karen
Не дека не се согласувам со работите што ги напиша но ете јас ке ги напишам од мој аспект.
Споредбата со Лас Вегас не е во смисла дека се исти,едноставно само колку да се има полесна асоцијација за каков град се работи.
Дека до пред 4-5 години беше медот во казината тоа е така.Сега се драстично намалени платите,но за разлика од тогаш сега поголем дел на луге се вработени.
Дека немаат удел казината за напредокот на градот во инфра структурата и било кое поле не се согласувам.Има доста донации од страна на казината а и со самото тоа што на местата каде што се изградиа казината наместо трње и плетови има објекти од кои може да ти застане здивот е доволно за да кажеме дека имаат удел.А има и доста други работи што можам да ги набројам.
Околу разводите,донекаде држи можеби место тоа дека казината имаат удел во тоа но само од аспект што овде е полесно за жена да најде работа од било каде во државата.Ако една жена може сама да се издржува а со тоа е донекаде независна од мажот и може да си дозволи да спречи да биде физички и психички омаловажена и малтретирана,јас во тој случај ја поздравувам смелоста за развод.Но исто ке спомнам и дека има доста разводи од узурлук,што би кажале овде.
За психичкиот стрес и се согласувам но и не.Секоја работа си има своја тежина,а секоја тежина не исто ја поднесува секоја личност.
Јас како казински работник со десетгодишен а може и повеке,стаж,можам да кажам дека додека работев во Скопје имав доста поголеми стресови од овде.
Во секој град има посебна психологија за она како се гледа спрема еден казински работник,поготово кога е жена во прашање.
Ете ке го земам Струмица за пример.Во Струмица девојчиња попрво од дома ке им дозволат да работат за 8000 денари плата по колонијали и бутици отколку да и дозволат да работи во казино за 14 000 и плус бакшиш кои дури некогаш стигнуваат и до 30 000 месечни примања.
Дали со тоа што работи во казино ја прави да биде нечесна?
Јес да е изложена на поинакви предизвици но немора да значи дека некој ке ја натера да биде она што не сака.Значи не зборувам за девојчиња кои тек наполниле 18 години,и се недоволно зрели и цврсти,да не речам дека се недоволно искусни за да знаат кон што треба да го свртат својот животен пат а кон што не треба.
Во Гевгелија е сосема поинаку.
Јас живеам во Гевгелија но не ја обожавам,но дека нуди подобар просперитет за младите луге тоа е факт.
Јас само би додала уште една работа како негативна која произлегува од казината.
Не постои казински работник кој барем еднаш не пробал од хазардниве игри.Плус на казинските работници им е забрането да играат,но тоа не е решение туку со самата помисла на забрането тие уште толку повеке посегнуваат по тоа.
Можам слободно да си земам за право да кажам дека 70 посто од лугето што работат во казино кога тогаш стануваат коцкари.
Кога јас со толкаво работно искуство,цели 9 години не посегнав ниту еднаш да потрошам 50 денари за таква работа,сега сама се декларирам како коцкар,не дека којзнае колку трошам или играм но неможам да го игнорирам фактот дека осекам потреба да го правам тоа.
Според мене тоа е најголемата негативност од казината.