Врска со другар(ка) на бившите?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
дефинитивно не е холивудски филм, ама не е ни сапуница ;)

Вероватно под сапуница сакаш да кажеш, постојат двајца Есмералда и Родриго :p Кои под никој случај не прават ништо лошо туку цело време пробуваат да не повредат никого , па и ако тоа подразбира повредување на самите себе.

Сигурно сум повредила некого , ненамерно и непланирано, исто и сум била повредена намерно или ненамерно.
Ама свесно во тие води не се гурам, едноставно не е мој стил.(зборувам за оваа ситуација за која е отворена темава)
А од Есмералда верувај сум светлосни години подалеку.
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
1. „Ако ти била другарка воопшто нема да се спретка со дечко ти" (n) во главно (*секако ги има колку што ги има и случаеви) може да се сведе на неколку опции:
-ако се многу добри другарки многу добро да знае каков кретен си и да не се сплетка со тебе.
-ако се многу добри другарки да знае многу работи за тебе и без разлика дали бившата има лош или добар коментар таа да си прави сопствена проценка и да се заљуби во тебе, да разговараат и да заклучат дека тоа не е ненормална работа.
-да не е многу добри другарки.
.....
2. „Што ќе речат другите/бившиот“ (на инает, не можел со едната па ај со другарка и и сл..) (n) ако се заљубуваш поради другите и ако си во врска поради другите тогаш (puke), секогаш можеш да разговараш со бившиот/бившата и да објасниш каква е работата и дека светот не се врти околу него/неа, или кога веќе ти е бивш/а нема зашто да се секираш што ќе мисли и да и се објаснуваш.
3. „Ниско е“ СЕРИОЗНО??? А што е високо??? Ниско е да се заљубиш? Ниско е да сакаш?? Ниско е да уживаш во задоволставата што ти ги пружа животот?

Вероватно под сапуница сакаш да кажеш, постојат двајца Есмералда и Родриго :p Кои под никој случај не прават ништо лошо туку цело време пробуваат да не повредат никого , па и ако тоа подразбира повредување на самите себе.

Сигурно сум повредила некого , ненамерно и непланирано, исто и сум била повредена намерно или ненамерно.
Ама свесно во тие води не се гурам, едноставно не е мој стил.(зборувам за оваа ситуација за која е отворена темава)
А од Есмералда верувај сум светлосни години подалеку.

Ти од Есмералда си секако светлосни години подалеку (никој не може да биде таков зашто ликовите во сапуниците се типизирани а типизирани луѓе во реалниот живот не постојат) ама сакаш ние за тебе да мислиме дека си Есмералда но дека не си свесна за тоа.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А ваква ситуација?

Иде типка со тип, раскинуваат.

По одредено време типката се запознава со некоја друга типка и муабетот им трга, се зближуваат.

По одредено време како и судбината и` налага на другава типка, се упознава со бившиот на претходнава. Знае дека е некој нејзин бивши. Што понатака?
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Ти од Есмералда си секако светлосни години подалеку (никој не може да биде таков зашто ликовите во сапуниците се типизирани а типизирани луѓе во реалниот живот не постојат) ама сакаш ние за тебе да мислиме дека си Есмералда но дека не си свесна за тоа.

Да? Фала што ме просветли со оваја констатација. Што и да кажем за да дополним би било сувишно.
Ама затоа ти си реалиста за разлика од мене (бледа копија на есмералда) , твоето кажано е точно, и само твоето и никое друго освен твоето.

Одговорив на темава , си кажав свое мислење и како ми е до сега у животов и благодарам на разбирање.
А тој што мисли дека глумим лудило слободно нека ме прескокне при читање.. No hard feeling.
 
Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
Да? Фала што ме просветли со оваја констатација. Што и да кажем за да дополним би било сувишно.
Ама затоа ти си реалиста за разлика од мене (бледа копија на есмералда) , твоето кажано е точно, и само твоето и никое друго освен твоето.

Одговорив на темава , си кажав свое мислење и како ми е до сега у животов и благодарам на разбирање.
А тој што мисли дека глумим лудило слободно нека ме прескокне при читање.. No hard feeling.

