Дали,кога више си нашла работа,најде и стан тамо?И дали одовде одиш со уште една другарка/роднина?
Прочитав дека неколку лета по ред одиш,каква работа работиш и колкава плата земаш?Дали се премногу строги на работа?
Вака, работата ми ја најдува агенцијата. Верувам дека си запозната со Work&Travel програмите што се преку лето.
Секоја година одам на истото место каде што бев првиот пат, затоа што сум презадоволна и од шефовите и од вработените. Работам во ресторан за брза храна, поточно Бургер Кинг. Германецот си бара работа, нема врска што шефот приватно со нас има татковски однос, на работа си е шеф, а ти си работник. Се работи по 8 часа дневно, некогаш се случува да останеме повеќе, но секако претходно те прашуваат дали сакаш и можеш да останеш, доколку немаш желба не те присилуваат. Имаш ротациски систем на работа, значи работиш се што е потребно во моментот. Од правење сендвичи, бришење маси, пржење компири до каса и лоби. Се разбира, доколку не стоиш добро со Германски нема одма да те остават на каса сама. Најпрво те обучваат за било што да работиш.
Сместувањето си е посебна приказна. Агенцијата не е должна да ти го обезбеди (барем агенцијата која мене ми посредува), но сепак се обидуваат да им помогнат на студентите што е можно повеќе. Првата година се сеќавам дека живеевме во место оддалечено 10тина километри од местото на работа, па си купивме точаци и со нив си одевме на работа. Имаш посебна патека за пешаци и точаци која е одделена од автопатот и искрено јас уживав одејќи на работа. Негативна страна е што треба да станеш малце порано за да имаш време да стигнеш на работа, но мене тоа не ми претставуваше проблем искрено. Тоа и не е толку страшно, кога ќе отидеш таму можеш да си бараш друго сместување. Таму имавме маркети, ресторани, пекари и слични места во близина, буквално на 2 минути од сместувањето. Исто така, имаше и автобуски превоз, па кога врнеше си се возевме со него или некогаш кога едноставно не мрзеше да возиме. Некогаш и шефовите ни излегуваа во пресрет, па тие не земаа и не враќаа доколку бевме иста смена.
Наредните години си наоѓаме сместување сами, блиску до работа, се стигнува за 10тина минути одење пешки. И секоја година газдарицата ни ги чува собите, ја известуваме порано дека пристигнуваме во Јуни и се е средено. Многу е полесно кога веќе еднаш отидеш. Негативната страна тука е тоа што местото е премногу мало, нема маркети и не можеш да си купиш сладолед во секој момент кога ќе посакаш
, имаше една пекара која работеше до пладне, па од таму си купувавме нешто за јадење наутро. За други работи одевме еднаш во неделата во градот, пазаревме се што ни треба и се снабдувавме со намирници за цела недела, некогаш и повеќе.
Се на се, вреди да пробаш. Немој да одиш со чекувања дека таму ружи ќе ти цветаат и се ке биде совршено со првото стапнување. Имаше денови кога со плачење си доаѓав од работа, но со текот на времето се учиш како треба.
Ако нешто испуштив да ти кажам слободно прашај си пак, знам како ми беше мене првпат кога одев.