Дали џентлмените се загрозен вид во изумирање?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Темата џентлмен, сме читале за ваквите ендемски видови во книгите на Николас Спаркс, и сме ги гледале во холивудските романтични комедии. Студирјќи на оваа тема:):) наидов на спротиставување помеѓу машките и женските погледи(што и не ме зачуди) на оваа тема.

Жените се жалат како повеќе не постојат мажи кои отвараат врата од автомобил, ги носат кесите од попладневното пазарување, на -20степени го соблекуваат своето палто за да и го дадат на девојката , стануваат во преполн автобус од своето место за да и го отстапат на некоја жена/девојка/баба и слично. Вистински мажи во вистинска смисла на зборот. Дали треба да се задоволиме со мажите на кои секој втор збор е пцофка, секоја втора мисла е вулгарна и секој прв манир потсетува на примитивниот прачовек.

Од другата страна пак мажити се прашуваат како да постојат џентлмени кога во денешно време со самото тоа што жените бараат рамноправност , услугите на џентлмените не се посакувани. Џентлмените изумреја со пристапување на сила на рамноправноста маж-жена. Исто така имаше и коментари од типот како да постои џентлмен кога повеќе нема дами, за кого да бидеме џентлмени, за шмизли, спонзоруши? Вистинската дама во вистинска смисла на зборот сама ќе си најде џентлмен, затоа што со такви жени , мажите неможат а да не се однесуваат со целосна почит, восхит.

Кое е вашето мислење на оваа тема?
 
m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
Одговорот го најдов во твојот пост и се прдржувам на ова мислење
Исто така имаше и коментари од типот како да постои џентлмен кога повеќе нема дами, за кого да бидеме џентлмени, за шмизли, спонзоруши?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
Одговорот го најдов во твојот пост и се прдржувам на ова мислење
Исто така имаше и коментари од типот како да постои џентлмен кога повеќе нема дами, за кого да бидеме џентлмени, за шмизли, спонзоруши?
па доволно сте паметни де испитувајте малце
 
m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
па доволно сте паметни де испитувајте малце
што да испитувам истото сакав да го кажам а го најдов во нејзиниот пост се додека има шмизли и спонзоруши , џентлмените си изумираат
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Одговорот го најдов во твојот пост и се прдржувам на ова мислење
Исто така имаше и коментари од типот како да постои џентлмен кога повеќе нема дами, за кого да бидеме џентлмени, за шмизли, спонзоруши?

А зошто се лепите за таквите шмизли и спонзоруши? Има добри девојки, само тие на прв поглед не изгледаат толку интересни, слободни и девојки кои во една вечер ќе ги добиете. Не сакате да се потрудите и да изгубите време со такви добри девојки, а после некое време кога ќе барате девојка која ќе треба да ја претставите пред родителите ве фаќа паника каде да ја најдам.
А исто и мислам дека и да сакате да се однесуват џентлменски се плашите да бидете исмејани од другарите и наречени папучари. Мажите ги мешаат поимите папучарство и џентлменство:) Се надевам ќе наидеш на нормални женски и ќе го смениш мислењето;)
 
Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
...Има добри девојки, само тие на прв поглед не изгледаат толку интересни, слободни и девојки кои во една вечер ќе ги добиете. Не сакате да се потрудите и да изгубите време со такви добри девојки, а после некое време кога ќе барате девојка која ќе треба да ја претставите пред родителите ве фаќа паника каде да ја најдам.

Дозволи со истото да ти одговорам јас -
Има добри дечковци (џентлмени), само тие на прв поглед не изгледаат толку интересни, слободни и дечковци кои во една вечер ќе ве освојат целосно. Не сакате да се потрудите и да изгубите време со такви добри дечковци, а после некое време кога барате дечко за озбилно, ве фаќа паника каде да го најдете.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Дозволи со истото да ти одговорам јас -
Има добри дечковци (џентлемени), само тие на прв поглед не изгледаат толку интересни, слободни и дечковци кои во една вечер ќе ве освојат целосно. Не сакате да се потрудите и да изгубите време со такви добри дечковци, а после некое време кога барате дечко за озбилно, ве фаќа паника каде да го најдете.

