Грижа на совеста

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Грижата на совест се дефинира како најголема морална казна.Дали само човек што има совест може да има и грижа на истата?Дали во денешно време има луѓе кои никогаш не почувствувале грижа на совест?Дали вашата совест е чиста и неизвалкана или ве демне и не ви дава мир? Дали воопшто ја има во денешно време грижата на совест?Дали вие ја имате?

пребарав низ форумов и видов дека нема ваква тема но ако има слободно во канта нека оди.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Грижата на совест се дефинира како најголема морална казна.Дали само човек што има совест може да има и грижа на истата?Дали во денешно време има луѓе кои никогаш не почувствувале грижа на совест?Дали вашата совест е чиста и неизвалкана или ве демне и не ви дава мир? Дали воопшто ја има во денешно време грижата на совест?Дали вие ја имате?

пребарав низ форумов и видов дека нема ваква тема но ако има слободно во канта нека оди.

Секој ама баш секој има грижа на совест, кај некого можеби е поголема, кај некого помала...Не верувам дека посои некој што ниту еднаш не почувствувал грижа на совест, кој и да ми го тврди тоа не е во право.
Да, денешново општество и менталитетов кај народов е страшен ама мислам дека сеуште постои грижа на совест, не би можела да се искорени...е сега има разлика, некого го јаде оваа грижа ама баш му е гајле си тера напред, а некој едноставно не може да спие поради неа...
Имам грижа на совест за некои работи кои ги сметам за грешни а сум ги направила но ништо не е до толку сега да се потресувам околу тоа, едноставно има моменти кога ме копка нешто, некоја вина, всушност тоа ти е грижа на совеста..
А казна да, може да биде голема казна но само за човек кој си ги сфаќа своите морални вредности, има образ и сфаќа дека згрешил...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Gemini

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Социопатите немаат чувство за емпатија и грижа на совест. За нив, нивните потреби и цели се на примарна позиција.
Other than that, ничија совест не е апсолутно чиста.
Макар и ненамерно да е сторено нешто кое подоцна донело несакани последици, грижата на совест јаде.
А, да ви кажам право, порано бев Мајка Тереза, па многу ме притискаше за секакви ситници, дури се потиснував себе за други да не се осетат оштетени, а сега баш и не ме тангира. Нема да газам преку мртви тела, ама па нема ни преку себе.
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Имам грижа на совест не велам не, но тоа не е онака да не ме остава на мира и да си правам психички трауми ама присутна е некогаш повеќе некогаш помалку. А во денешно време сметам дека има луѓе без грижа на совест и можат све и свашта да ти наштетат и воопшто да не ги копка.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Секој ама баш секој има грижа на совест, кај некого можеби е поголема, кај некого помала...
Помала може некогаш да се протолкува и како минимална во децимали така да премногу е за некои да кажеме дека ја имаат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Незнам за другите луѓе, и не е мое да тврдам дали имаат или немаат.
Јас имам, и тоа многу често ми се случува дури и да не можам да заспијам од грижа на совест.
Јас сум таков, често на нервоза кажувам работи, кои и не ги мислам баш баш - всушност, ги мислам ама не на толку грозен начин како што знам да ги кажам, па да повредат некого многу.
После си стојам и си гледам во таван цела ноќ, следното утро ми се случува да ползам за да ми простат.
Изгубив многу работи поради мојата брзоплетост... за тоа ќе ме јаде совеста додека сум жив.
 

M.Adams

Истакнат Член
16 јануари 2013
82
96
118
Немам.
Спијам џоа бебенце.(Со исклучок на кошмарите:zelen )
Пазам што правам а непотребна не си создавам ниту дозволувам да ми наметнат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Mameha

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Немам, ама за тоа пак секогаш се трудам да не направам нешто што би ја предизвикало истата.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Немам потреба за некоја убиствена грижа на совест, ама таков човек сум и во обична караница да кажам нешто лошо, после ме гризе совест цела ноќ. Затоа не можам да ги сфатам оние што прават толкави злодела без око да им трепне, па уште и ги повторуваат.