Детството ми помина со...

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
со Политикин забавник и Лу
images
 

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Најголем дел од времето надвор го поминував,играјќи црно ѕвонче,мижи баба,жмурка,штркот бара боја :D знам дека правевме скривници со трева и плашевме луѓе..или на конец врзувавме паричник и го остававме на улица кој ќе се наведне да го земе ние го повлекувавме конецот :giggle
Инаку дома пред телевизор најмногу уживав гледајќи Рабробил,Наше Маало,Во светот на Бајките,Том и Џери,Средношколски Мјузикал,Покемон,Брац,Бушава Азбука,Македонски стари Приказни.... се на се забавно детство. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

SaltNPepa

Староседелец
19 август 2013
49
116
633
Израснав кај баба ми, кога кренав на училиште со последното ѕвонче јас пак се селев таму. Улицата ни беше полна со деца, генерациски скоро сите бевме тука некаде, имаше и постари и помали од нас. Главно се играше криенка, фудбал, тенис...Кога малку потпораснавме, некако родителите многу не ни обрнуваа внимание и сите знаеја дека кај се сите таму си и ти. Обично денот го преспивавме, а ноќта лутавме. Шетавме од улица до улица, имавме „маалски пресметки„, знаевме да скинеме по некоја зелена кајсија па да не истераат. Имавме неколку места каде се собиравме, еден секогаш одеше и купуваше сончоглед или семки за сите и така низ муабет обично го дочекувавме изгрејсонцето и се прибиравме за дневно спиење. Следната вечер пак така. Растевме со сите детски емисии и цртани филмови што ги набројаа членовите. Во кратко, ние бевме деца.

Денес такво нешто ретко може да се види, дел затоа што веќе не е безбедно, дел затоа што ФБ и интернетот се поинтересни. На денешниве генерации не им е сфатливо што значи да се извалкаш во прашина, да паднеш и да се повредиш играјќи со друштвото или што значат ноќните берби на зелени кајсии.

И на улиците им недостасува детскиот џагор, што се помалку и помалку ќе се слуша како што одминува времето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and Aquarius

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Среќна сум што имав прекрасно детство.Многу работи ми ги исполнуваа деновите.
Разни игри -
жмурка,вис,цакате ли војска,цигари,Мати Мати колико је сати,џамија,збирам фото,џамлии,Тасо жетони,клик-клак,Јо-Јо,лигаво топче,ѓаволско топче,детска пошта,собирање и размена на салфетки,детски албуми(Сара Кеј,Пепелашка...)игри со кукли и барбики,игри во улога на цвеќарка,докторка и професорка...
Од емисии-Наше маало,Туфи и Двојче,Бушава азбука,Во светот на бајките,Големи и мали,Македоснки народни приказни ...
Цртани- Том и Џери,Пепелашка,Пчеличката Маја,Мики Маус,Похахонтас .......
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaltNPepa and Mistery :)

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
Самиот збор ''детство'' ме навраќа на мноогу убави моменти од мојот живот. Најмногу впечатоци имам од маалото каде што си игравме по цел ден, нема игра која не сум ја играла, ми недостигаат тие моменти кога бев безгрижно девојче, ми недостигаат сите лудости и глупости кои сме ги правеле, ми недостигаат дури и раните кои ги имав по колената од трчање и паѓање. Секогаш кога нешто ќе ме растажи нешто, се сеќавам на тие денови се насмевнувам и се чуствувам подобро. :sreken
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Секоја среда весникот Нова Македонија ...средишните страници резервирани за детското катче Колибри.
Постерите од списанието Екран..закачени на секоја страна од собата на првата комшика...кај мене беше забрането.
Правенје алишта на првата барбика која ја имав само јас .
Собиранје на салфетки......денешните во споредба со тогашните се...нула.
Игранје на мижимач..дама..домино..шах...градови и села....
Распуст..поминат кај баба и дедо...а таму незаборавните собиранја на маалските деца.....поголемите свиреа на гитари...незаборавните хитови кои се вртат и денес.
.....................
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
На играње жмурка, играње џамлии, крадци полицаји, уличен фудбал ,баскет, граница, мечето ушко емисијата нашето маало
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Гледање на сите можни цртани на Дизни, опсесија со 101 Далматинец и снимање на секоја можна евровизија на касета :D:D:D