Гевгелија - Македонскиот Лас Вегас

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Еве Линк Многу е убаво направено, само неможам да најдам слики, ама ќе има во скоро време ќе објавиме, ако не ќе направиме :D
 

karen

Нов член
17 јуни 2012
24
14
3
cloud number 9
треба малку да намалите со споредбите со Лас Вегас, таму одат да се коцкаат луѓе од цел свет а во гвгелиските казина само грците од пограничниот регион. дури и побогатите грци не идат во гвг туку си одат во солун.
е сеа не може да се спори дека казината придонесоа за развојот (само од комуналии за изградба се финансираат реконструкции на улици, плоштади и сл, се вработија поголем број луѓе) но се си има и негативен ефект. зошто никој не спомнува колку работењето по тие казина влијае на психата на луѓето? голем број од нив се под постојан стрес на тоа работно место, а да не зборам дека константно се зголемува бројот на разводи.
гевгелија од секогаш си бил развиен град (дури и во бивша југославија). вработените што пред 10-15 години работеа во казиното во аполониа земаа трипати поголеми плати од овие сега што зимаат.
нејќам никој да ме сфати погрешно, ја обожавам гевгелија и се надевам ќе продолжи со развојот, посебно заради луѓето што живеат таму само не треба да им удри сето тоа во глава на некои
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
karen
Не дека не се согласувам со работите што ги напиша но ете јас ке ги напишам од мој аспект.
Споредбата со Лас Вегас не е во смисла дека се исти,едноставно само колку да се има полесна асоцијација за каков град се работи.
Дека до пред 4-5 години беше медот во казината тоа е така.Сега се драстично намалени платите,но за разлика од тогаш сега поголем дел на луге се вработени.
Дека немаат удел казината за напредокот на градот во инфра структурата и било кое поле не се согласувам.Има доста донации од страна на казината а и со самото тоа што на местата каде што се изградиа казината наместо трње и плетови има објекти од кои може да ти застане здивот е доволно за да кажеме дека имаат удел.А има и доста други работи што можам да ги набројам.
Околу разводите,донекаде држи можеби место тоа дека казината имаат удел во тоа но само од аспект што овде е полесно за жена да најде работа од било каде во државата.Ако една жена може сама да се издржува а со тоа е донекаде независна од мажот и може да си дозволи да спречи да биде физички и психички омаловажена и малтретирана,јас во тој случај ја поздравувам смелоста за развод.Но исто ке спомнам и дека има доста разводи од узурлук,што би кажале овде.
За психичкиот стрес и се согласувам но и не.Секоја работа си има своја тежина,а секоја тежина не исто ја поднесува секоја личност.
Јас како казински работник со десетгодишен а може и повеке,стаж,можам да кажам дека додека работев во Скопје имав доста поголеми стресови од овде.
Во секој град има посебна психологија за она како се гледа спрема еден казински работник,поготово кога е жена во прашање.
Ете ке го земам Струмица за пример.Во Струмица девојчиња попрво од дома ке им дозволат да работат за 8000 денари плата по колонијали и бутици отколку да и дозволат да работи во казино за 14 000 и плус бакшиш кои дури некогаш стигнуваат и до 30 000 месечни примања.
Дали со тоа што работи во казино ја прави да биде нечесна?
Јес да е изложена на поинакви предизвици но немора да значи дека некој ке ја натера да биде она што не сака.Значи не зборувам за девојчиња кои тек наполниле 18 години,и се недоволно зрели и цврсти,да не речам дека се недоволно искусни за да знаат кон што треба да го свртат својот животен пат а кон што не треба.
Во Гевгелија е сосема поинаку.
Јас живеам во Гевгелија но не ја обожавам,но дека нуди подобар просперитет за младите луге тоа е факт.
Јас само би додала уште една работа како негативна која произлегува од казината.
Не постои казински работник кој барем еднаш не пробал од хазардниве игри.Плус на казинските работници им е забрането да играат,но тоа не е решение туку со самата помисла на забрането тие уште толку повеке посегнуваат по тоа.
Можам слободно да си земам за право да кажам дека 70 посто од лугето што работат во казино кога тогаш стануваат коцкари.
Кога јас со толкаво работно искуство,цели 9 години не посегнав ниту еднаш да потрошам 50 денари за таква работа,сега сама се декларирам како коцкар,не дека којзнае колку трошам или играм но неможам да го игнорирам фактот дека осекам потреба да го правам тоа.
Според мене тоа е најголемата негативност од казината.
 

karen

Нов член
17 јуни 2012
24
14
3
cloud number 9
melpomena

погрешно си ме разбрала. не кажав дека казината немаат удел во развојот - НАПРОТИВ. комуналиите што ги плаќаат за изградба на тие објекти влегуваат во општинската каса и со тоа се финансира изградба и уредување.
но секој медал има две лица. со сигурност знам дека луѓе што работат во казината (секако не сите) имаа невидени стресови од аспект на трпење на испадите на луѓето кои се коцкаат, бидејќи таму се губат ненормални суми.
секако дека платите се задоволителни посебно за мал град како гевгелија. но мислам дека и тој ефект веќе исчезнува. аполониа три пати ги намалија платите и бројот на вработените, принцесс отпушта луѓе константно, единствено што се држи малку подобро е фламинго. можеби е сето тоа ефект на кризата и ќе помине, но во секој случај треба да се има во во предвид. не е се така розово.
се согласувам со тебе во многу аспекти, но како што и сама рече само искусни и зрели луѓе можат да го поднесат товарот и притисокот на таа работа, а знаеме дека од тие што работат моментално таму, многу малку го задоволуваат тој критериути.
ти честитам ако си една од нив (hug)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
melpomena

погрешно си ме разбрала. не кажав дека казината немаат удел во развојот - НАПРОТИВ. комуналиите што ги плаќаат за изградба на тие објекти влегуваат во општинската каса и со тоа се финансира изградба и уредување.
но секој медал има две лица. со сигурност знам дека луѓе што работат во казината (секако не сите) имаа невидени стресови од аспект на трпење на испадите на луѓето кои се коцкаат, бидејќи таму се губат ненормални суми.
секако дека платите се задоволителни посебно за мал град како гевгелија. но мислам дека и тој ефект веќе исчезнува. аполониа три пати ги намалија платите и бројот на вработените, принцесс отпушта луѓе константно, единствено што се држи малку подобро е фламинго. можеби е сето тоа ефект на кризата и ќе помине, но во секој случај треба да се има во во предвид. не е се така розово.
се согласувам со тебе во многу аспекти, но како што и сама рече само искусни и зрели луѓе можат да го поднесат товарот и притисокот на таа работа, а знаеме дека од тие што работат моментално таму, многу малку го задоволуваат тој критериути.
ти честитам ако си една од нив (hug)
Ти благодарам :* ...не за друго,туку сметам дека веке не го осекам тој притисок,можеби отрпнав :D
А не те разбрав погешно,затоа и напомнав дека со тоа што ке напишам свое гледиште,не значи дека не се согласувам со тебе.