Дениса Маркоска

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа може да се коментира и без да се става девојката во центар. Ко да им е малку маката на нејзините па уште да читаат секакви можни сценарија од луѓе кои си седат на форум и си праат муабет додека си пијат кафенце.

Тогаш не би требало да се постира на ниедна трагична тема, шо ќе бидне со подфорумот за историја, ете јас напишав пост по повод еден век од прва светска а на форумот може да има некој кому му загинал прадедо на Солунски фронт...:gjavol

Then again може некој/а ќе прочита и ќе размисли добро дали воопшто да се пријави за таква работа во иднина. Не се сите за таква работа, како што кажав постои епидемија на самоубиства по бродови. A во случајов не се во прашање Black Rose Marine Corps :kafe туку самата динамика на работните односи. Пример - платите се исплаќаат во кеш на крај на секоја тура (7,10,14 дена) и екипажот ги чува парите во кабината. Имало случаи пред крај на договор парите да `исчезнат` од кабината и сега замисли ситуација каде некој штедел и напорно робувал пола година, собрал некои 3-4.000 долари и кврц - отишло се` во неповрат. А само за да се добере до работно место има 1000-1500 долари во трошоци. Освен тоа и се чека со месеци за повик. Што значи не само што останал без пари туку и во долгови и треба да се врати дома со минус од 1500+ долари и шест месеци рмбачење за ништо. Може самиот вработен се позајмил, може неговите се позајмиле од некаде, секакви ситуации има - и не само што ќе должат туку и маката џабе.

И онда џаво долази по своје...

Најголемо срање е монотонијата. Има и тешки работи но тоа не е некоја причина за депресии. Монотонијата е гадна, таква рутина е нешто кое го нема на копно, може да се спореди веројатно со тура во воено подрачје само што не летаат куршуми наоколу.
Буквално истото пак истото секој ден, од облека до работа до истите фаци до истите наредби и муабети до истите прања и пеглања и дневни и неделни собири кај надредените кои ги држат истите говори, истите дрилови за случај за несреќа, легнување и станување во исто време...без ниеден ден за одмор. Секако и на копно има едноличност но сепак има и пријатели и социјален живот и интернет, филмови, серии, разонода, дешавки... настани кои барем малку ја кршат монотонијата.

Најмногу таму издржуваат лица кои би можеле да се опишат како дронови ама тоа е веќе тажна категорија на раја на која не би трошел премногу килобајти...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: red dragon and MoonFairy

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

http://forum.crnobelo.com/threads/Работа-на-брод.1088/
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Е да де има тема работа на брод...ама овде правиме муабет за исчезнување од брод...
Не знам зошто цел контекст го сфати како сеир или тепање време дури пиеме кафенце...
И јас како родител можам да замислам како им е на нејзините, ама нашето коментирање (кое не е злонамерно и кое 100% сум сигурна дека не го читаат) е далеку побезболно од она што им го презентираат на тв, вести, весници и слично...
А што фајде има пак ако за сите настани само се ќути?!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Океј, така нека е. Мене не ми е во ред, да не се повторувам илјада пати, не мора да значи дека сум во право.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од каде да знам дека имало таква тема, ја видов оваа и напишав искуства и став по прашањето за феноменот на исчезнување на членови на екипажот по бродови.
А тек постовите за малејжан ерлајнс :) луѓето сеуште не ги најдоа а овде си пишуваме вака било онака било (smoke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Има ли некои нови информации за девојкава?
Освен тоа дека нашле тело во морето кое јас мислам дека е нејзино. :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има ли некои нови информации за девојкава?
Освен тоа дека нашле тело во морето кое јас мислам дека е нејзино. :)

Резултати од ДНК анализата се очекувале, за да се утврди дали е лешот на исчезнатата особа...
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
И резултатите се дочекаа...и во Грција се докажа дека телото е на Дениса, истите се потврдија и во Македонија, ама најтрагично е што причините за смртта остануваат непознати...
Резултатите од обдукцијата во Грција ги нема, нема никави детали, опис...ништо...
Не можам ни да замислам низ кој пекол минуваат нејзините најблиски кои цел живот ќе ги прогонува прашањето - што се случило со нивното чедо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Outrider

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Има плакати низ градот дека е погребана во Прилеп, само не прочитав дали во старите или новите гробишта. А пошто сме смешна држава во секое поле, и овој случај ќе се заташка на некој начин, а родителите никогаш нема да ја преболат изгубената ќерка.