Носам 40 и ретко кога не сум нашла. Т.е. ако не најдам, значи се продал бројот, а не дека немало.
Една ситуација која ме изреволтира пред некое време: видов едни сандали на висока штикла, од Аванти. Барам број да пробам, нема. Прашувам дали се продале (за да ги најдам низ другиве градови) ми вика воопшто не дошле. И за други модели од аванти ми се случувало да нема број 40, додека пак има 35/6. Па, Господе, произведуваат детски броеви (условно речено) а моделите на штикла, а не произведуваат голем број ко за голем човек. Не викам дека нема девојки со мала нога, ама кога правиш 35ка, направи и 40ка барем.
Мајка ми носи 41, таа пак ептен ретко наоѓа чевли.
Тоа за низ нашиве продавници, додека по интернет странициве има и поголеми броеви од 40/1, така што можеш да се снајдеш.
А инаку,
Ана-Каренина, братучед ми носи 48. Кога тренираше ракомет патиките му ги правеа по нарачка. Ги нарачуваше во спортскиве продавници, како Најк, Орка и сл. и тука му стигнуваа. Ова ти кажувам за пред некоја година, сега веќе не тренира.