За жал и добрите дечки учат од лошите па неприродно на истиот идиотски начин сакаат да си спечалат девојка, мислејќи дека е тоа единствениот начин. Има добри момци, не реков дека нема, а и не мислам дека нема. Темава е за џентлменство, нешто што нашите прадедовци го практикувале.Се женеле со договорен брак често без љубов , но секогаш се однесувале со почит и крајна нежност кон своите жени. Дозата на почит што сега ја нема . Сега сите сме заљубени до уши, а во обични глупави караници од двете страна се кажуваат најпогрдни зборови кои не му личат ни на најпростиот човек на планетава. Не зборувам за добри и лоши дечки. Зборувам за културата, начинот на зборување, на слушање, на воздржаноста, трпението.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Зборуваш за почит, зборуваш за трпение, за воздржаност... Но за жал, во време кога од секоја страна се брза.
Велиш дека џентлмените одат постепено, трпеливо... За во меѓувреме да се појави некој „бесен“ тип кој девојката ќе му ја собере за секунда, нели? Или дури и да не се појави тој тип, ако џентлменот оди постепено и не ја „форсира“ работата, не ретко се случува на девојката да и’ стане досаден, демек „Ако досега имаше интерес кон мене, ќе преземеше нешто поконкретно.“ И оп, додека трепне, дечкото е во фамозната friendzone. :) Дечко кој според сите прописи е идеален за таа девојка... но никогаш нема да биде со неа. :)
Затоа, размисли, доколку џентлмените се „загрозен“ вид, нешто мора да го поттикнало тоа, нели? И не, тоа не се другарите кои ги исмејуваат, ти го гарантирам тоа. Јас ако сум сериозно загреан за девојка, „ми стало“ што мислат другарите за начинот на кој и’ приоѓам, се’ додека со тоа сум чекор(и) поблиску до целта. :)
Вината ја делат еднакво двете страни: Мнозинството машки зашто веќе сметаат дека е залудно да се троши време на кавалерско и трпеливо однесување (што е голема грешка), а мнозинството женски зашто се во постојана трка да завршат и тие со дечко (да не се единствени во друштвото без „момак“), па дури и ако на крајот тој се покаже како се’ што не сакаат од него.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Просто и едноставно, ако нема дами, нема ни џентлмени и обратно.
Тие две работи си одат правопропорционално. Не можам јас да барам од некој да се однесува спрема мене како спрема принцеза ако јас пцујам како кочијаш, и не може тој од мене да бара да се однесувам ко дама ако тој се однесува ко дете и најголем машки подвиг му е да седне со пивото пред ТВ и да ми рече да му направам сендвич.
Така да, и двата вида сами си се убиваат во поим.

А веќе друга тема е што многу машки се полетуваат по лесни женски, и многу женски летаат по ванаби бед бојс.
Тоа е веќе она чукање у ташак у стилу „Види ме ти мене, се’ живо можам да завртам. Фаца сум.“
Но минливо е. На крај сепак секој со свој калибар ќе си заврши.
Едно е краткотрајна авантура колку да се омрси бркот, а сосема други квалитети се бараат за сериозна врска.
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Темата џентлмен, сме читале за ваквите ендемски видови во книгите на Николас Спаркс, и сме ги гледале во холивудските романтични комедии. Студирјќи на оваа тема:):) наидов на спротиставување помеѓу машките и женските погледи(што и не ме зачуди) на оваа тема.

Жените се жалат како повеќе не постојат мажи кои отвараат врата од автомобил, ги носат кесите од попладневното пазарување, на -20степени го соблекуваат своето палто за да и го дадат на девојката , стануваат во преполн автобус од своето место за да и го отстапат на некоја жена/девојка/баба и слично. Вистински мажи во вистинска смисла на зборот. Дали треба да се задоволиме со мажите на кои секој втор збор е пцофка, секоја втора мисла е вулгарна и секој прв манир потсетува на примитивниот прачовек.

Од другата страна пак мажити се прашуваат како да постојат џентлмени кога во денешно време со самото тоа што жените бараат рамноправност , услугите на џентлмените не се посакувани. Џентлмените изумреја со пристапување на сила на рамноправноста маж-жена. Исто така имаше и коментари од типот како да постои џентлмен кога повеќе нема дами, за кого да бидеме џентлмени, за шмизли, спонзоруши? Вистинската дама во вистинска смисла на зборот сама ќе си најде џентлмен, затоа што со такви жени , мажите неможат а да не се однесуваат со целосна почит, восхит.

Кое е вашето мислење на оваа тема?
Според мене џентлменството нема врска со рамноправноста на жените.
Ако си рамноправен, не значи дека не можеш да бидеш или џентлмен или дама.
Ретки се многу, ама сепак сеуште постојат машки со манири, и тоа сум се изненадила искрено.
И не ја гледам кривицата кај жените, демек се бараат бед бојс, дека притиснати зошто сите имаат врски па сега ајде они ќе најдат кој било.
Мене ми се тоа само изговори, дека само заради тоа денес не постојат џентлмени.
Се е до карактерот и до манирите.
Сите жени не бараат исто.
Колку што може да ни се свиѓа некое "лошо момче", исто толку може да ни се свиѓа и некој со манири.
Муабетов ви го сфатив ко сеа демек вие девојки размислете зошто ние така не се однесуваме со вас.:^)
Или си таков или не си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider