Голем број (калап) на чевли

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Инспирирана од темата за мал број на чевли а и од моменталната ситуација дома, не можеме во Македонија на брат ми да му најдеме патики поголеми од 46 за ракомет, решив да ја отворам темава.
Тие што имате големо стапало како се снаоѓате???
 
  • Like
Реакции: Nightmare_f

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,358
2,204
423
Дома пред Пц
јас носам 44 :)
од патики до штикли се што спаѓа во обувки по порачка од швајцарија и австралија :)

а иначе у македонијава...за патики конкретно...јас кога тренирав ракомет купував од овие продавнициве кај шо се продава оргинал опрема...најчесто асикс...незнам дали уште постојат...ама тие имаа големи броеви
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Инспирирана од темата за мал број на чевли а и од моменталната ситуација дома, не можеме во Македонија на брат ми да му најдеме патики поголеми од 46 за ракомет, решив да ја отворам темава.
Тие што имате големо стапало како се снаоѓате???
Во Штип во еден дуќан кај зградата на Телекабел има едни огромни патики.. Ако си од Штип или во близината на Штип можеш да провериш..
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Овде освен што нема броеви нема ни квалитет, порачајте од интернет од официјалните сајтови на брендовите :)
 

drugarki

Нов член
20 јуни 2012
4
0
1
25
Мајка ми носи голем број,41 и неможе да си најде од тука обувки.
И ги праќаат од Швајцарија, или си порачува преку некои оналјн продавници низ светот :)
Многу е тешко така..
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Мајка ми носи голем број,41 и неможе да си најде од тука обувки.
И ги праќаат од Швајцарија, или си порачува преку некои оналјн продавници низ светот :)
Многу е тешко така..
41 има во секоја продавница (facepalm)
Јас носам 41-42.. Нема продавница во која нема..
(facepalm)
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
јас носам 44 :)
од патики до штикли се што спаѓа во обувки по порачка од швајцарија и австралија :)

а иначе у македонијава...за патики конкретно...јас кога тренирав ракомет купував од овие продавнициве кај шо се продава оргинал опрема...најчесто асикс...незнам дали уште постојат...ама тие имаа големи броеви
Во Македонија асикс???

Јас не знам што им се чини на луѓево, почнаа нозете да растат, луѓето да се должат, ево во Србија имало до 52 а овде до 46, зборувам за ракомет. Само за кошарка има до 50.

Јас не дека имам некој голем проблем само за матура стварно се намачив да најдам штикли, се` што пробав до пола ми ја береше ногата. И уште една случка кога купував патики и ај сега во Орка ќе одам и гледам 42 имаат па реков ај да пробам пошо прошлиот пат кога пробував 41 мали ми беа, и ги пробувам овие што 42 мали...(worried) ама според мене калапот им е помал јас не носам 42 туку 41 а можит и понекогаш и во 40 да ја соберам ногавата.:D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Носам 40 и ретко кога не сум нашла. Т.е. ако не најдам, значи се продал бројот, а не дека немало.
Една ситуација која ме изреволтира пред некое време: видов едни сандали на висока штикла, од Аванти. Барам број да пробам, нема. Прашувам дали се продале (за да ги најдам низ другиве градови) ми вика воопшто не дошле. И за други модели од аванти ми се случувало да нема број 40, додека пак има 35/6. Па, Господе, произведуваат детски броеви (условно речено) а моделите на штикла, а не произведуваат голем број ко за голем човек. Не викам дека нема девојки со мала нога, ама кога правиш 35ка, направи и 40ка барем.
Мајка ми носи 41, таа пак ептен ретко наоѓа чевли.
Тоа за низ нашиве продавници, додека по интернет странициве има и поголеми броеви од 40/1, така што можеш да се снајдеш.
А инаку, Ана-Каренина, братучед ми носи 48. Кога тренираше ракомет патиките му ги правеа по нарачка. Ги нарачуваше во спортскиве продавници, како Најк, Орка и сл. и тука му стигнуваа. Ова ти кажувам за пред некоја година, сега веќе не тренира.