барем така пишува во патологијата до мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos