Тоа може да се коментира и без да се става девојката во центар. Ко да им е малку маката на нејзините па уште да читаат секакви можни сценарија од луѓе кои си седат на форум и си праат муабет додека си пијат кафенце.
Тогаш не би требало да се постира на ниедна трагична тема, шо ќе бидне со подфорумот за историја, ете јас напишав пост по повод еден век од прва светска а на форумот може да има некој кому му загинал прадедо на Солунски фронт...

Then again може некој/а ќе прочита и ќе размисли добро дали воопшто да се пријави за таква работа во иднина. Не се сите за таква работа, како што кажав постои епидемија на самоубиства по бродови. A во случајов не се во прашање Black Rose Marine Corps

И онда џаво долази по своје...
Најголемо срање е монотонијата. Има и тешки работи но тоа не е некоја причина за депресии. Монотонијата е гадна, таква рутина е нешто кое го нема на копно, може да се спореди веројатно со тура во воено подрачје само што не летаат куршуми наоколу.
Буквално истото пак истото секој ден, од облека до работа до истите фаци до истите наредби и муабети до истите прања и пеглања и дневни и неделни собири кај надредените кои ги држат истите говори, истите дрилови за случај за несреќа, легнување и станување во исто време...без ниеден ден за одмор. Секако и на копно има едноличност но сепак има и пријатели и социјален живот и интернет, филмови, серии, разонода, дешавки... настани кои барем малку ја кршат монотонијата.
Најмногу таму издржуваат лица кои би можеле да се опишат како дронови ама тоа е веќе тажна категорија на раја на која не би трошел премногу килобајти...