Го сакам мирисот на...

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
33
Во неговото срце.
Го сакам мирисот на печените пиперки, особено во септември.
Го сакам мирисот на липите во јуни.
Го сакам мирисот на ванила, ме тера да се чуствувам меко и заносно.
Го сакам мирисот на морето измешан со мирисот на кокосовото млеко за сончање.
Го сакам мирисот на свежо мелено кафе - убивам за таа арома.
Го сакам мирисот на пластични работи - ме потсетува на Југопластика и времето кога одевме таму за да ми купи тато душек и гума за пливање, а јас се губев помеѓу тие пластични работи и душкав.
Го обожавам мирисот на бензин, ме потсетува на бензинските на кои застанувавме во ниедно време во ноќта. Ме потсетува на нашите долги, редовни патишта секое лето.
Го сакам мирисот на нова книга. Секогаш кога купувам книга, скришум го нурнувам носот помеѓу страниците и силно вовлекувам како наркоман. Нема поубаво од мирисот на свежо купена книга која едвај чекам да ми ја стават на книжарскиот кантар и да ја купам.
Го сакам мирисот на Љубовта како и мирисот на неговите перени алишта. Сакам се' што е од него(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and JaMi

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
мирисот на лотос
бензин:)
на нова книга
бекутан
цистата постелина
миристот на свежо искречан зид(happy)
мирисот на неговата кожа....никогаш нема да го заборавам:(
на кафе....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
го сакам мирисот на печени костени
мирисот на липите
мирисот на море
мирисот на омилениот парфем
мирисот на боја, бензин и лепак
мирисот на лак за нокти и коса
мирисот на свежо мелено кафе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Elena

Истакнат Член
14 февруари 2012
155
169
343
Home.
Го сакам мирисот на дожд , јоргован , бензин , торта , пролет , ии лето ,
имат мн. други , ко ке ми текнит ке допишам:)