Да не се повторуваме... секој го сака мирисот на луѓето околу него, на љубов и што ти знам што...
Но од обичните работи сакам да го издвојам мирисот на нов телефон, мирисот на бензин (и да го направат 1000 евра јас пак ќе возам на бензин), мирисот на синтетичка фарба за метал, мирисот на нитро разредувач.
Мирисот на топло киснато кога ќе влезам кај другар ми в бурегџилница, мирисот на чај од јагода и ванила, кафенцето што ми е одамна забрането...
И да... го сакам миристо на седиштата од Шкода... на какви што си преспивав како мал кога се враќавме од негде, па сега откако купив пак таква кола по толку години, понекогаш пак го сеќавам тој мирис на некакво платно иако има 38 години колата.