Детето кое се сеќава на својот претходен живот (видео)

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
belata-spomen-kukja-2.jpg

Откако наполнил две години, Камерон Макалау почнал за зборува и на своето семејство да им прераскажува како изгледал неговиот живот со претходното семејство, тврдејќи дека живеел на островот Бара, а неговата приказна не се менувала наредните три години, туку само уште повеќе се детализирала. Малечкото момче Камерон од Глазгов цврсто верува во живот по смртта! Тој се сеќава на далечниот шкотски остров Бара на кој, како што тврдел, живеел во „бела куќа“ со мајка му, татко му и тројца браќа и сестри.

Камерон на својата сегашна мајка ѝ објаснил како „паднал низ дупката“ и дошол кај неа, а во последно време момчето сè повеќе е вознемирено, бидејќи му недостига неговото претходно семејство. „Никој од нас никогаш не го одвел таму. Од почетокот не се грижевме, но сега сè повеќе сме загрижени, бидејќи е далеку од своето семејство на Бара“, изјавила неговата мајка Норма.

Во градинката Камерон раскажувал како во белата куќа имал три бањи, а во станот во Глазгов има само една. Кога зборувал за другиот татко, Шон Робертсон, рекол дека умрел, бидејќи не погледнал на „двете страни“, веројатно мислел дека го удрил автомобил. Всушност, откако почнал да зборува, малиот зборува за својот претходен живот - секогаш истата приказна, но со текот на времето многу подетална.

Зачудувачки резултати

Овој неверојатен феномен на реинкарнација го проучувал психијатарот Ијан Стивенсон, кој тврдел дека во истражувања со деца открил уште 2.500 позитивни случаи на реинкарнација. Стивенсон отишол во пензија во 2002 година, починал пет години подоцна, но со неговите истражувања продолжил психијатарот Џум Б. Тракер, па така загрижената Норма, заедно со петгодишниот Камерон, му се обратиле токму нему. Тргнале од приказната на островот Бара, каде што откриле страшни резултати.

„Камерон беше воодушевен. Слетавме на плажата токму како што кажа. Ми рече дека смета оти јас и неговата претходна мајка добро би се согласувале. И тогаш ме праша дали му верувам сега“, раскажува Норма. Со Камерон се сретнале и историчари, кои им кажале дека навистина постоело семејството Робертсон и оти во седумдесеттите години на минатиот век имале бела викендичка. Кога стигнале таму, детето одеднаш се стишило и се повлекло.

Ги нашле сите детали што ги опишал. Со помош на одделот за население, ја нашле и Гилијан Робертсон, која живее во Шкотска и која летувала во белата куќа. Во времето на кое Камерон се сеќава, Гилијан била дете и таа, исто така, се сеќава на кучето кое тој го споменува во своите приказни, но тврди дека немало Шон Робертсон, ниту, пак, некоја смрт во семејството. Иако повеќето спомени на Камерон се потврдиле, и понатаму не постои одговор на некои прашања, а тој сè помалку зборувал за Бара.

Погледнете го видеото:

 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
27
Охрид
:eek::eek:

имам читатно уште неколку вакви стории, јаки се сите

еве една од тие шо можам да ги најдам:
Тоа е приказна која се доловува и истата може да заврши на филмското платно.James Leininger, 11 годишно момче од Lafayette во Louisiana, минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација.
Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на се’ од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 Март 1945 година.
Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна, бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудовидени.
james_leininger_ghjh.gif

Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston. Кога ја наполнил втората година, детето почлнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт.
На своите родители тогаш по прв пат им објаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила моторот на авионот и дека животот му завршил во морето.
Неговиот татко Bruce, од првин бил скептичен спрема реинкарнацијата, потоа почнал да истражува и го однел синот кај преостанатите живи војници кои служеле на тој брод. И останал без зборови.
Откога малиот James ги видел своите стари воени другари, оние кои ги познавал ги поздравил по име.
james_leininger_anne_barron32.jpg
Но, тоа шокантно откритие не е крај на приказната. Родителите на детето ја пронашле и Anna Barron, сестрата на James Huston. Старицата брзо заклучила дека детето е нејзиниот покоен брат.
“Тоа дете ми раскажа многу разни детали од нашето детство што одма заклучив дека тој навистина е мојот брат. На пример, тој се сети на нашите портрети кои ги нацрта нашата мајка, а за тие слики никој не знаеше освен ние двајцата - раскажа стариацата.
Приказната за ова дете неодамна е објавена во книгата "Soul Survirov", а како што изгледа наскоро ќе заврши на филмско платно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead, Gemini and parvati

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
не верувам нешо мн во реинкарнација така да не ми држат вода приказниве