Дали верувате во глупоста наречена „љубов“?

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Секако дека верувам бидејќи постои.
А ти ова што си го напишал сигурно некоја те повредила многу, па не си осетил доволно љубов. Има различни момци и девојки, некој сакаат да флертуваат некој не. Е сега зависи какви ќе си одбереме ние дали некој убави без карактер, или карактер а не е убав.
Сите велат пред се карактер а сепак бараат убавина. Абе ајде..секој различно си ја доживува љубовта.
 

Neverna Mala

Староседелец
21 ноември 2013
123
79
1,038
35
Верувам во глупоста наречена љубо но тоа не значи дека љубота е без интерес. Љубовта трае онолку колку што трае интересот на партнерите кој не секогаш мора да биде ист. Пример, негов интерес е добриот секс а нејзин матрејална корист, љубовта ќе трае се додека еден од партнерите не го изгуби интересот.
Инаку љубовта како љубов онаква кава што е опишана во песните чиста и без трунка интерес можеби постои но е многу, многу ретка.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Не е глупост љубовта и не е за сељаци. Не може љубов да има кај тие што не се спремни на компромис и се однесуваат како да не се заинтересирани и како ништо да не ги засега. Таквите личности се ретардирани и му фали нешто во мозокот, тоа се гледа по начинот на нивното однесување. Ако е како што опишав претходно значи си имате работа со некој или некоја ретардирана личност, со ниска самодоверба, егоцентрик што мисли дека има се и никој друг не му треба.
Љубовта е само за тие што се храбри и можат се во лице да кажат. Човек што не знае што чувствува и не знае да каже што чувствува не е спремен на љубов ниту на сакање.
Сме биле сите во токсични врски, па сме заклучиле дека на крај доаѓа личност која е спремна светот да ни го промени. Се што било урнато претходно од ново се гради и испаѓа како ништо претходно да не било скршено. Постојат такви луѓе, јас си имам таков партнер и ептен ми е убаво со него. Ми го разубавува секој ден, на минатото воопшто не ни мислам. Животот и љубовта без него немаат смисла.
Треба да имате среќа само, да дозволите да ве пронајде некоја личност или да оставите некоја токсична ретарда и да си бидете спокојни и среќни. Љубовта сама ќе дојде не се откажувајте никогаш. Не дозволувајте погрешна претстава за љубов и партнер да стои на местото каде љубов нема и никогаш немало.
Немојте да сте жртви на тоа дека не е спремен за врска партнерот, дека сака само сексуална игра. Сето тоа се изговори на слабите луѓе кои не знаат и не се спремни да доживеат нешто најубаво на свет.
:zelen(star)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Неспорно е дека скоро секој верува во љубовта,проблемот е во тоа дали е таа вистинска или не тоа е клучното прашање,како секој еден би знаел дали е таа вистинската иако верува,подолг период секако дека не може баш се да покаже дали е тоа тоа или не и на крајот кога ќе се собере и одземе сето тоа пак нема начин да се увериш во тоа дали е баш вистинска љубов.:cool: