Дали постојат повеќе вистини за една работа?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Реми
Затоа што сите ја перцепираме различно. Давам најобичен пример. Она што е светлина со фрекфенција од 600 ТераХерци за тебе е зелена, но јас ја гледам сигурно поинаку од тебе. Но независно од тоа како ја гледаме, тоа е сепак светлина од 600 THz и припаѓа во делот наречен зелена боја, а тоа што не ја перцепираме еднакво е нашата субјективност.
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина

Тоа е поентата!
Сите доживуваме различна перпцепција за светот околу нас. Тогаш како е возможно да се тврди дека постои објективна вистина, единствена вистина ако никој не ја спознал?
Ќе си одговорам самата - Имаме ограничени сетила со кои го восприемаме светот. Но! Каде е рационалноста? Ако имаме исти сетила со горе - долу ист капацитет на примање и пренесување информации, тогаш разумот ги обработува на ист начин, а ги штанца различно?! Во форма на искуства, мисли, ставови?!
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Реми
Да, имаме ограничени сетила со кои ја восприемаме реалноста и ја спознаваме секој на свој уникатен начин. Можеби за мене боите не постојат (да, имам цела теорија изготвено за ова), но за тебе постојат. Никогаш нема да можеме да ја спознаеме објективната вистина потпирајќи се на сопствените искуства, а ниту пак потпирајќи се на нечии други затоа што се од иста важност. Дали мојата или твојата перцепција, сеедно. Ни едната ни другата не е доволна за да покажува објективност токму поради фактот што и двете се субјективни погледи кон реалноста.
 
Се слагам. Бидејќи субјетивни тегледишта не не водат кон објективна вистина, тогаш дали истата постои?
Ако постои кои се доказите?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
lady_blue делумно се сложувам со тебе. Сакам нешто да ти оставам и да прочитам толкување во однос на тоа (се разбира ако имаш време да го изгледаш видеото и сакаш да ми дадеш толкување).

Баш сакам да го прочитам твоето гледање на ова.
еден објект, ќе го наречам објект без разлика на тоа што е и каков е, без разлика дали е бран, електрон, топче, материја, има свои точно определени карактеристики, правила и начини на реакција во однос на дадена акција. Точно определени услови дефинираат точно определено однесување. Ако се промени било кој од тие услови во било каква мера, се менува однесувањето на објектот. Кога, како, колку и зошто се прашања кои ние си ги поставуваме трагајќи по единствената вистина. Користејќи ги сознанијата кои ги имаме правиме претпоставки очекувајќи дадени резултати. Понекогаш резултатите се совпаѓаат со очекувањата, понекогаш не. Во зависност од тоа колкаво ни било почетното сознание толкаво ќе биде совпаѓањето односно отстапувањето на резултатот со очекувањето.
Во случајов набљудувачот на точно одреден начин влијае на однесувањето на објектот. Резултатот не се совпаѓа со очекуваниот. Тоа што не знаеме зошто и како едното влијае на другото, не значи дека нивните меѓусебни односи се подложни на менување.
Секогаш кога во навидум исти услови еден објект реагира на поинаков начин, тоа значи дека нешто, макар и најмало нешто, во тие услови се променило, предизвикувајќи притоа промена на однесувањето и реакцијата.
Сѐ има свои точни закони со точно определени параметри.
Единствено нешто што нема точно определени параметри и начини на однесување се чувствата.
Одговорите секогаш постојат. Дури и тогаш кога не ги знаеме вистинските прашања.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Реми
Не можеш да знаеш дали постои. Можеби постојат повеќе објективни вистини паралелни една на друга, но и двете точни и притоа недостапни за субјективниот ум на човекот.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
lady_blue

Ова видео беше показател баш за субјективноста и недостапноста на објективноста за субјективниот ум. Електроните во случајов се честици кои имаат инфинитезимална маса и брзина споредлива со таа на светлината. Таквите честици имаат лесно забележливи дуални карактеристики на честици и бранови во исто време. Хајзенберг дал многу убав приод кон овој проблем со неговата теорија за неопределеност или ако сакаш понестручно кажано колку поточно ја определуваш положбата на честицата толку поголема грешка правиш при пресметување на импулсот на честицата (брзината со која се движи и масата).

Овој случај замени го со онаа „поопипливата“ реалност и го добиваш она што сакав да ти го кажам со тоа видео.
 
Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Truth. Ah, my favorite subject.

Вистината е единствен пат кој спојува еден единствен настан и цел кој тој настан се стреми да исполни. Ова сум јас како изигравам филоЗоф (talk) . Ама што е тука е, сите знаеме дека вистината е една и единствена за секое поставено прашање. Погоре прочитав дека сите ние доживуваме различна перцепција за светот околу нас и ме натера да да прокоментирам на истото. Ако некој перцепира некоја светлина со одредена фреквенција на различен начин од некој друг како што ја перцепира во никаква смисла не значи дека вистината се перцепира различно од различни гледни точки. Ако некоја одредена фреквенција произведува некаков спектар со цврсто утврдени правила и норми тогаш тоа е вистината, не значи дека аномалијата за перцепција на вистинската боја е „своевидна вистина“ за таа личност. Пример тука се далтонистите. Сите знаеме дека постои зелена и црвена боја, но ајде докажи му на далтонистот. Вистината е дека тие немаат сетило за да ја видат вистината на тоа поле. Од тука и доаѓа поговорката „очите знаат некогаш и да излажат“ што многу кажува за вистината. Вистината е една и единствена и некогаш неможе да се перцепира ниту со сетилото за вид па ниту со останатите сетила, едноставно некои вистини неможеме да ги перцепираме бидејќи самиот факт што постојат работи вон нашето разбирање е доволен доказ дека сите си ја гледаме вистината како ние мислиме дека е логична на нас и како ние мислиме дека е треба да ја разбереме. Сума сумарум, вистината е нешто што никогаш на никој неможеш да му кажеш дека е „вистина“, бидејќи е невозможно некои вистини да се разберат од обичниот човек.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
lady_blue

Ова видео беше показател баш за субјективноста и недостапноста на објективноста за субјективниот ум. Електроните во случајов се честици кои имаат инфинитезимална маса и брзина споредлива со таа на светлината. Таквите честици имаат лесно забележливи дуални карактеристики на честици и бранови во исто време. Хајзенберг дал многу убав приод кон овој проблем со неговата теорија за неопределеност или ако сакаш понестручно кажано колку поточно ја определуваш положбата на честицата толку поголема грешка правиш при пресметување на импулсот на честицата (брзината со која се движи и масата).

Овој случај замени го со онаа „поопипливата“ реалност и го добиваш она што сакав да ти го кажам со тоа видео.
разбрав де :)
муабетот ми е дека без разлика дали објективноста е достапна или недостапна за субјективниот ум, таа објективност си постои и си е точно дефинирана
тоа што се обидуваш колку што е можно поточно да ја определиш положбата на честицата значи дека ти влијаеш на нејзиното однесување менувајќи ги условите.
Грешките во пресметките се јавуваат заради тоа што не знаеш на кој начин своето влијание, кое го правиш при процесот на истражување, да го вметнеш во целата математика. Оти сеуште ја немаш откриено точната формула.