Дали постојат повеќе вистини за една работа?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Велат постои вистина и лага, две одвоени категории кои во најопшта форма симболизираат добро и лошо.
Но дали постојат за една иста работа повеќе вистини?

Во склоп на темава еден текст за најпросто објаснување:

Еднаш многу одамна, во едно село живееја шестмина слепци. Еден ден соселаните им рекоа – "Луѓе, во селово денеска дојде еден слон".Никој од нив не знаеше што е тоа слон. Но иако не можеа да го видат, одлучија да одат и да го опипаат тоа чудно животно. Сите заминаа на местото каде што беше слонот.И секој од нив го допре големото животно.

"Еј, па слонот е како столб" – рече првиот слепец кој ја допре ногата на слонот.

"Грешиш. Мене ми изгледа како да е јаже" – забележа вториот слепец кој ја држеше опашката на слонот.

"Ма не... Слонот е ист како некоја тенка гранка" – додаде третиот слепец, допирајќи ја сурлата на животното.

"Хмм... јас би рекол дека личи на едно големо ладало" – умно дофрли четвртиот слепец додека допираше едно од ушите на слончето.

"Луѓе, ова е исто како и некој голем ѕид" – извика петтиот слепец, кој со двете раце го допираше стомакот на слонот.

"Незнам за вас, ама јас би рекол дека слонот е ист како некоја цврста цевка" – одлучно рече шестиот слепец, допирајќи еден од големите слоновски заби.

Така, шестемина слепци започнаа да се расправаат за тоа како изгледа слонот и притоа секој од нив инсистираше дека е во право. Токму кога се чинеше дека работите стануваат напнати и вон контрола, едно мудро старче кое минуваше во близина, откако ги забележа развиканите луѓе, ги запраша – "Во што е проблемот?"

Тие одговорија – "Не можеме да се сложиме околу тоа како изгледа еден слон". Секој од нив на старчето му го опиша своето лично доживување на големиот слон. Откако ги ислуша, мудриот старец мирно им рече – "Сите вие сте во право. Причината поради која секој од вас различно го опишува слонот е поради тоа што секој од вас допрел еден поинаков дел од големото животно. Всушност, слонот ги има сите тие делови кои поединечно ги наброивте."

Помалку зачудено, сите воздивнаа. Им олесни и беа среќни поради тоа што секој од нив ја зборувал вистината и бил во право за она што го тврдел.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
би рекла дека постои една вистина
но, колкав дел од таа вистина, ние сме моќни да согледаме или осознаеме?
поголема е одошто очекуваме или претпоставуваме
колку ќе ја осознаеме веројатно зависи од тоа дали ќе запреме на првиот дел кој ќе го „опипаме“ или ќе продолжиме и понатака водени од мислата дека можеби има нешто повеќе
субјективноста е најголема кочница
а тврдоглавото верување само во сопствената мисла значи задоволување само со непотполни парчиња и стоење во место
суетата е исто така голема кочница
не сакаме и не сме секогаш подготвени да прифатиме и нечие друго мислење, различно од нашето, верувајќи дека така остануваме доследни на сопствената личност
а всушност остануваме доследни на својата ограниченост
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Fallen.

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Според мене вистината е една, ама постојат повеќе видувања или погледи кон таа вистина. Еве еден прост пример. Имаме чаша до средина полна со вода. Сега оптимистот ќе рече дека чашата е полуполна, додека песимистот ќе рече чашата е полупразна. Како и да гледаш и двајцата ќе ја зборуваат вистината. Ама зависи од кој агол ја гледаш ситуацијата. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Вистината е една,море не,може да има повеке вистини...ама како повеке кога е една..не не,сепак вистината е Една.
Видувањата се повеке,секој човек ги гледа од свој аспект.
Во едно секојдневие на една вистина со повеке видувања наидуваме повеке пати.
Порано бев апсолутен поборник дека нема повеке од една вистина,дури нема ни две,дека е само една и никој неможе да го смени тоа.Но сега веке знам дека вистината не е една,дали аспектите ја прават таква или не,сепак постојат повеке вистини.
За мене може е една ако гледам само слепо од мене,ако не го почитувам тој спроти мене и неговите видици.
Не постои апсолутна вистина и само една.
А колку само сакав да е една вистината:)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Jас сакам да ве прашам вас сите што замислувате под поимот вистина? Што е вистината за вас?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Jас сакам да ве прашам вас сите што замислувате под поимот вистина? Што е вистината за вас?
константа со точно определена вредност
апсолутна дефинираност на соодноси, принципи, карактеристики на даден објект, независно од субјектот кој тој објект го перцепира
пр. дали е нешто големо или мало одредуваме според наши субјективни мерки
вистината би била големината на тоа нешто независно од нашиот аспект на видување, доживување, односно поимање
оти сѐ е такво какво што е и никакво поинакво
дали е жолтото навистина жолто или само нашето око, поточно нашиот мозок го перцепира како такво?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ГоспоТ

