Охридско Езеро
Охридското Езеро со право заслужува назив - македонско слатководно море, и тоа не само поради топлата сина боја, која е поинтензивна и од небесното синило, туку и поради големината, бидејќи зафаќа површина од 358 км2. Така, се добива впечаток дека пред нас се наоѓа голем морски залив или пак истргнато парче морска широчина, фрлено меѓу високите планини на надморска височина од 695 метри. А над езерото, на неговиот северен брег како посебен декор се издигнува древниот Охрид, сместен на двоен рид, чија највисока точка - Самуиловата крепост, се наоѓа на околу 800 метри надморска височина.
Речиси правилниот елипсовиден облик на езерото овозможува од безброј места, со поглед да се опфати целата негова живописна модросина површина. Одманастирот Свети Наум па сe до селото Радожда на спротивниот брег, по водата се протега невидлива гранична меѓа, којашто езерото го дели на два дела. Две третини од неговата површина и припаѓаат на Република Македонија, а една третина на Република Албанија.
Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км. од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151м.
За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег. Најголемиот број извори се подземни притоци од соседното Преспанско Езеро, кое се наоѓа на поголема надморска височина, а исто така е создадено со тектонско поместување на почвата. Најпознати извори се охридските Студенчишта или пак уште попознати како Билјанини извори, кои се наоѓаат во непосредна близина на градот. Силни извори има околу манастирот Свети
Наум (29 км јужно од Охрид). Овие извори излегуваат од варовитите спили во подножјето на планината Галичица. Најпрвин водата се собира во едно живописно езерце, кое во текот на своето постоење формирало и две мали живописни островчиња. Кристално бистрата вода од езерцето преку една куса и брза рекичка се влева во Охридското Езеро.
Кај Струга (14 км од Охрид) водата на Охридското Езеро истекува низ реката Црн Дрим, која, во Албанија, се влева во Јадранското Море. Од најстари времиња бреговите на Охридското Езеро биле густо населени. Во текот на подоцнежните векови, покрај многубројните помали, главно рибарски села, израснале и три големи населби: Охрид и Струга на македонската, и Поградец на албанската територија.
Преспанско езеро
Преспанското езеро второто по големина природно езеро во Македонија. Од вкупната површина, 109 км2 припаѓаат на РМ, 84,8км2 на Грција, а 38,8км2 на Албанија.
Езерото се наоѓа на надморска височина од 853 м и со тоа е највисокото тектонско езеро на Балканот. Лоцирано на само 10 Км оддалеченост од Охридското езеро со надморска височина повисока за 150м, водите на овие две езера се мешаат во карстниот терен под планинскиот масив Галичица. Се смета дека дел од водите на Преспанското езеро постојано се одливаат во Охридското.
Извонредно богато со езерска флора и фауна, Преспанското езеро има одлични услови за развивање не само на езерски туризам, но и на многу други форми на алтернативен туризам, имајќи предвид дека културните, географските и природните еко карактерсиски на непосредните планински масиви и населени места (Пелистер, Галичица, Брајчино, Курбиново...) нудат можнсти за најразлични туристички активности и дејноси.
Туристичките потенцијали на Преспанското езеро за жал сe уште не се во целост исполнети, и токму овој податок остава просор за значајни инвестиции во доменот на туризмот и неговите алтеративни форми во регионот.
Дојранско Езеро
Дојранското Езеро е најмалото од трите тектонски езера во Македонија, со вкупна површина од 43,1 Км2, лоцирано на границата помеѓу Македонија (27.3 Км2) и Грција (15,8Км2).
Со максимална длабочина од 10м, Дојранското Езеро, сместено во близина на градот Дојран, е познато по неговите води екстремно богати со лековити алги и разновидна флора и фауна.
Дојранското езеро е познато по традиционалните методи на риболов со помош на рибарски мрежи и корморани. Туризмот не е се уште целосно развиен во овој регион, но сепак има огромни потенцијали за развој.