Truth. Ah, my favorite subject.
Вистината е единствен пат кој спојува еден единствен настан и цел кој тој настан се стреми да исполни. Ова сум јас како изигравам филоЗоф . Ама што е тука е, сите знаеме дека вистината е една и единствена за секое поставено прашање. Погоре прочитав дека сите ние доживуваме различна перцепција за светот околу нас и ме натера да да прокоментирам на истото. Ако некој перцепира некоја светлина со одредена фреквенција на различен начин од некој друг како што ја перцепира во никаква смисла не значи дека вистината се перцепира различно од различни гледни точки. Ако некоја одредена фреквенција произведува некаков спектар со цврсто утврдени правила и норми тогаш тоа е вистината, не значи дека аномалијата за перцепција на вистинската боја е „своевидна вистина“ за таа личност. Пример тука се далтонистите. Сите знаеме дека постои зелена и црвена боја, но ајде докажи му на далтонистот. Вистината е дека тие немаат сетило за да ја видат вистината на тоа поле. Од тука и доаѓа поговорката „очите знаат некогаш и да излажат“ што многу кажува за вистината. Вистината е една и единствена и некогаш неможе да се перцепира ниту со сетилото за вид па ниту со останатите сетила, едноставно некои вистини неможеме да ги перцепираме бидејќи самиот факт што постојат работи вон нашето разбирање е доволен доказ дека сите си ја гледаме вистината како ние мислиме дека е логична на нас и како ние мислиме дека е треба да ја разбереме. Сума сумарум, вистината е нешто што никогаш на никој неможеш да му кажеш дека е „вистина“, бидејќи е невозможно некои вистини да се разберат од обичниот човек.
Далтонистот е таков бидејќи има пропуст во сетилата. Окото не му гледа ко што треба. Тоа ништо не докажува. Позната е ограниченоста на сетилата и нивната функција.
"Проблемот" го гледам во разумот, односно во обработка на внесените информации.