Дали постојат повеќе вистини за една работа?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Truth. Ah, my favorite subject.

Вистината е единствен пат кој спојува еден единствен настан и цел кој тој настан се стреми да исполни. Ова сум јас како изигравам филоЗоф (talk) . Ама што е тука е, сите знаеме дека вистината е една и единствена за секое поставено прашање. Погоре прочитав дека сите ние доживуваме различна перцепција за светот околу нас и ме натера да да прокоментирам на истото. Ако некој перцепира некоја светлина со одредена фреквенција на различен начин од некој друг како што ја перцепира во никаква смисла не значи дека вистината се перцепира различно од различни гледни точки. Ако некоја одредена фреквенција произведува некаков спектар со цврсто утврдени правила и норми тогаш тоа е вистината, не значи дека аномалијата за перцепција на вистинската боја е „своевидна вистина“ за таа личност. Пример тука се далтонистите. Сите знаеме дека постои зелена и црвена боја, но ајде докажи му на далтонистот. Вистината е дека тие немаат сетило за да ја видат вистината на тоа поле. Од тука и доаѓа поговорката „очите знаат некогаш и да излажат“ што многу кажува за вистината. Вистината е една и единствена и некогаш неможе да се перцепира ниту со сетилото за вид па ниту со останатите сетила, едноставно некои вистини неможеме да ги перцепираме бидејќи самиот факт што постојат работи вон нашето разбирање е доволен доказ дека сите си ја гледаме вистината како ние мислиме дека е логична на нас и како ние мислиме дека е треба да ја разбереме. Сума сумарум, вистината е нешто што никогаш на никој неможеш да му кажеш дека е „вистина“, бидејќи е невозможно некои вистини да се разберат од обичниот човек.

Далтонистот е таков бидејќи има пропуст во сетилата. Окото не му гледа ко што треба. Тоа ништо не докажува. Позната е ограниченоста на сетилата и нивната функција.

"Проблемот" го гледам во разумот, односно во обработка на внесените информации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ГоспоТ

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Далтонистот е таков бидејќи има пропуст во сетилата. Окото не му гледа ко што треба. Тоа ништо не докажува. Позната е ограниченоста на сетилата и нивната функција.

"Проблемот" го гледам во разумот, односно во обработка на внесените информации.

Зборувам за перцепцијата на вистината. И ако си ме сфатила како што треба ке знаеш дека и разумот некогаш има пропусти исто како окото за да не дојде до вистинската вистина а не до онаа која што на нас ни изгледа вистинска.
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Зборувам за перцепцијата на вистината. И ако си ме сфатила како што треба ке знаеш дека и разумот некогаш има пропусти исто како окото за да не дојде до вистинската вистина а не до онаа која што на нас ни изгледа вистинска.

Како тоа да се реши?
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Далтонистот е таков бидејќи има пропуст во сетилата. Окото не му гледа ко што треба. Тоа ништо не докажува. Позната е ограниченоста на сетилата и нивната функција.

"Проблемот" го гледам во разумот, односно во обработка на внесените информации.
тоа што сетилата му се ограничени значи дека тој никогаш нема да ја спознае црвената боја, но таа сепак постои. А не ни треба доказ дека постои оти ние ја гледаме и тоа ни е доволна вистина.
Во однос на објективната вистина тоа би значело дека човековиот ум е ограничен и не е во можност да го осознае она што е околу него, во целост, такво какво што е.