Диета која помага при забавување на процесот на стареење

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Освен диетите за намалување на вишокот килограми, диетата како здрав начин на исхрана помага и во разубавувањето.

Оваа диета всушност помага при намалувањето на процесот на стареење, а нејзината суштина е да се намали внесот на калории за 30 % од стандардниот внес, да се користат производи со минерали, витамини и други есенцијални нутритиви кои допринесуваат за виталност.
Оваа диета помага да ја подобрите општата слика на вашето здравје, да спречите срцеви заболувања, Алцхајмерова, Паркинсова болест, како и дијабетис.

Ова е листа на производи чие конзумирање ќе го забави процесот на стареење.

ОМЕГА 3 МАСНИ КИСЕЛИНИ ПРОТИВ БРЧКИ:
Во оваа група на намирници спаѓаат: пастрмка, лосос, сардина, бадеми, туна, харинга...
Рибата содржи омега 3 и омега 6 масни киселини, а овие киселини го намалуваат процесот преку кој доаѓа до зачепување на порите од кожата, создавање акни и појава на брчки.

ОРЕВИ:
Јадете дневно по неколку ореви, зашто содржат голема количина антиохсиданси, витамин Е и незаситени масни киселини.

ЗЕЛЕН ЧАЈ:
Пијете дневно по две шољи од зелениот чај, кој се смета за чудотворец во превенција на болести и процес на стареење.

МАСЛИНОВО МАСЛО:
Исклучиво е корисно за меморијата. Исто така содржи масти кои го намалуваат „ лошиот“ холестерол.


ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК:
Јадете од 500 до 1000 гр овошје дневно и изберете овошје од различен вид, со различна боја. Секој ден јадете голема порција сезонска салата.

ТЕЧНОСТИ:
Најдобра опција се водата и зелениот чај, а избегавајте кафе и сок. Дневно треба да внесувате по 1,5 Л а навечер е корисно да се напиете чај од камилица за смирување.

ЗА ПОЈАДОК ПИЈТЕ МЛЕКО И НИСКОМАСТЕН ЈОГУРТ:
Изберете јогурт со бифидо бактерија, и препорачливо е да пиете по пола литар млеко дневно. Добро е да го пиете после тренинг. Јогуртот содржи здрави бактерии за здрав дигестивен тракт, ги спречува проблемите поврзани со стареењето.

СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕТЕ 150 ГР. ХРАНА БОГАТА СО ПРОТЕИНИ:
Тоа е пилешко, мисиркино месо, јајца, немастно сирење, мешункаст зеленчук. Ако вежбате, потребни ви се повеќе протеини дневно, од 1,2 до 1,5 гр. по килограм тежина.

ВАРЕЊЕ:
Важна улога во процесот на стареење има варењето, затоа докторите препорачуваат да се јаде што повеќе храна која содржи влакна кои помагаат да се подобри варењето. Меѓу тие производи спаѓаат и : Ореви, кафен ориз, грав, семки, овошје. Сите тие помагаат во варењето, ги стимулираат цревата и помагаат со намалувањето на холестеролот.

Освен навиките при исхраната треба да внимавате и неколку други работи:

- Бидете активни рано наутро,
- Правилно одржувајте ја оралната хигиена,
- Движете се и вежбајте,
- Спијте најмалку 6 часа навечер,
- Бидете смирени и опуштени,
- Учете од другите ако гледате дека е корисно,
- Формирајте навики,
- Бидете во друштво
- Бидете совесни!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Господеее...кад тад ќе остариш, уживај и живеј си го животот, ќе се храниш со ловоров лист за да не остариш?

Без врска работи праите....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Bum-Bum

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
И јас, човек кој пие по минимум 5 дупли нескафиња дневно (понекогаш се случувало да пијам и по 8-9) досега треба да изгледам како... хмм... Како дедо ми?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Мислам дека насловот не е баш најдобар, не е дека нема да остарете, кој не остарел, туку работата е дека во постарите години да изгледате помладолико (да немате многу брчки, да имате поубаво лице, кожа и тн.)
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Диета против стареење? Бреј сс што се замарате ви људи. Има у кину еликсир за бесмртност. Идите, проверите.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Го сменив насловот, да не ви боде очи.
Стареењето е нормален процес, кој сакале или неќеле сите не чека.
Ова е начин на исхрана кој би помогнал при забавување на тој процес.

Не мора да се придржувате побогу. Јас не знам што мрчите колку да се каже нешто само, зашто инвентивноста најверојатно и не е баш некоја особина која би ја истакнале најверојатно.

Бог да чува.