Дали стилот е бесплатен?

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Човек со стил, жена со стил-се фрази кои сме ги кажале за одредени личности.
Но, што претставува за вас стилот?
Да знае убаво да се облече, да има чувство за естетика, да го цени и истакнува убавото...што?

Според мене, личност со стил е личност која знае што сака, знае како сака да изгледа, знае како да го потенцира убавото и што е најважно има чувство за естетика.
Таа е личност која никогаш не изгледа „ефтино“ облечена и чии комбинации оставаат со подзината уста.
Овде не мислам на личност која купува само брендирана и скапа гардероба.
Стилот е нешто повеќе од блуза и здолниште.
Жена со добар стил е жена која покрај убаво искомбинирана и прикладна гардероба и чевли има и средена коса, средена шминка, средени нокти...
За мене, целокупната појава на еден човек ми значи стил. Добар или лош.
Но, сметам дека тој не може да се купи (освен ако не си ангажираш стилист, но тоа веќе не си ти). Тој или го имаш или го немаш. Модата можеш да ја купиш, но не и стилот.

Што според вас е стилот?
И дали мислите дека тој е бесплатен или се купува со пари?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Сметам дека е бесплатен,баш како што имаш и ти потенцирано дека стилот не е само блуза и здолниште,и не дека ако тие се брендирани го прават и човекот со свој сопсвен стил.
Целокупната појава го манифестира стилот на човекот,ако две исти личности се сосема идентично облечени а со слични конструкции не значи дека и двете особи ке имаат стил,можеби едната од двете нема да знае како да ја носи таа гардероба на себе,односно ке нема став за таа гардероба.
Но не значи дека ако некој си има свој сопствен стилист дека не го купува стилот,тоа е веке купен стил оти таа личност не успеала да си го изгради позитивно самата.Многу пати и самите стилисти утнуваат претежно дур не го осознаат ставот и дрзањето на личноста за која работат.
Сакам луге со свој сопствен стил кои не ја бркаат модата,туку носат парчиња кои токму нив ги окарактеризуваат.Но тоа не значи дека во сопствениот стил не знаат да земат и вметнат дел од актуелната модна линиа.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Никоја пара на светов не може да купи стил и чувство за складност и естетика.
Колку само славни се облекуваат кич, а дома се бањаат во милиони. Па дури и со стилист, пак се посерат на облеката.
Личност која има вкус, ќе знае и вреќа за компири да ја обликува и приспособи спрема телото.
Стилот ми е олицетворение на личноста. За личност која има стил, знам дека знае што сака, што одговара на формата на телото т.е. што ќе го истакне најубаво, кои бои одговараат на тенот, која боја со која одговара, дали материјалите си одговараат.
Се покажува во голема мера карактерот, ексцентричноста или смиреноста. А парите дека го прават, не.
Не може сега дреч зелен сомот и каки црвен сатен да опнам со тегет штикла и чипкана црна чорапа.
Па од кој сака дизајнер нека се, колку сака нека се скапи, ќе изгледам ко циркузант.
Јасно, има луѓе со стил, кои за жал не можат да го истакнат поради недостиг на финансиски средства, но и со тие скромни што ги имаат, пак можат подобро да склопат од некој богаташ во Гуци, Доче Икебана итн.
 

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
270
204
1,043
hahahhahahhahah pa ne besplaten taa bluza tie farmerki taa tasna kapa cizma nezz so treba da ja platis :)
 
  • Like
Реакции: Гонзо

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Значи.. има луѓе шо личат дека имаат стил само поради тоа шо имаат доволно финансиски средства за да си овозможат марка, па и повеќе гардероба.
Ама тие луѓе мене ми се worthless. Да имаш стил, не е да купеш Долче и Габана оригинал, вредно не знам колку, па да се фукаш со тоа, или пак.. не мора да е оригинал, може и некоја скапа гардероба. Секако треба да си средена, без разлика дали си у пижами или не, поентата е дека стило треба да ja карактеризира личноста. Ја повеќе ценам некој шо може сам да си направе нешто и да го носе, или да направе интересни комбинации ...
Стило може да биде бесплатен, ако имаш смисла за естетика, ама ако немаш.. тешко тебе ! :kafe
 
  • Like
Реакции: JaMi

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,192
3,931
743
Зарем има нешто денес бесплатно? Уште малце и воздухот ќе го плаќаме, а за ова па да не правиме муабет..
Сигурно од воздух нема да ти паднат пари за да се облечеш или да купиш нешто.
 
  • Like
Реакции: AnDrEj and Bibi@

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
За да го градиш твојот стил мора да имаш средена коса, средени нокти (а за да ти бидат средени ноктите мора да си купеш лакче :D ) да купуваш облека (или да си направеш нешто свое, па мора да имаш некоја блуза, фармерки, за да си ги дотераш, изменеш, претходно па е морало да си ги купеш ), чевли, ташни.. мора работи да си купеш за да можеш да ги носеш и да имаш стил.. Така да - стилот не е бесплатен.
 
  • Like
Реакции: InnaLaurie

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Стилот не се купува! Стилот се гради! Почитувам луѓе со свој стил иако на пример е различен од мојот,но ги ценам затоа што знаат да се носат со тоа што го носат! Тука не зборам за снобовите што само се промовираат дека носат познати марки и купуваат работи на кои гледаат името на марката да биде што поголемо за да можат другите да забележат!