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
За одговор на ова прашање мислам дека е пресуден аспектот, страната од која е гледана одредена работа, ствар, или некое прашање кое бара одговор.
Во правото постојат докази и факти кои ги чинат тие докази.
Постојат докази кои треба да се докажат во текот на една постапка а од друга страна постојат и ноторни факти кои се општопознати и немаат потреба да се докажуваат.
Токму тука доаѓа аспектот на прашањето- Дали постојат повеќе вистини?
Доколку тема на разговор е скопскиот земјотрес од 1963, тој факт нема потреба да се докажува, и за таа работа ќе постои една вистина- да, дека тој се случил во 1963 година.
Сложениот дел доаѓа од другото гледиште на работите. Гледиштето за они ствари, појави, кои би можеле да имаат повеќе вистини- за кого како.
Имам читано дека научници се обидувале да докажат дека секој од нас на посебен начин ги гледа работите преку своите очи.
Можеби јас гледам дека форумов е сиво-бел, а можеби и дека е плав.
Тоа највеќе доаѓало до израз при гледањето во друг човек. Затоа и постојат вкусови за одредени луѓе. Јас мислам дека Марија е најубава, и таква таа постои во моите очи. Трпе мисли дека Стојна со 110 кг што ја има дома му е неговото совршенство, а друг не би ја ни погледнал.
Сите тие вистини се индивидуална работа. Сите тврдења на светот се различни во очите на милијарди луѓе.
На страна го тргаме инатот и оние карактреи од луѓе кои почнуваат разговор колку само да испровоцира нешто и да тера по свое иако и тој е свесен дека не е во право за една работа.
Затоа, мислам дека секој има право на свое мислење, се додека во (не)врзан муабет не претера со инатењето и тегавњето, да објаснува дека немало земјотрес во Скопје во '63.
 
ти зборуваш за субјективни вистини
а тие се само парчиња од целината
доказите и фактите можеби ќе ги имаш на располагање, можеби ќе ги немаш
но без разлика дали имаш или немаш докази и факти дека нешто се случило, ако нештото се случило тогаш навистина се случило
на пр. дали постои реинкарнација? никој не ја докажал, но тоа не значи дека не постои. Ако постои и се случува, тогаш постои и се случува независно од нашите сознанија и од нашиот аспект на доживување и видување
во однос на убавината, исто така субјективни вистини, кои варираат под влијание на емоциите, било да се позитивни или негативни
оти Марија и Стојна се всушност обични единки од човечкиот вид, имаат две уши, две очи, нос, уста... Единствената физичка разлика помеѓу нив е обликовната. Обликот е само облик, дали е убав или не, не е категорија која соодветсвува со она што значи вистина. Убавината е субјективна и емотивна категорија, односно карактеристика за која е неопходно постоењето на набљудуван и набљудувач, доживуван и доживувач.
Во однос на гледањето, повторно субјективна вистина, значи повторно само парче од целината. Можеш да гледаш коцка но да видиш само квадрат, во зависнот од аголот под кој ја гледаш. И повторно однос перцепиран и перцепирач.
Објективната вистина е една и независна.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
lady_blue делумно се сложувам со тебе. Сакам нешто да ти оставам и да прочитам толкување во однос на тоа (се разбира ако имаш време да го изгледаш видеото и сакаш да ми дадеш толкување).

Баш сакам да го прочитам твоето гледање на ова.