Човек со стил, жена со стил-се фрази кои сме ги кажале за одредени личности.
Но, што претставува за вас стилот?
Да знае убаво да се облече, да има чувство за естетика, да го цени и истакнува убавото...што?
Според мене, личност со стил е личност која знае што сака, знае како сака да изгледа, знае како да го потенцира убавото и што е најважно има чувство за естетика.
Таа е личност која никогаш не изгледа „ефтино“ облечена и чии комбинации оставаат со подзината уста.
Овде не мислам на личност која купува само брендирана и скапа гардероба.
Стилот е нешто повеќе од блуза и здолниште.
Жена со добар стил е жена која покрај убаво искомбинирана и прикладна гардероба и чевли има и средена коса, средена шминка, средени нокти...
За мене, целокупната појава на еден човек ми значи стил. Добар или лош.
Но, сметам дека тој не може да се купи (освен ако не си ангажираш стилист, но тоа веќе не си ти). Тој или го имаш или го немаш. Модата можеш да ја купиш, но не и стилот.
Што според вас е стилот?
И дали мислите дека тој е бесплатен или се купува со пари?