Повели и друг пат ;)
Девојко не се возбудувај, ниту реков дека сум сосема во право (туку дека колку што има случаеви има и вистини), ниту пак сакав да оставам некаков впечаток на бледа копија на емералда.. Јавно се извинувам што како член на форумот како тебе и јас си оставив мислење.. Не знаев дека тоа била единствената намена на форумите: да си кажеш колку си супер и да составиш мислење (со веќе толку препишувани реченици,) за да оставиш впечаток дека си нешто многу паметен и совршен и колку твојот речник е побогат за 2-3 поима.. Таквите како тебе треба да се прескокнуваат во животот не само на форум. (flower)
 
Не знам кој е возбуден искрено.... дефинитивно ти не си воопшто....
Ме знаеш од еден пост и заклучуваш дека треба таквите како мене да не прескокнеш во животот? Од 18 јуни како што сум зачленета , во ваква дискусија а и на ваков брзоплет заклучок за некого за кого верувај не знаеш ама баш ништо, не можем ни да ти опишем колку е големо тоа ништо, немам наидено. Но тоа веројатно кажува повеќе за тебе.
Пак читам и не ми се верува ...Таквите како мене? Кое мене? Прво треба да ме знаеш мене, па да ме ставаш во вакви реченици.

Он топик. Ми текна на една моја познаничка. Си беа друштво, околу 5 девојчиња и си имаа навика да си менуваат периодично по еден дечко сите. Ова беше некој си обратен случај, каде тие самите си се договараја меѓу себе кој да биде дечкото и по кој редослед да го поминат.Како му било нему, е тоа не знам. Вероватно топење:) До ден денес се другарки и тие денови се позади нив. Сега си имаат врски и добри си се. Ама градов не заборава што било...
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
2. „Што ќе речат другите/бившиот“ (на инает, не можел со едната па ај со другарка и и сл..) (n) ако се заљубуваш поради другите и ако си во врска поради другите тогаш (puke), секогаш можеш да разговараш со бившиот/бившата и да објасниш каква е работата и дека светот не се врти околу него/неа, или кога веќе ти е бивш/а нема зашто да се секираш што ќе мисли и да и се објаснуваш.

Срцето не бира пат, тоа е вистина ама која љубов ако со некого уште немаш ништо? Платонска? Таа НЕ постои. Во некој може да си само затрескан. Човек го засакуваш откако ќе поминеш многу работи со него, после бакнежи, секс, милион тешки моменти поминати со него/неа. Со човек со кој си немал ништо, а само ти е убав, или му/и го сакаш карактерот може само да ти е филм како би ти било со него/неа.

3. „Ниско е“ СЕРИОЗНО??? А што е високо??? Ниско е да се заљубиш? Ниско е да сакаш?? Ниско е да уживаш во задоволставата што ти ги пружа животот?

Ниско е да удриш нож во грб некому. Од другарка/другар девојка/дечко е забранета територија. Човек треба да се заљуби и да сака, ама треба да внимава малку. Не мешајте аздис со љубов.

А ваква ситуација?

Иде типка со тип, раскинуваат.

По одредено време типката се запознава со некоја друга типка и муабетот им трга, се зближуваат.

По одредено време како и судбината и` налага на другава типка, се упознава со бившиот на претходнава. Знае дека е некој нејзин бивши. Што понатака?
Зависи колку време има поминато.
Ако другарката го преболела и продолжила со животот, со мирен разговор, со искрено признавање и не глумење лудило, може.

Ако уште пати по него, и ако уште и значи... I don't think so...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Според мене тоа е глупаво и никогаш не сум се нашла во ваква ситуација ама знам дека мое друштво 4-5 другарки си го делеа дечкото,со една раскине со другата тргне...Машка ор****ја го викаа :DИ од страна гледано многу глупаво изгледа али како и да е,биди претпазлив да не си акаш глава од зид зошто н а крај може да се случи и без другар/ка да се остане :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Largo

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
275
663
Wherever you want me to be
Јас ова никогаш не би го направил, бидејќи на своја кожа сум осетил како е. Не е добро чуството и не го посакувам на никого. Тоа што вие викате дека ако има искра или ако има чувства не е важно дали ти е другар или не, сте многу грешка. Постои нешто што ние луѓето го поседуваме што се нарекува морал и етички норми. Aко на вас ви е важно да вие се чувствувате добро и сакано така што би го занемариле фактот дека повредувате другар кој исто така ја негува врската на другар со вас и мисли дека сте му најдобар другар од таа причина што верува во вас и дека многу лични работи вреди да си ги довери за вие тоа да го изневерите? Тогаш занемарете го вашиот другар и запамтете дека некој ви верувал и ви се доверил со душа и срце верувајки во вас дека некој ден нема така да го изневерите како другар, но ке изгубите нешто многу повредно одколку што мислите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri