Да сакаш или да бидеш сакан?

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Што е подобро по Вас да бидеш сакан/на или пак да Сакаш
ретко кога овие две нешта се поклопуваат во животот, обично едната или другата страна е таа која е вљубена.
Лично за мене ќе кажам дека поубаво ми е кога јас сум заљубен тоа чуство е најубаво едноставно и ништо друго да не ти оди ако имаш љубов имаш воља за се.
На ред сте Вие :) (party)
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Најубаво е кога двете работи ќе се спојат во едно, тоа би била вистинската љубов, кога воедно си и сакан а и сакаш.
Убаво е да знаеш дека си сакан, ама ако не чувствуваш дека можеш да возвратиш, полошо е.
А да сакаш, а не ти е возвратено, најлошо е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
За љубов потребни се двајца,сепак залудна е љубовта ако е само од едната страна.
Џабе да сакаш некого ако не те сака и џабе некој да ме сака ако јас не го сакам... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
а кога би бирале од овие две нешта што би избрале ??
кој би бил вашиот избор ??
ајде да бидеме повеќе искрени сепак животот не е песна :)
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Кога би бирала? Тежок избор.Сварно не знам што би одбрала.
Најдобро е да сакаш и да бидеш сакан :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blabla

turop

Активен Член
15 март 2012
105
68
28
Ако збориме за љубов помеѓу двајца не можат да се сакаат двајцата еднакво секогаш едниот повеќе и истиот пати.А онака во опшеството нормално е да сакаш за да бидеш сакан.Но живееме во едно опшество во кое владеат матријалните добра,па автоматски го добиваш вниманието од другите.Не учеле да се молиме:Господи не мене да ме сакаат,туку јас сите да ги сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

elizabetta

Истакнат Член
8 септември 2012
236
382
63
Најлошо е да не бидеш сакан, но уште поголема несреќа е- да не сакаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Комбинацијата на неизменично давање и земање е најдобра,бар за мене..колку што давам и да добивам. Неизмерното давање на подолг временски период мислам на давање љубов од една страна може да доведе до исцрпување и незадоволство нормално..се празнат батериите и интересот кон другата особа се намалува. Така да кога доаѓа од двете страни е најубаво и најинтересно.