Јас сум 19 години, живеам во сопствен свет изолиран од светот од општеството, навикната на болка, јас сум всушност мазохист. Не се жалам, сепак ова ги премина границите
Тоа малку се претвори во зависност, таа осаменост премина во болка и психолошко измачување.
Ништо не допира до мене. не знам да го користам интернетот на нормален начин, висам по социјални мрежи. до пред 2 месеци четував со непознати луѓе.
Не ми беше важно што ќе правам на интернет, дали песни ќе слушам, дали туторијали ќе гледам , дали на фб ќе објавам нешто или на твитер. евепред месец дена се придружив на инстаграм.
Го изгубив здравјето, психичкиот мир, мирната совест, се соочувам со кошмари секоја вечер
помалку јадам, пијам, поважно ми е да бидам на интернет
не сакам да го правам тоа а го правам тоа. самата се уништувам тоа најмногу ме боли
Немам пријатели, всушнот не ја ценат мојата различност, а јас не ја ценам нивната, дома со семејството се караме, и така наоѓав причина да го трошам времето на нет. ама очигледно погрешен потег беше тоа. затоа сега страдам како наркоман без кокаин